verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: СДСМ со загубена доверба, што и да направи народот не им верува

on 10 - 12 - 2014       

 

2-09876-098-crop-resize

 

Едностран текст, пишуван во манирите на „најдоброто“ агитпропство, материјал кој има многу малку допирни точки со новинарството, а многу повеќе со политичко-партиското „беседење“. Недозволив обид за подметнување обоен памфлет како легитимно информативно четиво. Класичен пример за замајување на публиката.

2Линк до оригиналниот напис: СДСМ со загубена доверба, што и да направи народот не им верува

Датум и време на објавување: 05.12.2014 11:36

Датум на рецензирање: 08.12.2104

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ФЕНОМЕНОТ „НАРОД“ КАКО ПАРАВАН ЗА ПАРТИСКА АГЕНДА

Не е дека нема елементи, секако во многу мали траги, на вистинитост, туку прашањето е како се тие срочени. Поточно, ако преку написов се сакало да се удри по опозицијата зашто работите што ги најавила, а за еден дел е така, не ги исполнила, тогаш начинот на кој тоа се пренесува го предизвикува токму спротивниот ефект – одбивност од тезите и како тие се пласирани. Тоа ниво повеќе одговара на говор изнесен од партиска говорница, а не на текст кој претендира да биде новинарски. Повторно, се среќава феноменот на „народот“ зад кој се затскриваат мотивите на написот, кои очигледно се политички. Преку „народот“ сака да се каже дека сè што прават опозиционерите нема да успее, бидејќи, нели, „СДСМ со загубена доверба, што и да направи народот не им верува“.

Сметам дека „медиумско“ продавање психологија за масите во 21 век во една европска демократија е неприфатливо. Улогата на медиумите е да ја информираат и да ја образуваат јавноста, а не да служат како мегафони за политичка индоктринација.

„Слободата на медиумите е неприкосновено право.

Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија.

Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.

Право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите.

Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и ставовите, ќе придонесуваат за јакнење на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот“, вели Кодексот на новинарите.

Во овој напис јасно е дека безмалку сè од погоре пропишаното е прекршено: почнувајќи од правото на јавноста да биде информирана, преку етичките и професионалните новинарски стандарди, до градењето на демократијата и зајакнувањето на контролата врз власта. Ако се сакало, а нејверојатно не се сакало, се можело да се направи анализа со сериозна критичка опсервација на опозицијата, но притоа од вид да не биде загубена крајната цел – кредибилен производ и крајниот корисник – граѓаните.

Интересно е дека написот е придружен и со видеоиздание од „братска интернет-телевизија“, кое во целост не кореспондира со текстот, иако пораката што ја пренесуваат е иста „Владата е добра, опозицијата не чини“.

Околу изворите на информации во текстот, би можело накусо да се каже дека од целите две страници скроени во своевиден „обвинителен акт“, има само еден јасно прецизиран соговорник, кој, пак, има силно обоен и пристрасен настап. Впрочем, сите изјави на оваа личност во последната година се такви и само се мултиплицираат на разни телевизии, радија, портали и сè во насока на безрезервна поддршка на политиките на владејачката гарнитура, каков што е и материјалот што го обработуваме.

Исто така, пак, како и во серија други текстови од истиот портал, направено е, верувам намерно, мешање на коментарот и на информацијата. Поточно, целиот материјал е проткаен со елементи на коментар, кои не се ни обидуваат да ја прикријат необјективноста и зафаќањето страна:

„Опозицијата нема кредибилитет.  Граѓаните не веруваат во несериозните чекори на раководството на СДСМ кое нема никаква стратегија за свое делување по катастрофалниот пораз од 200.000 гласови разлика на парламентарните избори;

…Освен тоа што на прес-конференции упатуваат низа критики и обвинувања, не нудат ништо конструктивно и нема никаква делотворност во корист на граѓаните.“

За конечна оценка за четивото што подобро од она што е напишано во него:

„Очајните потези и обидите за манипулации се препознаени од страна на граѓаните…“

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

и да и не

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

многу малку во однос на тоа што се е напишано

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

најверојатно е оригинал

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести