verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Тенденциозни и непоткрепени тврдења

on 3 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

puls 24

[Рецензија: Сорос контролира 65% од шведските евро-парламентарци]

Премногу непоткрепени тврдења има во оваа медиумска содржина. Затоа не можеме да ги наречеме ниту информации, бидејќи, на крајот излегува дека не се тоа.

Да одиме по ред за да бидеме систематични во нашата оценка:

Текстот почнува со заклучок, изведен од некое истражување, дека „шведските евро-парламентарци се најлојални соработници на мултимилијардерот Џорџ Сорос“. Ајде што самиот текст вели  дека овие информации се стари неколку месеци, без да  наведе колку точно, туку и ги опишува како – „интригантни.“

Значи, првиот сомнеж во врска со оваа содржина се јавува кога ќе се соочите со фактот дека за овие тврдења нема извор. Нема ниту линк до друг медиум кој може да го потврди тоа.

Не веруваме дека едно такво истражување било тајно и нема никаква основа да прифатиме дека е тајна името на компанијата што го направила тоа истражување, бидејки нема зошто да биде тајна.

02042017-Puls24-SorosЛинк до оригиналниот напис: Сорос контролира 65% од шведските евро-парламентарци

Датум и време на објавување: 01.02.2016, 16:24

Датум на рецензирање: 03.02.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

 

ОБВИНУВАЧКИ ТОН

Е, сега, ајде да видиме зошто резултатите од истражувањето се – „интригантни“. Првиот аргумент што се нуди за да ја потврди „интригантноста“ е дека 13 од 20 шведски европратеници ги поддржувале вредностите на отвореното општество за кое се залага Сорос.

И што, ве молам, е тука интригантно? И зошто би било интригантно? Вредностите на отвореното општество не се некој заговор, не се некоја тајна политичка агенда. Не се ниту декларативна обврска што произлегува од која било политичка партија во Шведска и која на кој било начин се идентификува со Сорос. Впрочем, и фактот што го регистрира самиот медиум дека тие вредности ги споделуваат и десните и левите партии, говори дека станува збор за вредности, а не за политички програми.

Оваа медиумска содржина не го разјаснува тоа. Во неа не е побарано ниту мислење од експерти за граѓанско општество. Наместо тоа, во заклучокот на овој материјал се разоткрива целата намера. Завршницата на текстот ја констатира врската на шведските политичари со лидерот на СДСМ, за кој се тврди дека ги дели истите вредности на отвореното општество.

Во целиот текст преовладува обвинувачки тон и коментари како оној во заклучокот дека тие што споделуваат вредности на отвореното општество се корумпирани! Туку така, без никаков аргумент.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести