verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

За полициски акции не се известува со сензационализам

on 20 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

kurir

[Рецензија: Полицијата пронашла дрога и оружје во домот на братот на функционер на СДСМ]

 

 

За криминалот треба да се известува, тоа не е спорно. Пред правдата сите се еднакви. Тоа го знаат и новинарите. Дури, има и посебни правила кога се известува за криминал, за работата на полицијата.

Еден посебен дел од известувањето за полициските акции, за работата на судовите е дури и нагласено регулиран  во Кодексот на новинарите:

Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми.

Во судските постапки треба да се почитува принципот на презумција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда. (член 8)

Во случајот на текстот што го рецензираме, наспроти препораките од овој член, преовладува сензационализмот, а во еден момент, во втората половина на текстот, е прекршен и условот презумција на невиност, кој треба да гарантира дека секој е невин сè додека не се докаже спротивното низ стандардна судска постапка. Дури тогаш претпоставките, стануваат факти.

Значи, не е полицијата таа која сомничи, суди и пресудува. Ниту, пак, новинарите треба да ја прифатат таа улога, доколку полицијата си ја презела надвор од своите ингеренции.

02202017-Kurir-PresumpcijaЛинк до оригиналниот напис: Полицијата пронашла дрога и оружје во домот на братот на функционер на СДСМ

Датум и време на објавување: 18.02.2017, 14:38

Датум на рецензирање: 20.02.2017

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

 

НЕЕТИЧКО ИНФОРМИРАЊЕ

На членот 8 од Кодексот на новинарите му претходи член кој вели:

Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес.

Новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост. (член 7)

Ги поврзуваме овие два члена бидејки тоа што доминира како информација во овој текст нема врска ниту, пак, произлегува од правилата за професионално и етичко информирање.

Оддалеку се гледа дека во текстот доминира поентата дека приведениот е брат на висок функционер во најголемата  опозициска партија. Тоа, превенствено било важно за авторите на оваа медиумска содржина.

Простете, но тоа не е работа на едно зрело, одговорно новинарство, кое ги почитува стандардите на непристрасност. И за тоа има во посебна одредба во новинарскиот Кодекс (член 14):

Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано.

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Но, за овој напис и тоа не е доволно. За да ја засили хајката, бидејќи оваа медиумска содржина со сите индикации што ги наведовме, личи на хајка, пронајдена е и фотографија на интернет која нема врска со настанот. Фотографијата, собрана од оваа адреса, треба да го засили ефектот што треба да предизвика револт кај публиката.

Таа постапка во комукициската теорија се нарекува – манипулација. Следствено, објавите што практикуваат вакви постапки се – манипулативни.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести