verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Ќе реагира ли ЗНМ на масовните отпуштања во Њујорк Тајмс?!

on 19 - 12 - 2014       

Ќе реагира ли ЗНМ на масовните отпуштања во Њујорк Тајмс Република Online-crop-resize-final

 

Имаме случај на невиден спин и целосно извртување на вистината. Класично, намерно и инструирано мешање „баби и жаби“. Се прави обид да се спореди нешто што, со оглед на актулената медиумска ситуација во земјава, е апсолутно неспоредливо. Не зборуваме за перфидно, туку за очигледно и бесрамно пласирање невистини.

Ќе реагира ли ЗНМ на масовните отпуштања во Њујорк Тајмс Република OnlineЛинк до оригиналниот напис: Ќе реагира ли ЗНМ на масовните отпуштања во Њујорк Тајмс?!

Датум и време на објавување: 17.12.2014, 13:49

Датум на рецензирање: 18.12.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

 

СЛЕПИ ПРИ ОЧИ ЗА „НОВИНАРЦКИТЕ РАБОТИ“ 

Веќе се нема усул што сè се пишува, а потоа и објавува како легитимен новинарски производ. Во најмала рака е небулоза да се споредува ситуацијата меѓу новинарството во Македонија и во САД, дополнето со иронизирачки вокабулар за тоа каде се домашните еснафски здруженија да реагираат за бранот отпуштања во иконата на светскиот печат „Њјуорк тајмс“. Работава е, демек, видете како тоа новинари и во Америка завршуваат на улица и никој не ги „ферма“, тогаш што се чудиме што тоа и дома ни се случува. Но, тој што го создал овој текст прави еден сериозен превид со кој самиот си паѓа во сопствената замка. Зборуваме за намалување на кадар во „Њујорк тајмс“ поради економски причини, а не поради неподобност на новинарите за администрацијата која од Вашингтон управува со САД.

За попластично да ја прикажеме состојбата, ќе дадам пример од сопственото неубаво искуство, а кое го минале и многу други колеги во разни редакции во изминатиот период. Јас останав без работа бидејќи влегов во директен конфликт со одговорниот уредник кој од мене бараше текст каков што, според моето професионално убедување, не можеше да биде кредибилен новинарски производ. Потоа, во истата таа телевизија, во период од една година, што со недавање задолженија, што со отстранување, беше променета безмалку целата информативна редакција со образложение „поради финансиски прашања“, а само неколку месеци порано во дворот на овој медиум како со камион беа истоварени новинари кои требаше, а потоа и ги заменија староседелците, кои, очигледно, не беа по волја на видоизменетиот и „надграден“ менаџмент и сопственик и тоа не дека не беа квалитетни, туку дека веќе не одговараа. Значи „имаме финансиски проблеми, а примаме нови луѓе кои ги запоседнаа позициите на претходните“. Е, затоа новинарските здруженија реагираа за овој случај. Затоа што тоа беше пример за насилно „видоизменување“ на ликот на една телевизија, односно нејзината информативна редакција, не од економски, туку од политички прашања. Тука се гледа како (зло)намерно се мешаат лончињата. Ако тоа бил случајот и во „Њујорк тајмс“, значи отстрел по политичко-партиска задача, бидејќи новинарите сакале да размислуваат со сопствена глава, тогаш нема за што да зборуваме и тогаш ќе го караме не ЗНМ, туку Меѓународната федерација на новинари. А, не знам зошто од Македонија се бара реакција од ЗНМ кога веќе има остри соопштенија од соодветни новинарски асоцијации во САД.

Толку, за овој пример. Во Македонија, не знам дали тоа некому не му се гледа или се прави слеп при очи, има континуиран процес на политички притисок врз она што остана од саглам новинарството. За ова има една цела низа публикувани извештаи и без многу да копаме наназад, само ќе упатиме на последните заклучоци на Европската комисија. Еве, повторно некому да му олеснам – станува збор за тело на Европска Унија, организација кон која Македонија сака да се приклучи и чии вредности треба да ги прифати, а една од врвните, секако, е слободата на медиумите.

 

МЕДИУМСКО ПРЕТПЕРЕЊЕ НА ВАЛКАНИТЕ ПОЛИТИЧКИ РАБОТИ

Тука не завршува тажната приказна за целта што требало да се постигне преку овој напис. Ни се пласира дека „опозицијата ја користи работата на медиумите, нивното работење и промената на кадарот за днвено политички цели“. Како тоа најострите забелешки досега од Брисел за ситуацијата во медиумската заедница можат да бидат товар на опозицијата, а не на власта. Па, барем два влијателни електронски медиуми се во сопственост на лица или семејства, чии членови доскоро и официјално беа дел од владејачката коалиција. А, да не зборуваме за бројните бизнисмени блиски до власта кои ептен имаат желба во своето портофолио да им фигурира барем еден весник, телевизија… Значи намерата е јасна, а таа е пресметка со ЗНМ и со „опозициските“ медиуми што е само продолжување на серијата написи на истата тема. Тоа, впрочем, не се ни крие. Попрецизно, ептен јасно се цели преку формулациите од типот:

„Здружението на новинари е со слично сфаќање на работите. ЗНМ работи по нарачка на опозицијата и во интерес на опозицијата. По желба и барање на опозицијата Здружението се вклучува, праќа реакции и осуди. Но кога се работи за говорот на омраза, навредите, клеветите пласирани од страна на проопозициските медиуми финансирани од СОРОС, има молк во ЗНМ. Тогаш нема повод и причина за реакција, осуда и барање на извинување…“

Ако ова не пресметка, и тоа политичка, тогаш не знам што е. Затоа, „стоп“ за политичката злоупотреба на новинарската професија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

повеќе не отколку да

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

балансираност

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

најверојатно е оригинал

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести