verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Силвана Жежова

Двојни аршини: Тарчуловски претставен како херој, Зекири како вахабист!

на 17. 11. 2016 | |

[Рецензија: ЈОХАН БИЛ ВОЕН ЗЛОСТОРНИК: Ама затоа, Адем Јашари и Џемо Хаса се идеалните херои на Зоран Заев и вахабистот Зекири!]

  Текстот што го рецензираме врши политичка, национална и верска дискриминација на членот на СДСМ, Мухамед Зекири, кој е на листата на социјалдемократите во втората изборна единица, нарекувајќи го „исламски радикал и вахабист“. Повод за овој напис, во кој се забележува и  говор на омраза кон Зекири, е неговиот статус на „Фејсбук“  во врска со изборот на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски да биде на кандидатска листа во истата изборна единица, при што тој коментира: „не само криминалци туку и воени злосторници на листата на ВМРО-ДПМНЕ, партнерите на ДУИ, Тарчуловски…“. Линк до оригиналниот напис: ЈОХАН БИЛ ВОЕН ЗЛОСТОРНИК: Ама затоа,

Напади врз неистомислениците на најниско ниво

на 15. 11. 2016 | |
  [Рецензија: ЉУБЕ И КРИМИНАЛНАТА БАНДА: Се проширува списокот на лица кои на 12-ти декември ќе добијат отказни решенија од МВР!]     Насловот на текстот што го рецензираме, а впрочем и целиот текст, упатуваат навреди, но и закани за луѓето кои се во друштво на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, а кои наводно се вработени во МВР. Тие се квалификуваат како криминалци на кои им се заканува отказ по изборите. Притоа не може да се утврди точно зошто овие луѓе би добиле отказни решенија, но од фотографијата која е ставена како поткрепа на текстот,  може да се изведе заклучок дека тоа е само затоа што се во друштво на политички опонент на власта. Имено, неодамна партијата на

Брутален обид за оцрнување неистомисленици

на 12. 11. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Цел свет разбра дека ќе има промени во меѓународните односи, само Соросоидите никако да разберат]

  Насловот на текстот што го рецензираме е тенденциозен и дезинформирачки, бидејќи лепи етикети на луѓе, означувајќи ги како „соросоиди“, затоа што не им се допаднал изборот на Доналд Трамп за претседател на САД. Но, текстот не дава одговор зошто овие луѓе се „соросоиди“ и кој е критериумот за да се заработи таква етикета. Второ, тоа што ним не им се допаѓа кого граѓаните на САД избраа за претседател, не ги става автоматски во категоријата „соросоиди“.   Линк до оригиналниот напис: Цел свет разбра дека ќе има промени во меѓународните односи, само Соросоидите никако да разберат Датум и време на објавување: 09.11.2016, 22:25

Убава репортажа за Македонците на Малта

на 11. 11. 2016 | |

[Рецензија: Во Буџиба може и кафе да се нарача на македонски]

  Текстот што е предмет на рецензија дава интересен приказ за животот на Македонците што работат во Малта. Во него се користат бројки, релевантни извори, изјави од луѓето што работат таму, така што тврдењата во него се поткрепени со факти. Освен светлата страна, текстот ги прикажува и проблемите со кои се соочуваат Македонците за добивање работна дозвола. Приказната е раскажана убаво и збогатена со соодветни податоци, а резултатот е информативен новинарски текст кој лесно се чита и е доста приемчив за пошироката публика. Истовремено, фрла светло врз реалниот проблем што Македонија го има, а тоа е иселување на младото работоспособно население, на кое Малта му е една од дестинациите

Факти удавени во „поплавите“ во Стајковци

на 10. 11. 2016 | |

[Рецензија: „Стајковци пак плива во вода, а власта си свирка и чека избори“]

Насловот на текстот што го рецензираме е тенденциозен и дезинформирачки, бидејќи алудира на тоа дека жителите на Стајковци повторно се поплавени поради врнежите на 8 ноември годинава и дека власта не презела ништо за да им помогне, бидејќи е окупирана со претстојнте избори. Самиот текст е, всушност, нешто што треба да биде вест, базирана единствено врз ФБ-статус на граѓански активист и веќе политичар, без никаков новинарски напор да се проверат фактите за она што се тврди во насловот и во главата од веста. Патем, ваквото тврдење изнесено уште во насловот на текстот, за само еден-два часа за други медиуми го демантираа жителите од Стајковци, кои изјавија дека,

Само да се нападне Заев

на 9. 11. 2016 | | sq

[Рецензија: Заев убеден во поразот, си обезбедува пратеничко место и имунитет!]

Текстот што е предмет на рецензија е коментаторски и најмалку може да се најде во рубриката „вести“. Во насловот  се констатира дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е „убеден во поразот“, што е спротивно на  изјавите што тој ги дава за  изборите на 11 декември, во кои кажува дека е убеден во победа. Ваквиот наслов  го наметнува прашањето зошто некој би учествувал на избори ако се знае дека тоа е однапред изгубена битка?! Линк до оригиналниот наслов: Заев убеден во поразот, си обезбедува пратеничко место и имунитет! Датум и време на објавување: 07.11.2016 Датум на рецензија: 09.11.2016 Рецензент: Силвана Жежова  

ДА СЕ ПРИКАЖЕ ЗАЕВ КАКО ГУБИТНИК

Во насловната

Текст кој веќе го прогласи победникот на изборите

на 19. 10. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Провиден обид за нова деструкција и конфликтност од страна на СДСМ: Повторно наместо проекти и програма сакаат бегство од избори со предвидливи и срамни потези]

    Написот изнесува невистини во однос на дејствувањето на опозицискиот СДСМ, а поводот е тоа што беше предводник на граѓанскиот марш на 11 Октомври. Со маршот, организаторите го одбележаа Денот на востанието во Македонија и испратија порака за слобода, што никаде во текстот не се спомнува, иако е искористена фотографија од тој настан. Ова демократско право на протестирање не може да се доведе во корелација со програмата на СДСМ, која начелно партијата ја претстави на последниот конгрес на 2 октомври, со наслов „План за Македонија“.   Линк до оригиналниот напис: Провиден обид

Удри по Јанева и со виски!

на 17. 10. 2016 | |

[Рецензија: ПРОДОЛЖЕН МАНДАТ ЗА ВИСКИ: По неуспешната средба со Хан, Јанева и тимот на чаша виски во елитен ресторан]

  Пред нас имаме тенденциозен и навредливо интониран напис, насочен кон дискредитација на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и на нејзиниот тим. Прво, текстот не нуди објаснување зошто средбата на Јанева со еврокомесарот Јоханес Хан се оценува како неуспешна, и второ, зошто како единствена причина да ѝ се продолжи мандатот на Јанева се споменува вискито?! Линк до оригиналниот наслов: ПРОДОЛЖЕН МАНДАТ ЗА ВИСКИ: По неуспешната средба со Хан, Јанева и тимот на чаша виски во елитен ресторан Датум и време на објавување: 14.10.2016 Датум на рецензија: 16.10.2016 Рецензент: Силвана Жежова  

„СДСМОВСКА ТРАДИЦИЈА“?!

Текстот уште во насловот ги оцрнува Јанева и

Текст во кој нема вест, туку само навреди

на 13. 10. 2016 | |

[Рецензија: (Видео)КРИМИНАЛЦИТЕ И КОДОШИТЕ НА ЧЕЛО: Збунетите и прелажаните како во трло позади нив!]

  Насловот на текстот што е предмет на рецензија упатува навреди кон учесниците на граѓанскиот марш, нарекувајќи ги политичарите и активистите во првиот ред „криминалци“ и „кодоши“, додека луѓето зад нив ги квалификува како „збунети“ и „прелажани“ – асоцирајќи на овци. Насловот содржи говор на омраза кон учесниците, без да се земе предвид демократското и граѓанско право преку протест да се изрази незадоволството од одредени општествени состојби. Потоа, во текстот воопшто не се споменува поводот зошто политичарите, активистите, уметниците се собраа на граѓанскиот марш, а тоа е да се одбележи Денот на востанието во Македонија – 11 Октомври, со испраќање слободарска порака. Не е споменато дека

Наслов „крстен“ заради политички напад

на 10. 10. 2016 | |

[Рецензија: (ФОТО) СИСТИНА НА ОРЦЕ КАМЧЕВ СЕ ЛИКВИДИРА – РЕЖИМОТ ЗАБРЗАНО ТОНЕ!]

  Насловот на текстот неосновано поврзува правно дејство извршено врз компанија со пад на одредена политичка структура: „Систина на Орце Камчев се ликвидира – режимот забрзано тоне“. Но, пропаѓањето на одредена компанија не значи и паѓање на одреден режим. Иако станува збор за преземен текст, сепак насловот го наведува читателот на погрешно толкување и содржи едностраност и пристрасност. Насловот е тенденциозен со тврдењето „Систина на Орце Камчев се ликвидира“, што упатува дека болницата „Аџибадем Систина“ пропаѓа. Компанијата, пак, испрати демант дека не е предмет на ликвидација.     Линк до оригиналниот напис: (ФОТО) СИСТИНА НА ОРЦЕ КАМЧЕВ СЕ ЛИКВИДИРА – РЕЖИМОТ ЗАБРЗАНО ТОНЕ! Датум и време

Претплатете се за најнови вести