verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст во кој нема вест, туку само навреди

on 13 - 10 - 2016       

infomax-za-marshot

[Рецензија: (Видео)КРИМИНАЛЦИТЕ И КОДОШИТЕ НА ЧЕЛО: Збунетите и прелажаните како во трло позади нив!]

 

Насловот на текстот што е предмет на рецензија упатува навреди кон учесниците на граѓанскиот марш, нарекувајќи ги политичарите и активистите во првиот ред „криминалци“ и „кодоши“, додека луѓето зад нив ги квалификува како „збунети“ и „прелажани“ – асоцирајќи на овци. Насловот содржи говор на омраза кон учесниците, без да се земе предвид демократското и граѓанско право преку протест да се изрази незадоволството од одредени општествени состојби. Потоа, во текстот воопшто не се споменува поводот зошто политичарите, активистите, уметниците се собраа на граѓанскиот марш, а тоа е да се одбележи Денот на востанието во Македонија – 11 Октомври, со испраќање слободарска порака. Не е споменато дека се маршираше против сиромаштијата, за повисоки плати, за работни места, за млади кои сакаат да останат да живеат во родната земја.

 

fireshot-capture-30kriminalcite-i-kodoshite-na-cheloЛинк до оригиналниот напис: (Видео)КРИМИНАЛЦИТЕ И КОДОШИТЕ НА ЧЕЛО: Збунетите и прелажаните како во трло позади нив!

Датум и време на објавување: 11.10.2016

Датум на рецензирање: 13.10.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

АПСУРДНОСТ ВО „ИНФОРМИРАЊЕТО“

На почетокот на текстот се случува еден апсурд во информирањето. Имено, доколку би станувало збор за информативен текст, кој професионално би известувал за настанот, тој би почнал со причините зошто народот на маршот е собран, но написот што го рецензираме пишува за народот што не е дојден. Притоа не се нудат никакви докази дека жителите на Струга и на Кичево не дошле поради, како што се вели, „дволичната и антидржавна политика на Заев“. Овде, исто така, има неосновани напади на политиките на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, за кои не се нудат никакви докази зошто се антидржавни.

„Најголем револт за дволичната и антидржавна политика на Зоран Заев искажале жителите на Струга и Кичево, кои поради калкулирањето со двојазичноста и македонските национални интереси одбиле да ги послушаат партиските повици и се појавиле пет пати помалку од тоа што го планирала централата“.

Во текстот нема поткрепа на тврдењата за пополнетоста на автобусите, ниту фотографија како доказ. Нема ниту извори на информации за празните автобуси, кои, наводно, биле откажани и не тргнале кон Скопје.

 

И АЛБАНЦИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ПРОТЕСТИРААТ

Право на учество на марш и на протест имаат и Албанците, па оттука нема ништо спорно во албанската иконографија, на која текстот се обидува да ѝ даде негативен контекст. Албански знамиња се виорат на сите протести, маршови, митинзи на политички партии доколку во нив учествуваат и Албанци.

„Само 7.000 до 8.000 граѓани се појавија на помпезно најавуваниот и скапо платениот марш на СДСМ/Сорос. Најголемиот дел од нив со полупразни автобуси беа донесени од внатрешноста на држава, а според информациите од теренот во голем број градови, празни автобуси биле откажани и воопшто не тргнале кон Скопје. Впрочем, и тие два автобуси кои тргнале од Струга и Кичево се уверија во албанската иконографија која е во голема мера присутна на собирот организиран од СДСМ/Сорос“.

 

ШПЕКУЛАЦИЈА СО БРОЈКИТЕ

Бројката на присутни граѓани е шпекулативна информација која не може точно да се утврди, а нема докази и за тврдењето дека маршот е „скапо“ платен. Текстот дезинформира и со тоа дека најголем дел од присутните (5.000) биле од Струмица и од Куманово, алудирајќи на градови чиишто градоначалници се од СДСМ. Дали со тврдењето дека егзистенцијата на жителите од овие градови зависи од функционерите на СДСМ, се подразбира и тоа дека во сите други градови каде што градоначалници се од ВМРО-ДПМНЕ, егзистенцијата на луѓето зависи од нив?

„Најмалку 5.000 од присутните беа донесени од Струмица и Куманово каде што нивната егзистенција зависи токму од функционерите на СДСМ“.

Текстот што е предмет на рецензија е коментаторски, дезинформирачки и прикрива информации. Отсуствуваат извори на информации, а нивната вистинитост не може да се потврди. Оттука е несеопфатен и ја извртува вистината со единствена цел – да се минимизира значењето на овој настан.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

нерелевантни,

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести