verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Xhenis Sulimani

„Копи-пејст“ кршење на новинарскиот кодекс

на 11. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Тахири: Деградирање во медиуми, како од политиката така и од самата професија]

  Неприфатливо е новинарот да ја објави туѓата работа како своја. Ако еден новинарски продукт се објавува без референца во која би се навело неговото авторство, тоа претставува злоупотреба на авторските права. Ова е во спротивност и со новинарскиот кодекс. Линк до оригиналниот напис: Тахири: Деградирање во медиуми, како од политиката така и од самата професија Датум и време на објавување: 08.09.2015 Датум на рецензија: 10.09.2015 Рецензент: Џенис Сулимани Веста што ја рецензираме е пример за тоа како еден медиум не цитира друг медиум од кој го има преземено објавеното интервју. Интервјуто е преземено со „копи-пејст“ од друг медиум. „Ви го донесуваме интервјуто со Сефер Тахири,

Новата анкета на ИРИ: Измама!

на 6. 09. 2015 | | sq
  [Рецензија: Eксклузивно: Најновата анкета на ИРИ]   Текстот што го рецензираме е пример што најдобро покажува како може да се избламира еден медиум кога објавува неточни инфрормации. Линк до оригиналниот напис: Eксклузивно: Најновата анкета на ИРИ Датум и време на објавување: 01.09.2015 Датум на рецензија: 03.09.2015 Рецензент: Џенис Сулимани Многу портали побрзаа да го објават текстот за најновата анкета на ИРИ, и исто толку подоцна објавија демант за веста. Во новинарството свесното манипулирање со јавноста е најголемото злосторство над професијата. Кога ова излегува и во јавноста, кредибилитетот е уништен. Новинарскиот продукт што го рецензираме ја прикажал табелата за рејтингот на политичките субјекти од најновата анкета на Меѓнародниот републикански институт (ИРИ), иако оваа анкета никогаш не е спроведена. „Од табелата

Две страни прават една целина

на 2. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: „Вистинската ДУИ„ го зема под заштита Рафиз Алити од нападите на ДУИ!]

  Кога се отвoраат дебати за одредени прашања, при пренесувањето ставови, новинарот треба да ги претстави сите страни за новинарскиот продукт што го пласира да биде што појасен за читателите. Линк до оригиналниот наслов: „Вистинската ДУИ„ го зема под заштита Рафиз Алити од нападите на ДУИ! Датум и време на објавување: 31.08.2015 Датум на рецензија: 01.09.2015 Рецензент: Џенис Сулимани Веста што ја рецензираме се однесува на ставот на претседателот на разгранокот на ДУИ во Радуша, Мухамед Рамадани. Веста известува дека Рамадани реагирал преку социјалната мрежа „Фејсбук“ за некои обвиненија насочени кон попретседателот на парламентот, Рафиз Алити, кој доаѓа од селото Радуша. „Вистинската ДУИ го зела под

Неразјаснетите прашања ја оставаат јавноста без информација

на 29. 08. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Македонија, Собранието го усвои ребалансот на Буџетот за 2015 година]

  Текстот што го рецензираме се однесува на усвојувањето на ребалансот на буџетот на Македонија за 2015 година. Текстот информира за усвојувањето на ребалансот на буџетот и ја пренесува изјавата на министерот за финансии, Зоран Ставревски, но не дава никакво објаснување што тоа значи за граѓаните. Линк до оригиналниот наслов: Македонија, Собранието го усвои ребалансот на Буџетот за 2015 година Датум и време на објавување: 20.08.2015 Датум на рецензија: 24.08.2015 Рецензент: Џенис Сулимани Задача на новинарот е да ги разјасни работите. Од текстот не може да се разбере ниту каде се скратени ниту каде се додадени средства. Буџетот е едно од најважните прашања за функционирање на државата и

Без втора страна, нема вест

на 24. 08. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Голем раскол во „Беса„. Aлармирани центрите во Истанбул!]

  Според новинарскиот кодекс, новинарот треба да ја опфати и „втората страна“, односно да им даде можност на двете страни што се прикажани во новинарскиот продукт да ги искажат своите ставови. Ова начело уште повеќе доаѓа до израз кога новинарот изразува сомнежи или обвиненија или кога некој е цел на напад или критика. Линк до оригиналниот наслов: Голем раскол во „Беса“. Aлармирани центрите во Истанбул! Датум и време на објавување: 17.08.2015 Датум на рецензија: 19.08.2015 Рецензент: Џенис Сулимани Во новинарскиот продукт што го рецензираме новинарот искажува сомнеж за евентуален раскол во Движењето „Беса“, повикувајќи се на внатрешен извор од политичкиот субјект, но не ја потврдил информацијата што ја пласирал во

Навредливите заклучоци го кршат професионалниот кодекс

на 22. 08. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Али кој што жари и пали и апси Албанци! (ВИДЕO)]

  Слободата на изразување е основа на демократијата. Слободата на едно лице се протега до кадешто почнува слободата на другиот. Медиумот не треба да ги злоупотреби изјавите во одреден контекст за да пласира навреди и судови за одредени лица. Линк до оригиналниот наслов: Али кој што жари и пали и апси Албанци! (ВИДЕO) Датум и време на објавување: 13.08.2015 Датум на рецензија: 17.08.2015 Рецензент: Џенис Сулимани Текстот што го рецензираме почнува со наслов што обвинува, меѓутоа во текстот никаде не е аргументирано тоа што а наведено во насловот. Овој факт покажува дека авторот пласира неосновани обвиненија. Новинарскиот продукт содржи видеозапис со изјави на лидерот на ДУИ, Али Ахмети,

Новинарот не треба да ја насочува информацијата кон една страна

на 20. 08. 2015 | | sq
 

[Рецензија: ПДП сега наоѓа оправдување за Охридскиот договор (ОД)!]

  Толкувањето на изјавите не е дел од професионалното известување. Новинарот треба да се воздржи од коментари за да не ја насочи кон една страна информацијата што ја пласира. Линк до оригиналниот наслов: ПДП сега наоѓа оправдување за Охридскиот договор! Датум и време на објавувањето: 13.08.2015 Датум на рецензија: 16.08.2015 Рецензент: Џенис Сулимани Текстот што го рецензираме содржи наслов што му дава друга насока на ставот на ПДП. Во насловот се вели: „ПДП сега наоѓа оправдување за Охридскиот договор (ОД)!“ Во ставот на ПДП, пак, во врска со Охридскиот договор се вели дека Партијата за демократски просперитет уште еднаш ја потсетува пошироката јавност дека ПДП не сакаше да го парафира

Тенденциозното толкување на изјавите е непрофесионално

на 16. 08. 2015 | | sq
   

[Рецензија: ДПА го критикува Сади Беџети – и тој бил виновен за тоа што се случи во Тетово]

Новинарите треба да ја почитуваат основната функција на новинарството, односно правилното, точно и јасно информирање. Толкувањата или поврзувањето надвор од контекстот на едно случување или изјава со нешто друго, во никој случај не се совпаѓа со стандардите на едно професионално известување. Линк до оригиналниот текст: ДПА го критикува Сади Беџети

Написот не треба да го насочува читателот како да ги протолкува настаните

на 12. 08. 2015 | |
[Рецензија: Дали ИВЗ го подржува ДУИ за продажбата на Бурмали Џамија?] Новинарот во своите текстови и вести третира дилеми и прашања во интерес на јавноста. Преку овој процес новинарот ја насочува јавноста кон фактите за потоа таа самата да извлече заклучоци. Во рецензираниот текст, уште од самиот наслов е очигледна намерата на авторот да ја насочи јавноста кон еден одреден став. Новинарот, со право, можеше да го постави прашањето зошто

Без баланс веста се смета за еднострана

на 5. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: Скопскиот Универзитет, бизнис на ДУИ маскиран во „национална кауза“]

  Веста која во текстот ги опфаќа сите страни претставува една целосна информација. Еден од основните принципи на новинарството е секоја информација да биде балансирана и страните да се претстават на праведен и рамноправен начин. Линк за оригналниот текст: „Скопскиот Универзитет, бизнис на ДУИ маскиран во „национална кауза” Датум и време на објавување: 28.07.2015 Датум на рецензија: 29. 07.

Претплатете се за најнови вести