verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Без докази искажани тешки обвинувања

on 20 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

zurnal

[Рецензија: ЗАЕВ ЈА ПРОДАДЕ МАКЕДОНИЈА: Ова го прифати СДСМ за да дојде до власт!]

 

 

Текст без каква било аргументација, напис без информативна тежина, материјал на кој му недостигаат безмалку сите елементи на еден веродостоен медиумски производ, почнувајќи од факти, па до извори…

 1111Линк до оригиналниот напис: ЗАЕВ ЈА ПРОДАДЕ МАКЕДОНИЈА: Ова го прифати СДСМ за да дојде до власт!

 Датум и време на објавување: 15.02.2017   09:30

 Датум на рецензирање: 18.02.2017

 Рецензент: Владимир Мирчески

  

 

А КАДЕ СЕ ФАКТИТЕ?!

Објавата што е предмет на оваа рецензија нема некоја допирна точка со професионалното новинарство. Таа повеќе наликува на содржина креирана во одреден политичко-партиски центар. Во прилог на ваквата констатација има повеќе елементи. Така, на пример, формулацијата дека СДСМ ја прифатил т.н. платформа на албанските партии е сериозно тврдење кое мора да биде одлично аргументирано. Но, такво нешто во написот едноставно нема. Просто кажано, има обвинувања, ама нема какви било докази. Само е кажано дека сè што албанскиот блок побарал, Заев прифатил. Друго ништо! Нема некои факти, нема извори на информации, нема соговорници, нема баш ништо.

Не е испочитувано ниту основното новинарско правило за дополнителна проверка на информациите ниту, пак, за барање мислење од втората страна. Барем еден телефонски број да се свртело и да се прашало: „СДСМ, што сте прифатиле, а што не од наведените барања“.

Оттука, јасно е како бел ден дека написот е шпекулација.

Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можночлен 1 од Кодексот на новинари.

А насловната конструкција: „ЗАЕВ ЈА ПРОДАДЕ МАКЕДОНИЈА: Ова го прифати СДСМ за да дојде до власт!“ е приказна за себе. Има сè што не треба: тенденциозност, спин, ја наведува јавноста на погрешно толкување…

Ова е опасна манипулација која во комбинација со фотографија надвор од контекст, е рецепт за опасно сценарио кое може да  се создаде кај публиката на која ѝ се обраќа написот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести