verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Груевски со нов закон: По 1 денар од секоја кутија цигари ќе оди за лекување ретки болести

on 17 - 12 - 2014       

b-09876-0987-098-crop-resize

 

 

Елементарно непознавање на уставниот поредок на земјата, наслов–реклама за споменатиот политичар, пристрасен пристап, повеќе маркетинг на одредени политики отколку новинарски текст. Ете, тоа го имаме во овој случај.

bЛинк до оригиналниот напис: Груевски со нов закон: По 1 денар од секоја кутија цигари ќе оди за лекување ретки болести

Датум и време на објавување: 15.12.2014, 14:54

Датум на рецензирање: 16.12.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

 

„УДАРНИЧКИ“ НАСЛОВ ЗА АВТОПРОМОВИРАЧКО ЧЕТИВО

Новинарството треба да им робува на фактите и на аргументите и притоа, секако, од вид никогаш да не ја загуби прецизноста. Тој што го пишувал написот, воден од не знам какви мотиви, или не знаел или се правел дека не знае кои се овластувањата на Владата и на нејзиниот претседател. Како тоа се вели „Груевски со нов закон“ кога Уставот на Република Македонија јасно и недвосмислено ги наведува обврските и ингеренциите на Владата:

Член 91

Владата на Република Македонија:
– ја утврдува политиката на извршувањето на законите и другите прописи на Собранието и е одговорна за нивното извршување;
– предлага закони, републички буџет и други прописи што ги донесува Собранието;

Значи, јасно се гледа дека Владата предлага закони, а не носи закони како што тенденциозно се порачува во насловот. Оттука, прецизноста налага да се каже дека ќе се оди со предлог-закон кој потоа, секако ако помине во Собрание, кое е законодавен дом, ќе стане закон. Овој материјал пластично ни ја опишува извитоперената ситуација во домашниот политички систем, во кој Собранието зависи од Владата, а не обратно како и што нормира Уставот. Поточно, вкупниот впечаток е како само да се воспева ваквиот потег на премиерот. Тоа се темели на неколку елементи: прво, најголем дел од написот е само изјавата на Груевски од неговиот фејсбук-профил. Ако народот сака да го знае само тоа што сака да каже првиот човек на македонската влада, тогаш едноставно ќе го посетат неговиот профил, исто како и тој што го „склопил“ овој текст. Но, тоа така не оди. Второ, за еден текст да го добие многу важниот предзнак „новинарски“, потребни се и низа други сегменти: јасни споредби со земјите од ЕУ или од регионот за оваа проблематика, податоци за продадени цигари во земјава, бројка на пушачи, дали измените, можеби, би повлекле и зголемување на цената на цигарите и, што е можеби најважно, големината на категоријата граѓани што боледуваат од ретки болести и за кои би бил наменет тој фонд. Само преку сите овие елементи, заедно со настапот на премиерот, на публиката ќе ѝ се даде вистински и целосен увид во проблематиката, како и во значењето и во целисходноста на одлуката да се повлече ваков чекор.

Тоа во ова четиво го немаме. Но, затоа имаме рекламирање на еден политичар преку информативен портал и тоа дополнето со „екстраекслузивен“ наслов кој, сакал некој да признае или не, ептен прозвучува „ударнички“, исто како и содржината на материјалот која не успева во целост да одговори на членот 14 од Кодекот на новинарите:

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести