verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Само преводот не го оправдува објавувањето на веста

on 21 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: Курир: Припадниците на полицијата револтирани од изборот на Спасовски за нивен прв човек]

 

Со објавувањето на имињата на новите министри и заменици-министри, се појавија и многу пропаганди за нив, иако овој процес беше дел од Договорот од Пржино.

download (1)Линк до оригиналниот напис: Курир: Припадниците на полицијата револтирани од изборот на Спасовски за нивен прв човек

Датум и време на објавување: 06.11.2015

Датум на рецензија: 18.11.2015

Рецензент: Џенис Сулимани

Написот што го рецензираме е типичен новинарски пропагандистички продукт. Тој е преведен од порталот „Курир“, кој се смета за провладин и кој е познат во јавноста по ставови што ја бранат власта.

„Името на Оливер Спасовски, кој е предложен за нов министер за внатрешни работи, предизвика револт кај припадниците на специјалните полициски сили, пишува Курир.“

Написот на албански јазик е преведен така како што е на македонски јазик. Aвторот не се обидел да го провери, да го дополни или, пак, да ја исконтактира другата страна за да се искаже.

Во текстот се вели дека голем број од специјалците на полицијата сметаат дека на Спасовски не му е местото во Министерството за внатрешни работи. Меѓутоа, во ниту еден момент авторот не го претставува ставот на „специјалната единица“, а да не зборуваме за „втората страна“, која, исто така, требало да се најде во оваа вест.

На начинот на кој е пласирана, веста е шпекулативна, непроверена и нецелосна. Јавноста сака сеопфатни и добро аргументирани информации.

Проверката на податоците и нивната точност е морален императив на новинарството според новинарскиот кодекс. Затоа новинарот има обрвска да jа провери информацијата од колку што е можно повеќе извори, а најмалку од два независни извори.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести