verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Xhenis Sulimani

Новинарот треба да инсистира за вистината

на 1. 04. 2016 | | sq

 

Напис: Со инсистирање на Али Ахмети, пуштен на слобода Лирим Дуголи

Скопје, 19 март – Синоќешното ослободување на високиот функционер на ССК, Гафур Дуголи, беше поздравено и од највисоките партиски структури на најголемата албанска партија на власт, ДУИ. Гафур Дуголи беше уапсен на граничниот премин Блаце по меѓународна потерница распишана од Србија. Повеќето политички аналитичари, актот на македонската полиција го сметаат за политички акт со српска заднина. Меѓутоа, целосната посветеност на целата висока сртруктура на ДУИ на чело со Али Ахмети го направија и невозможното за Дуголи да не ги лежи ни тие 30 дена притвор и уште синоќа да биде ослободен. Инаку, Дуголи е многу близок пријател на поранешниот командант на ОВК, Али Ахмети, со кого се бореле

На деликатните прашања новинарот треба да им пристапи со одговорност

на 17. 03. 2016 | | sq

Напис: На учениците Aлбанци им се наметнува учењето на христијанската Библија, а Куранот се занемарува

Скопје, 6 март – Нов скандал ја тресе Македонија. Во училиштата на Македонија со настава на албански јазик, учениците Aлбанци кои  претежно се муслимани, во основно училиште им се наметнува и им се препорачуваат библиските лекции за решавање на нивните животни проблеми, пишува „Журнал Македонија“. Со ова, учениците Албанци, кои претежно припаѓаат на исламската вера, се принудени да земаат примери од Библијата, бидејќи учебниците кроени од страна на професорите ја пропагираат христијанската вера и Библијата вршејќи дискриминација на другите религии, вклучувајќи ја овде и исламската вера. Вака, во Македонија наставниците Албанци ги користат учебниците каде јасно се пропагира христијанската веронаука, поддржувајќи ја Библијата. Досега за

Нов текст со стара вест, само за некој клик плус

на 14. 03. 2016 | | sq

Напис – Фотовест: Се „албанизира“ Зоран Заев, прави кампања со албанското национално знаме

Скопје, 6 март – Сликата на Зоран Заев со едно албанско национално знаме стана вистински хит по социјалните мрежи. Таа се споделува на големо, и од една страна некои ова го коментираат како еден гест за подобар соживот со Албанците, пишува „Журнал.мк“. Од друга страна, има и остри критики дека Зоран Заев ги користи Албанците за да добие гласови на изборите кои ќе се одржат на 5 јуни 2016 година.

[Рецензија: Се „албанизира“ Зоран Заев, прави кампања со албанското национално знаме]

Денес некои медиуми веќе не одбираат методи за некое кликнување плус на нивните интернeт-страници. Во вакви случаи, професионализмот редовно станува елемент од втор ред. Рецензираниот текст

Наслов без потврда во текстот

на 3. 03. 2016 | | sq

Напис: Али Ахмети го натера Никола Груевски да направи договор

Скопје, 24 февруари – Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ околу еден часот по полноќ, одржа прес-конференција во седиштето на оваа партија. Конференцијата следуваше по гласањето во Собрание, каде што мнозинството пратеници ја одобрија промената на одлуката за распуштање на Собранието, со што новиот датум се помести за 7 април. Меѓу другото, Груевски рече дека пред да прифати да гласа во Собрание, бил силно убеден од страна на ДУИ дека на 5 јуни ќе одат на избори со или без СДСМ. Со ова тврдење, Груевски ја покажа политичката сила на паријата на Али Ахмети, која како што изгледа, имала пресудно влијание за да го поттурне Груевски во компромис. „Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа

Команданти на неточности

на 26. 02. 2016 | | sq

Напис: Команданти „бунтовници“

На адресата на нашиот портал стигна напис од фејсбук-страницата „Шкупи ПДШ“, кој се однесува на последните политички настани и „Командантите бунтовници и Ким Мехмети – денес на чело на Опозицискиот совет, а до вчера аргат на ДУИ“: И овие команданти како Ќуфа, Лика, Деари и Острени не се толку искрени колку што се претставуваат во јавноста. Вистинските команданти загинаа во време кога овие „добронамерни“ команданти беа на власт, не изустија ниту еден збор и беа послушници на партијата (на ДУИ и на Али). Тие велат дека божем си заминале од ДУИ поради тоа што партијата не ги брани Албанците. Таа уште од нејзиното основање никогаш не ги бранела Албанците. Причината поради која овие си заминале од ДУИ

Текстот секогаш треба да има и втора страна

на 19. 02. 2016 | | sq

Напис: „Политичките пријатели“ на Зоран Заев (ФОТО)

Лидерот на македонската опозиција вечерва во еден скопски ресторан приредил вечера за своите „советници“. На оваа трпеза се гледа и новинарот Мухамед Зекири, кој, како што се гледа од самата фотографија, со нетрпение чекал да направи една „селфи“ со лидерот на македонската опозиција. По социјалните мрежи се зборува дека овие можеби се и „советници“ на Заев и за време на вечерата можеби разговарале

Недостигот од етика, стратегија за непрофесионалност

на 11. 02. 2016 | | sq

Напис: Стратегијата на Ким Мехмети со  која и тоалетот ќе го претвори во негова национална кауза

Дали  Ким Мехмети е вистинската политичка фигура за да биде врховен портпарол на албанските незадоволства во Македонија? Тој оваа улога ја игра веќе долго време без да му ја додели никој, но секогаш покриен со ореолот на бунтовничкиот писател. Но, никогаш не објасни како настана оваа бунтовност кај него, и дали е навистина во неговат природа да ја брани националната кауза на Албанците во Македонија, или има нешто друго што пошироката јавност не го знае. Ким Мехмети не лежел ниту една минута затвор за да биде прогонет, а ниту пак, бил забранет како писател за да биде дисидент. Неговото враќање се случи по 2001

Величењето на една политичка фигура го девалвира новинарот

на 29. 01. 2016 | | sq

              

Напис: Непобедливиот, Али Ахмети

Политичкото општество во Македонија во овие последни години претрпело големи промени. И нормално е да има такви промени затоа што еволуцијата и притисокот на времето ги менува луѓето, ги менува околностите, ги менува работите, менува сè. Toa се случи во Македонија. Сè се промени. Дури и премиерот не е веќе ист. Сите тие што едно време победуваа, денес изгубија. Само еден од нив реди победа по победа. Многумина мислеа дека тоа ќе биде премиерот Груевски. Еден човек кој никогаш нема да падне од власт. Еден семоќен човек во оваа наша држава. Но, и тој падна. Единствениот кој преживеа е Али Ахмети. Од еден предизвик во друг, од една победа во друга. Ги прекрши законите на политиката

Пропагандата и неточноста го испраќаат новинарот во пензија

на 25. 01. 2016 | | sq

Напис: Али Ахмети испрати во пензија уште еден премиер

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, по тројцата поранешни премиери, изгледа дека испрати во пензија уште еден македонски премиер. Тој во една емисија се изјасни дека е убеден оти Груевски ќе ја напушти владата меѓу 10 и 15 јануари, што денеска се запечати со оставката на Груевски како премиер на Македонија, известува Тетова сот. Премиерите што ги испрати во пензија Ахмети се Бранко Црвенковски, Хари Костов, Владо Бучковски и вечерва си отиде и Никола Груевски. Инаку премиерот Никола Груевски рече дека утре, преку еден допис, ќе ја достави својата оставка до претседателот на Собранието, Трајко Велјановски. /Тетова сот/

[Рецензија: Али Ахмети испрати во пензија уште еден премиер]

Сензационалните наслови

Веста треба да ги опфати сите страни

на 5. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: „Репликата на Азизи од ДУИ за пратеничката на ДПА”]

Ова беше реплика на пратеничката на ДУИ, Калтрина Азизи во врска со информацијата за аерозагадувањето, побарана од страна на пратеничката на ДПА Мерале Узеири – Ферати, која континуирано ја обвинуваше ДУИ. Драга колешке, немам многу за кажување, затоа што вашиот говор беше само повторување на она што го кажавте и во дискусијата за буџетот и за Извештајот за напредок на ЕУ , а и во пратеничките прашања и при секоја седница на парламентот на која вие присуствувате, што искрено и не се случува многу често. Од вашиот говор единствено заклучив дека најпосле сте научиле кој е министер за екологија, односно Нурхан Изаири и за ваша информација Беким Незири е министер

Претплатете се за најнови вести