verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

По секоја цена да се стави партиски знак на СЈО

on 3 - 02 - 2017       

kurir

[Рецензија: Заев на гости дома кај Ленче од СЈО да ѝ дава инструкции (ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО)]

 

Текстот што го рецензираме не нуди никакви докази за тврдењето дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, бил кај обвинителката Ленче Ристоска од 22 часот до 1 часот по полноќ. Напишаното без аргументи наликува на измислена приказна, во која  лидерот на СДСМ се претставува  близок со Специјалното јавно обвинителство, со што истовремено се дискредитира и работата на СЈО. Наводната средба во доцните часови ја демантираа и обвинителката Ристоска  и Заев.

zaev, lenceЛинк до оригиналниот напис: Заев на гости дома кај Ленче од СЈО да ѝ дава инструкции (ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО)

Датум и време на објавување: 02.02.2017

Датум на рецензирање: 03.02.2017

Рецензент: Силвана Жежова

 

 

ИЗМИСЛЕНИ НАСТАНИ

Написот почнува со тврдење дека „аудито А8“ со кое се вози Заев, иако не постојат докази дека тој се вози само со тој автомобил или, пак, дека тој автомобил може да го вози и некој друг, наводно било забележано пред зградата во која живее обвинителката Ристовска. Обвинителката Ристоска, во демантот до медиумите, пишува дека таа не е адресата на живеење и дека информациите за наводна средба со Заев се невистинити. И во демантот испратен од СДСМ се вели дека „измислица е дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев, бил наводно на гости кај обвинителката Ленче Ристовска“. Заев, исто така, бара повлекување на веста, бидејќи во спротивно ќе поднесе тужба за клевета.

„Струмичкото Ауди А8 со кое се вози претседателот на СДСМ Зоран Заев токму вечерва е забележано пред зградата во која живее специјалната обвинителка Ленче Рисотоска на улицата „Алберт Ајнштајн“ во Скопје. Заев беше кај обвинителката од 22 часот до 1 часот по полноќ, нашата камера пред само околу половина час го забележа Заев како влегува во својот автомобил“.

 

 

БЕЗ ДОКАЗИ

Понатаму во текстот се даваат претпоставки за целта на наводната средба помеѓу Заев и Ристоска, сè со цел да му се даде партиски предзнак на СЈО. Работата на Специјалното јавно обвинителство се дискредитира и со тоа што се тврди дека обвинителите, наводно, работат по нарачки за обвинителни процеси, за што повторно нема докази.

„Зоран Заев веројатно на Ристоска ѝ дава инструкции за нови наредни монтирани случаи кои треба СЈО да ги објави во јавноста, а во кои јасна мета ќе биде ВМРО-ДПМНЕ. Инаку, во јавноста е познато дека специјалната обвинителка Катица Јанева е со членска книшка од СДСМ, а ова говори дека Заев и преку Ленче Ристоска нарачува нови судски случаи“.

Во демантот од обвинителката се вели дека „објавената информација е невистинита„ и таа „бара јавно извинување со оглед на фактот дека со објавувањето се нанесува штета на нејзиниот углед“.

Во демантот од партијата, се вели:

„Претседателот на СДСМ, Заев, како и секој друг граѓанин на Македонија има право на движење, а целосна лага е дека бил на адреса или во населба каде живее обвинителката Ристовска, како што се тврди во лажната вест на Курир“.

Написот не нуди докази за она што се тврди, а потврда се демантите од засегнатите страни, од кои во текстот воопшто нема никаква изјава. Исто така, не е познато потеклото, односно изворот на видеозаписот и се поставува прашањето дали можеби лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е следен.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести