verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Xhenis Sulimani

Тензично новинарството поради политички пропаганди

на 20. 05. 2016 | | sq

Напис: Се затегнува ситуацијата во Диво Насеље, по доаѓањето на Зијадин Села

Иако Советот на Диво Насеље се изјасна против политизирање на одбележувањето на првата годишнина на кумановскиот конфликт, сепак пред неколку минути таму пристигнал претседателот на ДР-ДПА, Зијадин Села. Неговото доаѓање предизвикало тензии и незадоволство во Диво Насеље, бидејќи сметаат дека маршот е злоупотребен од една група луѓе кои се блиски до министерот за внатрешни, Митко Чавков.

[Рецензија: Се затегнува ситуацијата во Диво Насеље, по доаѓањето на Зијадин Села]

Неосновани обвиненија. Класично дезинформирање. Вест без структура. Сето ова во еден текст од 3-4 редови што придонесува за дезориентација на јавноста. Овој текст може да се земе како пример за да се покаже како функционира намерната манипулација со јавноста во

Прашање во насловот за кое нема одговор во текстот

на 12. 05. 2016 | | sq

Напис: Зошто Билал Касами не прифаќа да се соочи со Зиадин Села на телевизија?!

Вечерва во емисијата „Патот кон“ на „Алсат-М“, новинарката Арта Тахири дебатираше со претседателот на движењето Беса, Билал Касами, со Фадил Зендели од НДП и со аналитичарот Арсим Синани. Во оваа дебата се зборуваше за обединувањето на албанската опозиција, при што Билал Касами изјави дека не сака да се соочи со Зиадин Села во телевизиски дебати, бидејќи, како што образложи тој, не сака да се кара и да ја подели албанската опозиција. Касами изјави дека Зиадин Села не го повикал на телефон за да му понуди соработка и индиректно го посочи како виновник за необединувањето на опозициските партии.

[Рецензија: Зошто Билал Касами не прифаќа да се соочи

Манипулативен наслов, непотребен сензационализам

на 10. 05. 2016 | | sq

Напис: Се тресе Македонија, Ангелов предупредува за втора епизода на Диво Насеље?!

Претседателот на здружението на „бранителите“, Стојанче Ангелов, го обвинил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека по секоја цена се обидува да предизвика контролирана дестабилизација на Македонија, овојпат преку ГРОМ од Стефче Јакимоски. Според него, Груевски не успеа да предизвика насилство меѓу Албанците и Македонците, а сега е во обид да предизвика конфликт меѓу самите Македонци. Ангелов ги повикува сите нивни подржувачи денеска во 18 часот да му се придружат на протестот на опозицијата против одлуката на Уставниот суд, што му дава можност на претседателот да ги помилува осудените за изборни неправилности, насилство, педофилија, трговија со дрога. Тој ги повикува и контрапротестантите да им се придружат во протестот, за

Медиумите во служба на јавниот интерес, а не на партиите

на 9. 05. 2016 | | sq
  Пишува: Џенис Сулимани Организирањето и дејствувањето на политичките партии претставува една движечка сила на демократските процеси. Партиите се разликуваат една од друга преку идеологијата што ја бранат, а нивната цел е власта – институционалната сила – за да владеат со политичките процеси кои се однесуваат на општиот интерес. Зборот партија (политичка) доаѓа од латинскиот збор парс – што значи „дел“ и од зборот „партие“ – што значи поделба. Оттука,

Верата на новинарот е вистината

на 4. 05. 2016 | | sq

Напис: Македонскиот лидер организира масовни протести, денеска се одржуваат во Куманово и во Штип

Протестите што се организираат од страна на македонскиот лидер, Зоран Заев, во Македонија продолжуваат да се радикализираат во другите градови. По вчерашната пауза, протестите продолжуваат и денеска во 18 часот пред Специјалното обвинителство во Скопје. Синоќа се протестираше во Велес, додека денеска на улица излегуваат и Куманово и Штип. Вклучување во протестот најави и движењето Беса. Граѓаните протестираат против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на сите политичари за кои е почната кривична постапка.

[Рецензија: Македонскиот лидер организира масовни протести, денеска се одржуваат во Куманово и во Штип]

Промовирање на јавниот интерес е клучна мисија на новинарството. Правилното, точното и објективното информирање е во прилог

Сомнежите се бришат со факти, а не со коментари

на 20. 04. 2016 | | sq

Напис: Ексклузивно: Еве како движењето Беса манипулира со анкетите?!

Ексклузивно „Актпрес“ ви ја носи анкетата во која пред неколку денови се објави дека ДУИ е прва, а движењето Беса втора партија во албанскиот табор, додека другите партии се застапени во еден многу мал процент, а на прашалникот не се наоѓа никаде прашање за другите опозициски партии. Ова отвора сомнежи дека резултатите се надуени според желбата на нарачателите. Оваа анкета, според изворите што го доставиле овој материјал, е направена во различни региони (Скопје, Тетово, Кичево итн.) од страна на членови на движењето Беса и таканаречениот Опозициски совет. А анкетарите добиле информации дека анкетата е нарачана од Ким Мехмети и од движењето Беса. Се гледа јасно дека движењето Беса се факторизира себеси,

Говорот на омраза е спротивен со новинарството

на 19. 04. 2016 | | sq

Напис: Албанците ги критикуваат албанските политичари: „Живеете како Албанци, а умирате за каурите“

Ако Иса Болетини беше жив, немаше да им дозволи на политичарите да се однесуваат на овој потчинувачки начин кон Македонците, бидејќи ќе земеше два пиштоли со себе, ќе влезеше во државните институции и ќе речеше „Не се потчинувајте“, вака напишал еден коментатор на ФБ-страницата на агенцијата за вести „Журнал“. Изгледа човекот со оваа реакција бил револтиран од општата политичка состојба во државата што ги дискриминира Албанците во секој поглед. Дали е ова порака дека сите политичари не ја имаат веќе довербата на народот, и не само постарите партии, како што е ДПА и ДУИ, туку дека се разочарани и од новите партии кои се појавија на политичката

Скендер Рауфи: Медиумската битка е најголемата освоена битка!

на 15. 04. 2016 | | sq
 

Една кариера  препополна со предизвици, еден живот посветен на борбата за да се стигне до вистината, во корист на јавниот интерес и во рамките на етичкото новинарство. Ова се главните карактеристики на неколкудецениските активности на еминентниот новинар Скендер Рауфи. Тој за „Сервис за проверка на факти“ открива  неколку важни моменти од својата кариера, за да ги постави пред нас како новинарски лекции што би му служеле на секој млад новинар, но и на тие поискусните, како еден водич во патувањето кон вистината.

  

Автор: Џенис Сулимани Навистина е тешко, но дали би можеле да го заокружите Вашето новинарско искуство во само неколку зборови и како би го формулирале? Рауфи: Новинарството (првенствено телевизиското), го примив како еден предизвикувачки повик за да

Прикривањето информации е свесна манипулација со јавноста

на 14. 04. 2016 | | sq

Напис: Специјалното Обвинителство најавува нови истраги, ВМРО ДПМНЕ го менува законот за кривична постапка

По најавите на Специјалното обвинителство за засилени истраги и за нови отворени случаи, ВМРО-ДПМНЕ сака по забрзана постапка да го измени Законот за кривична постапка, со кој на обвинетите им се дава поголем рок за одбрана, како и можност за спогодба со обвинителите. Предлогот за измена на овој закон е прифатен во Собрание, а го предлага пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Јакимовска. „За време на информирањето, врз основа на член 2, одбраната има право во рок од 90 дена да ја подготви одбраната, во согласност со член 305 и со член 311 од овој закон“, се вели во објаснувањето на предлозите за измена на овој закон. Со

Без втората страна веста е нецелосна

на 12. 04. 2016 | | sq

 

Напис: Што знае Фатмир Лимани за Ќуфа што тој толку многу му се плаши?!

На вечерашната дебата во „Клик плус“, на која учествуваа претставникот на ДУИ, Фатмир Лимани, на Здружението на воените ветерани на ОНА, Бесим Хода, претставникот на ДР-ДПА, Дугаѓин Османи, како и аналитичарот Арсим Синани, не беше присутен претставникот на „Унитети“, Зулфи Адили-Ќуфа, кој пратеничкиот мандат го доби како претставник на ДУИ. Ова е вторпат што Ќуфа избегнува да дебатира со Фатмир Лимани, односно, првиот пат во „Алсат-М“, а сега и во „Клик плус“. Значи, и во двете емисии во кои дознава дека ќе присуствува Фатмир Лимани, и дека ќе треба да се соочи со него, Ќуфа го откажува своето присуство со образложение дека има некакви обврски, известува

Претплатете се за најнови вести