Претпоставките не се „ексклузивни истраги“
Објавено во Рецензии
on 16 - 10 - 2015 Автор: Xhenis Sulimani
[Рецензија: ЕКСКЛУЗИВНА ИСТРАГА: Тајните македонски служби ја формираат новата партија „Унитети“?]
Мисијата на новинарот за објавување целосни, балансирани и објективни информации не се почитува во моментот кога новинарот претпоставките што ги поставува, не ги потпира со факти и не му дава простор за изјаснување на лицето што го обвинува во текстот.
Линк до оригиналниот наслов: “ЕКСКЛУЗИВНА ИСТРАГА: Тајните македонски служби ја формираат новата партија „Унитети“?
Датум и време на објавување: 03.10.2015
Датум на рецензија: 13.10.2015
Рецензент: Џенис Сулимани
Новинарскиот продукт што го рецензираме, од почеток до крај, содржи заклучоци за едно лице и за еден настан, но без докази. Споменатото лице не е прашано зошто било присутно на настанот или каква позиција има во новата партија, но авторот сам заклучил:
„Заради ова и заради лични цели, наведеното лице беше еден од главните иницијатори за формирање на новата партија со името „Унитети“, секако потпомогнат од неговите колеги од тајните служби.“
За заклучоците на новинарот од ова негово истражување да бидат убедливи за јавноста, би требало да се потврдени од најмалку два извори. Инсистирањето на авторот дека партијата е формирана од македонската тајна служба, без да се побара ставот на партијата, основачот или од лицето кон кое е вперен прстот, го прави новинарскиот напис шпекулативен и го поставува надвор од секаква рамка на професионално истражување.
„Инаку, во Македонија до сега политичкото организирање и излегувањето на гласање се прави на етничка база. Но, сега македонските тајни служби наметнуваат едно ново правило, преку високи функционери во една партија да создадат голема забуна кај Албанците во Македонија.“
Авторот ќе имаше многу повеќе успех доколку напишеше став за начинот на кој е формирана новата партија, отколку што се обидел преку сензационален наслов, кој завршува со прашалник, „ЕКСКЛУЗИВНА ИСТРАГА: Тајните македонски служби ја формираат новата партија „Унитети“?“, да се обиде да ја дезориентира јавноста. Насловот не се докажува во содржината на текстот и авторот ја прикажува веста според неговите видувања, необидувајќи се својата „истрага“ да ја поткрепи со факти.
(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
креативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
говор на омраза
потикнува на насилство
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови