verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ФОТО: Сите протести и напади врз Владата опозициските медиуми ги снимаат од станот на сестрата на Шеќеринска

on 7 - 01 - 2015       

 

Firefox_Screenshot_2015-01-03T22-19-18.042Z-crop-resize

Шпекулација. Неаргументираност. Отсуство на извори. Пристрасност. Ова не е новинарство.

Firefox_Screenshot_2015-01-03T22-19-18.042ZЛинк до оригиналниот напис: ФОТО: Сите протести и напади врз Владата опозициските медиуми ги снимаат од станот на сестрата на Шеќеринска

Датум и време на објавување: 26.12.2014, 10:51

Датум на рецензирање: 03.01.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

НУЛА АРГУМЕНТИ И „ДЕБЕЛИ“ ШПЕКУЛАЦИИ

 Начинот на кој е срочен овој текст упатува на тоа дека дел од медиумите се толку „силни“, во секој поглед, што можат да си дозволат сопствена криминалистичка лабораторија или, пак, најмување експерт-форензичар. Како поинаку да се толкуваат наведените формулации дека „сите снимки од студентските протести пред Владата биле направени од еден стан“. Арно ама, овие наводи никако не можат да се проверат, а уште помалку и да се издржат со соодветни извори. Чекајте, ако изнесувате сериозни обвинувања дека „медиумското покривање“ на студентското незадоволство пред Владата е правено од едно исто место и тоа од станот на сестрата на вториот човек во опозицијата, тогаш тоа мора, барем во сериозно новинарство, да биде сериозно аргументирано. Но, тука, нема ниту „а“ од аргументи, ама затоа има „дебели“ шпекулации.

„Според информациите кои се шират низ новинарските кулоари од опозициските новинари, станува збор за стан кој и припаѓа на сестрата на Радмила Шекеринска, кој новинарите кои се дел од медиумите под контрола на СДСМ и СОРОС го користат при вакви протести. Фотографиите и видеоснимките кои се направени од исто место, покажуваат дека сите протести и напади врз владата опозициските медиуми ги снимаат од станот на сестрата на заменик-претседателот на СДСМ.“

Значи „според информации кои се шират низ опозициски новинарски кулоари“, за само еден ред подолу да се тврди дека тоа навистина е така. Ем се нуди нагаѓање, ем се дава и заклучок врз основа на тоа исто нагаѓање. Не знам во која „новинарска школија“ го предаваат ова, ама еве што вели Кодексот на новинарите:

Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

 

„ЗДЕЛАНО“ ВО ОПОЗИЦИСКО СТАНЧЕ?!

Покрај ваквата прекршена вистинитост, сериозноста на фелерот лежи и во отсуството на извори на информации. Имено, се користат фотографии направени од „неподобни“ новинари, иако со „утната“ информација каде дел од нив работат, како крунски доказ дека сè тоа е „зделано“ во едно станче, нормално опозициско. Слабо, многу слабо со одело во истражувањето. Поточно, истражување воопшто и нема, туку станува збор за едноставно накалемување на некаква си вина кај новинарите и кај медиумите „од другата страна“. Тоа, пак, доведува и до суштината на постоењето на овој текст, а тоа е спинот. Целосно е извртен основниот настан – масовниот собир на студентите против владините реформи во образованието, за сметка на тоа кој, како и, секако, од каде известувал за овој протест. Смешно или трагично, во зависност од перспективата. Оттука не треба да изненади што главната нишка на содржината не е информирањето, барем не објективното и кредибилното, туку оцрнувањето на едно цело младинско движење, дополнителното „бележење“ на медиумските противници на системот и целосно неаргументираното вмешување на роднини и на блиски на опозициските лидери во една политичко-партиско-новинарска турли-тава, со силна „пристрасна“ коментаторска мирудија:

„Повици со поддршка за студентите повторно стигнуваат од сите полуги на СОРОС без исклучок, а целата логистика на СДСМ повторно ќе биде вклучена исто како и на минатите протести. За исценираните протести се подготвени и опозициските новинари, чии фотографии и снимки повторно се очекува да бидат од едно исто место, според нивните коментари, станот на сестрата на потпретседателката на СДСМ.“

По сето кажано се враќаме на почетокот: Шпекулација. Неаргументираност. Отсуство на извори. Пристрасност. Ова не е новинарство.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

најверојатно

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

ако „кулоарите“ с извор, тогаш има

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

најверојатно е оригинал

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

спинувани мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести