verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владимир Мирчески

Рецензија: Иван Исцелител НАЈТОЧНИОТ ПРЕТСКАЖУВАЧ ВО СВЕТОТ – Еве што се има предвидено досега!

на 2. 12. 2014 | |
Ха, ха, ха, ха, ха. До кое дереџе е дојдена работата штом вакви текстови ѝ се пласираат на јавноста како кредибилни новинарски производи. Неверојатен е недостигот од усул и од критериум што е информација, а што е класична зафрканција. Не знам како поинаку да го окарактеризирам овој текст во кој ни се пренесуваат „видовитите достигнувања“ на некој си наш домашен Иван Исцелител, кој, според напишаното, го надминува дури и легендарниот Нострадамус. Па, на таа ептен конфузна и, да бидам искрен, прилично плитокумна содржина, ѝ е накалемен еден сочен наслов, додека, пак, крајот на написот е украсен со коментар со „невиден стил и пристап“. Кога сето тоа ќе се искомбинира, добиваме некаков си „медиумски Молотов коктел“, кој експлодира на страниците на

Рецензија: Полни со гнев и омраза опозициските портали и гавази сериозно халуцинираат и дрско лажат

на 1. 12. 2014 | |
  Овој текст недвосмилено е „продолжена рака“. Чија? Не би навлегувале толку во детали бидејќи, конечено, тоа не е поента на оваа анализа. Неразбирлива е потребата еден медиум, преку текст, да се стави во заштита и одбрана на државна институција и на нејзиниот прв човек од содржината во напис објавен на интернет-портал. Значи, барем јас, не гледам новинарска мотивација за овој текст, кој е своевидна, за наши услови, навредливо симплифицирана „Одбрана Сократова“, туку причините за неговото создавање се од сосема поинаква природа, која би можело да се окарактеризира како одмаздничка. Станува збор за напис-реакција, во кој на крајно ниско и вулгарно ниво се прави обид за дискредитација на други новинари-колеги поради материјал во кој се објавуваат елементи, не прецизираме вистинити

„Mршојадско“ новинарство

на 25. 11. 2014 | |
 

[Рецензија: Откриен идентитетот: Мекиќ го прегази момчето пред Католичка]

Трката по „кликови“ и „лајкови“ меѓу медиумите, особено порталите во земјава, веќе сериозно наликува на гладијаторска борба во која, за жал, честопати жртва е публиката. Јавноста е оставена на милост и на немилост на креаторите на текстовите, како овој, во кои на највулгарен начин се прекршуваат новинарските, но и етичките правила, за одредена вест да забележи што е можно поголема

Рецензија: Директорот на БЈБ Чавков и амбасадорот Гарет ќе потпишат Меморандум за соработка

на 21. 11. 2014 | |
Замена на идентитет, ама не Борновиот. Нејзиното Височество, барем, според овој текст – поточно фотографија, доби нов амбасадор во земјава, ама тој некако да ти има познат, стар лик. Пример за многу брзање, a малку мислење. Линк до оригиналниот напис: Директорот на БЈБ Чавков и амбасадорот Гарет ќе потпишат Меморандум за соработка Датум и време на објавување: 17.11.2014 09:08 Датум на рецензирање: 20.11.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

GOOGLE IMAGES SEARCH НЕ Е ЗАМЕНА ЗА НОВИНАРСКИОТ ТРУД

Да расчистиме, не може, барем не во коректен, новинарски текст еден човек, во овој случај амбасадор, да биде претставен со едно име, а илустриран со друга фотографија. Значи еден лик – едно име, друг лик – друго име. Мала асистенција: Кристофер Ивон, поранешен амбасадор

Рецензија: По Путин во Белград, Иванов со светските моќници и Македонците од Србија

на 19. 11. 2014 | | sq
    Ако важи дека „доброто вино, но без добра амбалажа веднаш губи вредност“, тогаш овој текст го потврдува правилото дека лошиот наслов вкупно го нагрдува целиот производ. Непотребното и вонконтекстуалното интервенирање во насловната конструкција е главната причина зошто написот, кој во основа е коректен, сериозно паѓа на скалата на квалитетот. Линк до оригиналниот напис: По Путин во Белград, Иванов со светските моќници и Македонците од Србија Датум и време на објавување: 02.11.2014 15:49 Датум на рецензирање: 17.11.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

ПУТИН ВО НАСЛОВОТ, А НИТУ „П“ ОД ПУТИН ВО ТЕКСТОТ

Генерално, вистинитоста на текстот не е спорна. Станува збор за официјална посета на шефот на македонската држава на Србија, средбите со тамошниот државен врв, учеството на состанокот на

Рецензија: „ШОКАНТНО: Уште еден скандал ја тресе јавноста, но сите молчат?!“.

на 13. 11. 2014 | |
  Неиздржано, непоткрепено, нерагументирано, со целосно отсуство на извори, сензационалистичко и, конечно, крајно шепкулативно дело, кое свое место тешко дека би нашло и во таблоидите од најнизок ранг. Линк до оригиналниот напис: „ШОКАНТНО: Уште еден скандал ја тресе јавноста, но сите молчат?!“. Датум и време на објавување: 02.11.2014 Датум на рецензирање: 10.11.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

БАБА ВАНЃА НЕ БИ МОЖЕЛА ДА ГО „ТРЕФНЕ“ ФУНКЦИОНЕРОТ

Најчеста дефиниција за таблоид е „весник што се концентрира повеќе на сензационалистички „обоени“ информации, проследен со мноштво илустрации“. Откако ќе се спореди ова објаснување со материјалот што го разгледуваме, се поставува прашање дали во овој случај имаме пример за вест која ги исполнува условите да влезе во еден таблоид. Попрецизно, во ваквиот тип новинарски производи

Вака се полудувале момчињата по скопските дискотеки? Можеби, ако скопските дискотеки се преселат во Берлин!

на 7. 11. 2014 | |

[Рецензија на вест со наслов: ФОТО: Е вака се полудуваат момчињата по скопските дискотеки]

Невистина и измама – ете тоа претставува овој материјал за кој навистина е срамно да се каже дека е новинарство. Во него нема, ама баш ништо што може да се окаракатеризира како кредибилен аспект. Негов единствен сегмент што не е лажен, е сензационализмот. Тоа не е доволно да се исполни ниту „м“ од минималните критериуми.  Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Е вака се полудуваат момчињата по скопските дискотеки Датум и време на објавување: 01.11.2014 Датум на рецензирање: 06.11.2014 Рецензент: Владимир Мирчески Имаме работа со една фотовест, без ниту една буква од текст, која треба да ни го покаже „гламурот“ на скопскиот ноќен живот и „понудата“ по

Рецензија: Жерновски и Петковски го маргинализираат Заев

на 3. 11. 2014 | | sq
  Наместо новинарска, кај овој текст неизбежно се забележува јасна и очигледна политичка мотивираност. Имаме продолжение на некаква си „критичка опсервација“ на состојбата во опозицијата, при што средбата меѓу првите луѓе на двата помали партнери во блокот е искористена како основа за „налепување“ на тезата дека таа, всушност, претставува „маргинализирање на претседателот на главната сила во опозицискиот табор“. Силни зборови, кои, за жал, не се поткрепени со аргументи.   Линк до оригиналниот напис: Жерновски и Петковски го маргинализираат Заев Датум и време на објавување: 29.10.2014, 14:42 Датум на рецензирање: 01.11.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

НЕМА НОВИНАРСКИ АРГУМЕНТИ ЗА МАРГИНАЛИЗИРАЊЕ

Не велиме дека, можеби, помалите партнери не му „кројат“ нешто на поголемиот, ама, едноставно, нема никакви реални докази за тоа што е

Рецензија: Граната од Втората Светска војна пронајдена во кумановско

на 29. 10. 2014 | | sq
  Упс, артилериска или рачна граната?! Искрено да кажам, не знам што ќе да е. Едно се зборува во текстот, а друго се приложува во фотографијата. Како и да е, бомба е, ама промашена. Линк до оригиналниот напис: Граната од Втората Светска војна пронајдена во кумановско Датум и време на објавување: 23.10 2014  11:16 Датум на рецензирање:  27.10.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

„WHAT A MISTAKE-A TO MAKE-A!“

 Нема што многу да се трошат зборови за текст од четири реда кој требало да информира дека во Кумановско е пронајдена артилериска граната од, како што се вели, Втората светска војна. Во ред е веста, ама новинарски е целосно промашено „пакувањето“, бидејќи основната информација е „поткрепена“ со сосема несоодветна фотографија. Зошто? Зашто рачна

Рецензија: Позната македонска фолкерка и ТВ водителка со возило усмрти 76 годишен пешак

на 20. 10. 2014 | |
  Една, но сериозна фабричка маана – погрешни инсерти на погрешно место и во погрешно време. Од видеоаспект, кој е еден од клучните елементи на телевизиското новинарство, имаме голема „утка“ која резултира со дезинформирање на јавноста. Линк до оригиналниот напис: Позната македонска фолкерка и ТВ водителка со возило усмрти 76 годишен пешак Датум и време на објавување: 09.10.2014 17:19 Датум на рецензирање: 16.10.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

ВИДЕО КАША – ПОПАРА ЗА ЛОШ ТЕЛЕВИЗИСКИ ПРОИЗВОД

Пример за новинарска каша-попара кога станува збор за „покривањето“ на текстот со видеоматеријал. Во првиот дел се користат инсерти за кои е јасно дека не соодветствуваат на настанот кој се обработува во извештајот. На публиката ѝ е понудена погрешна локализација на трагичната ситуација. Гледаме снимки

Претплатете се за најнови вести