verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владимир Мирчески

Рецензија: Премиерот го збунил професорскиот пленум – по консултациите со СДСМ професорите побегнаа од дебата

на 9. 01. 2015 | | sq
    Имаме тенденциозен текст кој делумно се темели на факти, кои, пак, се искривоколчени до таа мера што сериозно е разнишана вкупната вистинитост на материјалот. Во суштината лежи длабок спин, би рекле со политичка заднина, чија цел е да ја дефокусира публиката од главната тема – владиното инсистирање, наспроти професорските и забелешките на студентите, по секоја цена да воведе „новини“ во високото образование. Линк до оригиналниот напис: Премиерот го збунил професорскиот пленум – по консултациите со СДСМ професорите побегнаа од дебата Датум и време на објавување: 05.01.2015, 14:17 Датум на рецензирање: 08.01.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

ПРОФЕСОРИТЕ ЗБУНЕТИ, ОПОЗИЦИЈАТА КАБАЕТ?!

Како што веќе споменавме, вистинтоста е сериозно поткопана од неколку причини. Првата: имаме факти кои се криво насадени, секако

Рецензија: Градоначалникот Трајановски најангажирано во чистењето на снег низ улиците

на 9. 01. 2015 | |
    Имаме текст-реклама и тоа не каква било, туку политичка. Пример за неоправдано воспевање на функционер за извршување на неговата работа за која го плаќаат граѓаните преку „маркентиншки“ напис. Наспроти фалбите за првиот човек на Град Скопје, инаку од редовите на најголемата владејачка партија, се забележуваат и критики за неговиот колега од Кичево, кадар на помалиот владин партнер. Случајно?! – Би рекол не. Линк до оригиналниот напис: Градоначалникот Трајановски најангажирано во чистењето на снег низ улиците Датум и време на објавување: 03.01.2015, 15:12 Датум на рецензирање: 05.01.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

МЕДИУМСКО ВЕЛИЧЕЊЕ НА ФУНКЦИОНЕР ПЛАЌАН ОД ГРАЃАНИТЕ

Понудениот материјал е промашен од новинарска гледна точка и е поставен на криви нозе од самиот почеток. Не велам дека ако

Рецензија: ФОТО: Сите протести и напади врз Владата опозициските медиуми ги снимаат од станот на сестрата на Шеќеринска

на 7. 01. 2015 | |
  Шпекулација. Неаргументираност. Отсуство на извори. Пристрасност. Ова не е новинарство. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Сите протести и напади врз Владата опозициските медиуми ги снимаат од станот на сестрата на Шеќеринска Датум и време на објавување: 26.12.2014, 10:51 Датум на рецензирање: 03.01.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

НУЛА АРГУМЕНТИ И „ДЕБЕЛИ“ ШПЕКУЛАЦИИ

 Начинот на кој е срочен овој текст упатува на тоа дека дел од медиумите се толку „силни“, во секој поглед, што можат да си дозволат сопствена криминалистичка лабораторија или, пак, најмување експерт-форензичар. Како поинаку да се толкуваат наведените формулации дека „сите снимки од студентските протести пред Владата биле направени од еден стан“. Арно ама, овие наводи никако не можат да се проверат, а уште помалку и да се

Рецензија: СКАНДАЛ: Овие луѓе ли ќе говорат за слобода и независност?

на 26. 12. 2014 | | sq
Нешто не ми е јасно. Дали е ова критика за „опозициските“ медиуми или, пак, самокритика на порталот кој го има објавено конкретниот текст? Да бидам искрен, впечатокот е како да имаме работа со напис со симптоми на подвоена природа. Линк до оригиналниот напис: СКАНДАЛ: Овие луѓе ли ќе говорат за слобода и независност? Датум и време на објавување:  22.12.2014, 13:47 Датум на рецензирање: 23.12.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

СИЛНИ ОБВИНУВАЊА НА СЛАБИ НОЗЕ

Текстот има многу проблеми, кои се толку сериозни што се на ниво на фабрички мани. Прво, која е неговата цел? Очигледно, оправданоста за постоењето написот ја бара само во пресметката, со јасна политичка заднина, со оние „поинаквите“. Значи, намерата не е да ја информира јавноста, како секое

Рецензија: Доказ дека Бог постои: Ограбиле црква, па за кратко време се разнеле во воздух! (ВИДЕО)

на 23. 12. 2014 | |
  Сензационализам, до крај непроверен, со цврсти заклучоци кои навлегуваат во доменот на теологијата и со наводни аргументи за „Божјо присуство“. Неоправдано мешање на духовното, без претходно целосно утврдување и анализирање на реалното. Линк до оригиналниот напис: Доказ дека Бог постои: Ограбиле црква, па за кратко време се разнеле во воздух! (ВИДЕО) Датум и време на објавување: 19.12.2014, 16:08 Датум на рецензирање: 22.12.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

ТРИВИЈАЛНИ И НАВРЕДЛИВИ „НОВИНАРСКИ ДОКАЗИ“ ЗА ПОСТОЕЊЕ НА БОГ

Постоење на Бог или, пак, верувањето дали има Господ или не, според мене, пред сè, е лично прашање кое секој човек сам со себе го разгледува и за тоа бара соодветни одговори во текот на целиот свој живот. Имајќи го тоа предвид, не сакам

Рецензија: Игор Џамбазов претепан во Битола

на 22. 12. 2014 | | sq
  Аман од вакви наслови. Единствена цел им е да ја „насанкаат“ публиката преку сензационалистичкиот пристап, а содржината најчесто или нема врска или е надвор од контекст, или, како во конкретниот случај, е со промашена „временска димензија“. Линк до оригиналниот напис: Игор Џамбазов претепан во Битола Датум и време на објавување: 17.12.2014, 22:48 Датум на рецензирање: 19.12.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

КОГА НАСЛОВОТ ЌЕ ЈА „ЗАСТРАНИ“ ПУБЛИКАТА

Ако во насловот бомбастично кажете „Игор Џамбазов претепан во Битола“, а потоа во многу кусиот текст составен само од две реченици објасните дека станувало збор за настан од бурното минато на актерот, тогаш тоа, според мене, е чиста манипулација и извитоперување на вистината. Поточно, тоа е вадење од контекст на димензијата

Рецензија: Ќе реагира ли ЗНМ на масовните отпуштања во Њујорк Тајмс?!

на 19. 12. 2014 | |
  Имаме случај на невиден спин и целосно извртување на вистината. Класично, намерно и инструирано мешање „баби и жаби“. Се прави обид да се спореди нешто што, со оглед на актулената медиумска ситуација во земјава, е апсолутно неспоредливо. Не зборуваме за перфидно, туку за очигледно и бесрамно пласирање невистини. Линк до оригиналниот напис: Ќе реагира ли ЗНМ на масовните отпуштања во Њујорк Тајмс?! Датум и време на објавување: 17.12.2014, 13:49 Датум на рецензирање: 18.12.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

СЛЕПИ ПРИ ОЧИ ЗА „НОВИНАРЦКИТЕ РАБОТИ“ 

Веќе се нема усул што сè се пишува, а потоа и објавува како легитимен новинарски производ. Во најмала рака е небулоза да се споредува ситуацијата меѓу новинарството во Македонија и во САД, дополнето со иронизирачки вокабулар

Рецензија: Груевски со нов закон: По 1 денар од секоја кутија цигари ќе оди за лекување ретки болести

на 17. 12. 2014 | |
    Елементарно непознавање на уставниот поредок на земјата, наслов–реклама за споменатиот политичар, пристрасен пристап, повеќе маркетинг на одредени политики отколку новинарски текст. Ете, тоа го имаме во овој случај. Линк до оригиналниот напис: Груевски со нов закон: По 1 денар од секоја кутија цигари ќе оди за лекување ретки болести Датум и време на објавување: 15.12.2014, 14:54 Датум на рецензирање: 16.12.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

„УДАРНИЧКИ“ НАСЛОВ ЗА АВТОПРОМОВИРАЧКО ЧЕТИВО

Новинарството треба да им робува на фактите и на аргументите и притоа, секако, од вид никогаш да не ја загуби прецизноста. Тој што го пишувал написот, воден од не знам какви мотиви, или не знаел или се правел дека не знае кои се овластувањата на Владата и на нејзиниот

Рецензија: Либертас и Кабранов не им наплаќаат на студентите бидејќи се иста структура

на 16. 12. 2014 | |
    Имаме текст со логицирање од типот: „Фудбалската репрезентација на Македонија го победи тимот на Англија, кој претходно го порази светскиот шампион Бразил. Оттука Македонија е најдобра на светот“. „Изгледа шашаво, ама делува“! – Би дополниле за кого, како. Линк до оригиналниот напис: Либертас и Кабранов не им наплаќаат на студентите бидејќи се иста структура Датум и време на објавување: 09.12.2014, 13:05 Датум на рецензирање: 14.12.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

ПРИМЕР ЗА „ИНКВИЗИТОРСКО НОВИНАРСТВО“

Написот е продолжение на серијалот „Сè што не мисли како мене, сигурно е против мене“. Изгледа како да нема крај на фељтонот: брендирање, именување, бележење, заокружување на неподобните. Видете, ако претходно се мислеше дека ваквиот тип на инквизиторско новинарство не може подолу да падне, тогаш

Рецензија: СДСМ со загубена доверба, што и да направи народот не им верува

на 10. 12. 2014 | |
    Едностран текст, пишуван во манирите на „најдоброто“ агитпропство, материјал кој има многу малку допирни точки со новинарството, а многу повеќе со политичко-партиското „беседење“. Недозволив обид за подметнување обоен памфлет како легитимно информативно четиво. Класичен пример за замајување на публиката. Линк до оригиналниот напис: СДСМ со загубена доверба, што и да направи народот не им верува Датум и време на објавување: 05.12.2014 11:36 Датум на рецензирање: 08.12.2104 Рецензент: Владимир Мирчески  

ФЕНОМЕНОТ „НАРОД“ КАКО ПАРАВАН ЗА ПАРТИСКА АГЕНДА

Не е дека нема елементи, секако во многу мали траги, на вистинитост, туку прашањето е како се тие срочени. Поточно, ако преку написов се сакало да се удри по опозицијата зашто работите што ги најавила, а за еден дел е така,

Претплатете се за најнови вести