verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Енергетските пијалаци не даваат „крилја“ во новинарството

on 24 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 281 - (VIDEO) NATA E GJATË NË LSDM, KRYETARI ZORAN ZAEV MBAN_ - http___tv21.tv_web_

 

Напис: (ВИДЕО) ДОЛГА НОЌ ВО СДСМ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЗОРАН ЗАЕВ ДРЖИ КОНДИЦИЈА СО „РЕД БУЛ“ И СО КАФЕ

Долгите преговори за формирање на владата изгледа го исцрпуваат претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Во неговиот службен автомобил доминираат енергични пијалаци и кафе.

Од вчерашниот ден, средбите во партијата се интензивирале, по првата формална средба меѓу ДУИ и СДСМ.

Во наредните денови, се очекува конечно да добиеме одговор дали СДСМ ќе формира влада или не.

 

[Рецензија: „(ВИДЕО) ДОЛГА НОЌ ВО СДСМ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЗОРАН ЗАЕВ ДРЖИ КОНДИЦИЈА СО „РЕД БУЛ“ И СО КАФЕ“]

Јавниот интерес нема врска со начинот на исхрана на функционерите. Резултатите од нивната работа и делата во рамките на нивната функција се нештата што ја интересираат јавноста, а не храната и пијалаците што тие ги консумираат за да „бидат во форма“. Ова не се факти што нè водат до некој важен заклучок, барем не во конкретниот случај. И новинарството има граници, во чија внатрешност сè се образложува, а надвор од нив – се казнува.

Tv 21 - Nata e gjate ne LSDM 1Линк до оригиналниот напис: „(ВИДЕО) ДОЛГА НОЌ ВО СДСМ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЗОРАН ЗАЕВ ДРЖИ КОНДИЦИЈА СО „РЕД БУЛ“ И СО КАФЕ

Датум и време на објавување: 07.02.2017, 02:40

Датум на рецензирање: 17.02.2017

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Насловот „Долга ноќ во СДСМ, претседателот Зоран Заев држи кондиција со „ред бул“ и со кафе“ може да изгледа привлечен за читателите за да видат како новинарот го третирал ова, како го открил, како се претставува Заев како обичен човек, итн.

Ова е популистички и лесно разбирлив јазик. Меѓутоа, од аспект на јавниот интерес, ова, всушност, не е воопшто важно, бидејќи не е реален показател (како што е претставено) за долгата работна ноќ на Заев и за субјектот што тој го води, не е показател дека енергетските пијалаци (во текстот погрешно е напишано „енергични“) и кафето се синоним за некоја неуморна работа во служба на државата. Во новинарството, „ред бул“ не покажува сила и не дава крилја.

„Долгите преговори за формирање на владата изгледа го исцрпуваат претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Во неговиот службен автомобил доминираат енергични пијалоци и кафе.“

Прирачник за етика во новинарството:

Информации за приватниот живот на некоја личност може да се објавуваат само доколку однесување во приватниот живот на таа личност има влијание врз јавниот интерес. Во овие случаи треба да се провери дали објавувањето на информацијата би можело да претставува ризик за некое трето лице.

Написот е придружуван со видеозапис, кој покажува снимки од внатрешноста на автомобилот на претседателот на СДСМ. Иако зборува за една долга ноќ, од записот се гледа дека снимките се направени преку ден. Снимениот автомобил е приватен, не е службен. Приватноста, колку што е важна за обичните луѓе, толку е и за функционерите.

И повторно од Прирачникот за етика во новинарството:

Јавноста има право да знае за работата на институциите и на луѓето кои се избрани за да му служат на јавниот интерес, но исто така, луѓето имаат право на приватност…

Можеби во овој текст биле објавени овие податоци во неможност да се обезбеди некоја поважна информација за формирање на владата на земјава. Меѓутоа, и во такви случаи, професионалните начела на новинарството важат и треба да се почитуваат.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

релевантни

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

Видео

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести