verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Xhenis Sulimani

Небалансирана вест се смета за еднострана

на 3. 08. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Универзитетот во Скопје, бизнис на ДУИ за маскирање на „националната кауза“]

  Веста што ги има сите страни во текстот преставува целосна информација. Едно од основните начела на новинарството е секоја информација да биде балансирана и страните да се претстават на правилен и еднаков начин. Линк од оригиналниот напис: Универзитетот во Скопје, бизнис на ДУИ за маскирање на „националната кауза„ Датум и време на објавување: 28.07.2015 Датум на рецензија: 29. 07. 2015 Рецензент: Џенис Сулимани Веста што ја рецензираме има цел да ги презентира ставовите на експертите и на познавачите на оваа проблематика, за отворањето нов универзитет во Скопје. Познавачите на политичките пригоди ги искажале своите ставови и мислења за горенаведеното прашање. „Поранешниот министер за образование, Сулејман Рушити,

Етиката треба да биде над сензацијата

на 1. 08. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Објавена фотографија од убиен припадник на кумановската група (ФОТО +18)]

  Според новинарскиот кодекс, медиумските продукти што може да ги повредат чувствата на јавноста треба да се објавуваат со внимание. Во случај да се објават, треба да се избегне објавување слики што може да предизвикаат реакции, а, пред сè, проверката на идентитетот на лицата на таквите фотографии треба да биде сосема коректна. Линк до оригиналниот наслов: Објавена фотографија од убиен припадник на кумановската група (ФОТО +18) (ВНИМАНИЕ: Возмемирувачка фотографија по отворањето на линкот) Датум и време на објавување: 25.07.2015 Датум на рецензија: 26. 07. 2015 Рецензент: Џенис Сулимани Фотографиите во новинарството, исто така, се сметаат за средство за информирање и затоа и за нив важат сите

Рецензија: За што се споменува името на Аднан Исмаили од „Логос“ во „Буревесник“

на 30. 07. 2015 | | sq
Веста што ги претставува ставовите само на една страна е еднострана, а во многу случаи и тенденциозна. Често се случува во медуимите да се преведат информации од македонски медиуми што не се потврдени, а во текстот е претставена само едната страна. Во таквите случаи, пред да се објави информацијата, треба да се контактира и со втората страна. Линк до оригиналниот напис: За што се споменува името на Аднан Исмаили од „Логос„ во burevesnik.org?! Датум и време на објавување: 26. 06.2015 Датум на рецензија: 28. 06. 2015 Рецензент: Џенис Сулимани Медиумскиот производ што го рецензираме се однесува на едно обвинение против сопственикот на издавачката куќа „Логос-А“, Aднан Исмаили. Веста е преведена од порталот „Буревесник“ (burevesnik.org), каде се обвинува наведеното лице. „Првите

Точноста е побитна од брзината

на 29. 07. 2015 | | sq
[Рецензија: Полициската верзија за убиството на Шќипоња]   Веста треба да има вовед, потоа содржина – делот каде што внесени информациите што ја поддржуваат воведната информација, и крајот, односно дополнителните информации. Во новинарството се претпочита воведот да биде краток и интересен за да го натера читателот да го прочита текстот. Новинарските норми велат дека колку подобро го знаете настанот, толку пократок ќе биде воведот. Линк до оригиналниот наслов: Полициската верзија за убиството на Шќипоња Датум и време на објавување: 23. 06.2015 Датум на рецензија: 25. 06. 2015 Рецензент: Џенис Сулимани Динамиката на известувањето и тенденцијата да се биде прв во објавувањето на веста не го оправдува сервирањето неструктурирана и нецелосна вест. На текстот што го рецензираме му недостига вовед. Новинарот

Не е доволно само покренување на прашањата

на 27. 07. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Нешто се руши пред Владата?! (ФОТО)]

  Јавноста сака целосни информации. Сака да види покренати прашања од новинарите, кои се потврдени и базирани врз факти. Кога новинарот ќе ја исполни ова потреба на читателот, всушност, успеал да ја постигне суштината на својата мисија. Линк до оригиналниот напис: “Нешто се руши пред Владата?! (ФОТО)” Датум и време на објавување: 20.07.2015 Датум на рецензија: 22. 07. 2015 Рецензент: Џенис Сулимани Веста што ја рецензираме информира за некакво градење во предниот дел на владата. „Неколку градежни машини почнале со рушење во предниот дел на Владата. Во предниот дел од владата се гради заштитна метална ограда за да не се види што се руши. Досега не е објаснето зошто се руши влезниот

За секоја вест треба извор

на 23. 07. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Пониски температури во текот на месец август]

  Во медиумите се објавуваат информации на најразлични теми. Колку и да изгледаат прости и едноставни, информациите секогаш треба да имаат точни и јасно наведени извори. Линк до оригиналниот наслов: Пониски температури во текот на месец август Датум на објавување: 18.07.2015 Датум на рецензија: 20. 07. 2015 Рецензент: Џенис Сулимани Веста што ја рецензираме се однесува на метеоролошки информации за температурата во Македонија. Во текстот се прогнозира времето, но не се наведува ниту еден извор. „Како што беше половината на месец јули, така ќе продолжи и втората половина од овој месец, со високи температури.“ Иако може да се мисли дека веста е едноставна, сепак има потреба да се наведе кој е

Непроверените информации го дезориентираат читателот

на 18. 07. 2015 | | sq
[Рецензија: СДСМ, сепак ги стопира „бомбите„?]   Непроверените информации имаат негативно влијание врз медиумите, бидејќи читателот ја губи довербата. Читателот бара точни вести, а не непроверени или дискутабилни информации. Информацијата секогаш треба да биде точна, балансирана, и проверена. Линк до оригиналниот наслов: СДСМ, сепак ги стопира „бомбите„? Датум и време на објавување: 11.07.2015 Датум на рецензија: 12. 07. 2015 Рецензент: Џенис Сулимани Не е грешка медиумите да преземаат вести едни од други, но притоа тие секогаш треба да бидат цитирани. Заради јавниот интерес, една вест која ја објавува едeн медиум, се пренесува и од другите. Меѓутоа, кога развојот на настаните има брза динамика, а особено кога за еден настан има неколку варијанти, медиумот пред да ја објави информацијата треба да

И насловот треба да биде базиран на факти

на 17. 07. 2015 | | sq

[Рецензија: Тачи на тајна средба во Скопје со Движењето БЕСА]

  Новинарот се вреднува врз база на фактите што ги нуди во текстот, а не со умешноста да привлече кликнувања за објавениот напис. Често ни се случува да читаме бомбастични наслови проследени со празна содржина, која со ниеден релевантен аргумент не го потврдува насловот. Линк до оригиналниот наслов: Тачи на тајна средба во Скопје со Движењето БЕСА Датум и време на објавување: 07.07.2015 Датум на рецензија: 09. 07. 2015 Рецензент: Џенис Сулимани Веста што ја рецензираме се базира на изворите на еден портал, чие име не се наведува, и се дава информација за можна средба на Мендух Тачи со Движењето „Беса“. „Мендух Тачи и раководството на Движењето БЕСА се сретнале

Рецензија: Митевски: Јанкуловска нареди употреба на хеликоптери со бомби во Куманово

на 11. 07. 2015 | | sq
Медиумите секогаш во новинарскиот напис треба да ги претстават двете страни. Новинарите треба да им отстапат простор на инволвираните страни да ги објаснат своите ставови. Притоа, брзањето за да се објават што е можно побрзо вести кои се преземени од портали на други јазици не го оправдува непочитувањето на ова начело. Линк до оригиналниот напис: Митевски: Јанкуловска нареди употреба на хеликоптери со бомби во Куманово (Написот е во меѓувреме

Рецензија: Зијадин Скопско Села со алкохол на масата за Рамазан (ФОТО)

на 10. 07. 2015 | | sq
  Новинарите треба да го почитуваат верувањата на луѓето што се предмет на нивната професионална работа – така ги учи новинарскиот кодекс. Слободата на изразување се протега до таму каде што почнува слободата на другиот. Верската припадност е лично убедување и затоа е лична работа колку едно лице ја практикува својата вера и никако, ова убедување, кое е гарантирано со закон, не смее да биде предмет на оцрнување на одредена личност. Линк до оригиналниот напис: Зијадин Скопско Села со алкоол на масата за Рамазан (ФОТО) Датум и време на објавување: 05.07.2015 Датум на рецензирање: 06.07.2015 Рецензент: Џенис Сулимани За читателот е важно веста да содржи информација која е важна за јавниот интерес. Веста што ја рецензираме не е од јавен

Претплатете се за најнови вести