verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Xhenis Sulimani

Толкувањата на новинарот не се дел од професионализмот

на 30. 12. 2015 | | sq
[Рецензија: „Соработникот на Тачи се плаши од Мијалков”] Толкувањата не се дел од професионализмот во новинарството. Во моментот кога новинарот си дава право да протолкува една одредена изјава, тој излегува од рамките на навинарската професија. Линк до оригиналниот напис: „Соработникот на Тачи се плаши од Мијалков“ Датум на објавување: 04.12.2015 Датум на рецензија: 18.12.2015 Рецензент: Џенис Сулимани Рецензираниот текст содржи коментари и толкувања по желба на новинарот. Текстот има привлечен наслов, но е тенденциозен. Пред да извести за ставот на пратеникот на ДПА, Ернад Фејзулаху, искажан во Анкетната комисија за скандалот со прислушување, новинарот дава лично мислење за ставот на пратеникот. „Фејзулаху има страв во списокот на ДПА да бара отчет од Сашо Мијалков, Никола Груевски и Гордана Јанкуловска.“   Ваквиот

Вест без професионални бои

на 10. 12. 2015 | | sq
[Рецензија: „ТВ ШЕЊА доаѓа со боите на ТУРСКОТО знаме!“] Медиумот никогаш не треба да си даде за право да оцрнува некој приватен или јавен субјект или, пак, некое лице без основа и без факти. Таквиот потег го оттргнува медиумот од неговата мисија за правилно, точно и за објективно информирање. Линк до оригиналниот напис: „ТВ ШЕЊА доаѓа со боите на ТУРСКОТО знаме!„ Датум и време на објавување: 16.11.2015 Датум на рецензија: 04.11.2015 Рецензент: Џенис Сулимани Деградацијата што ја прави авторот на овој текст кон еден медиум, е недозволива од професионален аспект. Нарекувајќи ја телевизијата „Шења“ портпарол на движењето Беса, тој го намалува интегритетот на својата задача. „Новиот портпарол на политичкото Движење БЕСА, телевизијата Шења, се погрижила доследно да ја пренесе намерата

Како Адем Јашари стана министер во Македонија?!

на 2. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: Aдеми во ДУТ: Ќе изградиме модерен студентски дом во Тетово. Нов објект ќе има и Факултетот за Медицина]

  Пред неколку дена, едно соопштение за печат кое беше испратено до уредништвата на медиумите од Министерството за образование, беше извор за вест за многу медиуми, особено портали. Негативниот аспект кој неколкупати сме го обработувале како карактеристика на непрофесионалност, се повтори. Медиумите (порталите) го пренесоа целото соопштение во форма „копи-пејст“, со сите точки и запирки, како што беше испратено. Несакајќи, медиумите станаа „соучесници“ во грешката на ова соопштение, кое го пренесоа без да го разгледат. Причината: повеќето „новинари“ ниту ги читаат соопштенијата што им се испратени од разни институции, а де не зборуваме за нивнo обработување според новинарските норми за една

Само преводот не го оправдува објавувањето на веста

на 21. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Курир: Припадниците на полицијата револтирани од изборот на Спасовски за нивен прв човек]

  Со објавувањето на имињата на новите министри и заменици-министри, се појавија и многу пропаганди за нив, иако овој процес беше дел од Договорот од Пржино. Линк до оригиналниот напис: Курир: Припадниците на полицијата револтирани од изборот на Спасовски за нивен прв човек Датум и време на објавување: 06.11.2015 Датум на рецензија: 18.11.2015 Рецензент: Џенис Сулимани Написот што го рецензираме е типичен новинарски пропагандистички продукт. Тој е преведен од порталот „Курир“, кој се смета за провладин и кој е познат во јавноста по ставови што ја бранат власта. „Името на Оливер Спасовски, кој е предложен за нов министер за внатрешни работи, предизвика револт кај припадниците

Проверката е приоритет на новинарот

на 3. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Заедно со Муса Џафери, оставка ќе поднесе и Абдулаќим Адеми]

  Приоритет на новинарот е проверката на фактите. Пренесувањето непроверени вести се коси со новинарските стандарди и со етичкиот новинарски кодекс. Текстот што го рецензираме е шпекулативен, бидејќи во ниту еден момент не нуди факти за информацијата што ја пласира. Линк до оригиналниот наслов: Заедно со Муса Џафери, оставка ќе поднесе и Абдулаќим Адеми Датум и време на објавување: 20.10.2015 Датум на рецензија: 30.10.2015 Рецензент: Џенис Сулимани Се работи за една важна информација што известува за планирањето на оставките на две важни политички фигури на Демократската унија за интеграција од функциите што што актуелно ги имаат. „Заедно со заменик премиерот Муса Џафери, оставка ќе поднесе и министерот за

Содржината го демантира насловот

на 2. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Движењето Беса се подготвува да биде опозиција?!]

  Надвор од сите професионални норми е во еден новинарски продукт да не се потврди насловот на даден текст. Откако читателот ќе го види насловот, го чита текстот за да ги види аргументите на тоа што е најавено во насловната конструкција. Текстот што го рецензираме се обидува преку насловот да ја дефокусира јавноста. Линк до оригиналниот напис: Движењето Беса се подготвува да биде опозиција?! Датум и време на објавување: 13.10.2015 Датум на рецензија: 27.10.2015 Рецензент: Џенис Сулимани Tекстот се однесува на политичката дебата водена во емисијата „200“, но авторот не го навел тоа. Новинарскиот продукт почнува за насловот „Движењето Беса се подготвува да биде опозиција?!“ Од друга страна, во текстот,

Навредите не се аргументи

на 28. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Клеветите на еден псевдоновинар]

  Вистинското новинарство се заснова на факти и на добро аргументирани информации. Вклучувањето шпекулации и предрасуди во еден напис, кој претендира да биде информативен, е во спротивност со новинарските стандарди. Линк до оригиналниот напис: Клеветите на еден псевдоновинар Датум и време на објавување: 14.10.2015 Датум на рецензија: 21.10.2015 Рецензент: Џенис Сулимани Текстот што го рецензираме е целосно базиран на шпекулации и на предрасуди. Насловот не е информативен туку тенденциозен. „Еден псевдоновинар, кој што неговата новинарска кариера ја започна во македонски медиуми, нарекувајќи ја ОНА „терористичка“, вечерва на Фејсбук открил дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, отишол на гости во владата кај Никола Груевски.“ Авторот на овој текст не му става до знаење на читателот

Претпоставките не се „ексклузивни истраги“

на 16. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: ЕКСКЛУЗИВНА ИСТРАГА: Тајните македонски служби ја формираат новата партија „Унитети“?]

  Мисијата на новинарот за објавување целосни, балансирани и објективни информации не се почитува во моментот кога новинарот претпоставките што ги поставува, не ги потпира со факти и не му дава простор за изјаснување на лицето што го обвинува во текстот. Линк до оригиналниот наслов: “ЕКСКЛУЗИВНА ИСТРАГА: Тајните македонски служби ја формираат новата партија „Унитети“? Датум и време на објавување: 03.10.2015 Датум на рецензија: 13.10.2015 Рецензент: Џенис Сулимани Новинарскиот продукт што го рецензираме, од почеток до крај, содржи заклучоци за едно лице и за еден настан, но без докази. Споменатото лице не е прашано зошто било присутно на настанот или каква позиција има во новата партија, но авторот

За настани од интерес не треба да се оставаат претпоставки

на 2. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: И „Кумановската група“ во рацете на Специјалната обвинителка]

  Јавноста од новинарите очекува проверени вести, со факти што потекнуваат од два или повеќе извори, а не од типот „најверојатно“. Линк до оригиналниот наслов: И „Кумановската група“ во рацете на Специјалната обвинителка Датум и време на објавување: 16.09.2015 Датум не рецензија: 22.09.2015 Рецензент: Џенис Сулимани Новинарскиот продукт што го рецензираме вели дека „Кумановската група“, најверојатно, ќе биде опфатена во материјалите на новата специјална обвинителка. Новинарот не нуди никаков конкретен факт со кој би се потврдила можноста ова група да биде опфатена во истражувањата на новата обвинителка. Тој понатаму се обидува насловот да го поткрепи со средбата помеѓу обвинителката Јанева со министерот за правда, Аднан Јашари. „За ова прашање, специјалната

Само едната страна во веста те остава „мокар“ пред јавноста

на 28. 09. 2015 | | sq
  [Рецензија: Општината ќе ги руши само објектите на Албанците на плажата]   Кога еден новинарски продукт содржи обвинување, секогаш во неговата содржина треба да биде опфатен и ставот на другата страна. Текстот што го рецензираме претставува пример за непотврдена информација. Линк до оригиналниот наслов: Општината ќе ги руши само објектите на Албанците на плажата Датум и време на објавување: 16.09.2015 Датум на рецензија: 21.09.2015 Рецензент: Џенис Сулимани Текстот се базира на објавата на поранешниот кандидат за пратеник од редовите на ДПА, Зија Јонузи, кој ја критикувал работата на актуелниот градоначалник на Струга, Зијадин Села. „Поранешниот кандидат за пратеник од редовите на ДПА, Зија Јонузи, вели дека со отстранувањето на објектите од плажите во Струга ќе се оштетат само Албанците

Претплатете се за најнови вести