verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Силвана Жежова

Од ваков текст – само штета

на 16. 08. 2016 | | sq

[Рецензија: Од зелените пазари се враќаме со кеси полни отрови – список на 12 најотровни намирници]

  Наловот на текстот што е предмет на рецензија ја дезинформира јавноста и шири паника меѓу граѓаните за квалитетот на овошјето и на зеленчукот што се продаваат на пазарите. Во него се вели дека на зелените пазари производите, наводно, се полни со отрови. Иако не е исклучена таквата можност, сепак текстот не нуди никакви докази во таа насока. Нема никаква изјава или став од страна на надлежна институција за контрола на квалитетот на храната, во случајот Инспекторат за земјоделство и Агенција за храна и ветеринарство, со што ќе се потврди или ќе се демантира ова тврдење. Притоа, нема наведено од каде се добиени податоците

Мешање баби и жаби за оправдување насилство

на 12. 08. 2016 | |
   

[Рецензија: ВИДЕО: Еве како западните земји се справуваат со уфрлените провокатори како оние на Заев]

  Насловот, но и текстот што е предмет на рецензија, поттикнуваат на насилство, бидејќи на одреден начин се става во одбрана на придружникот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој физички нападна и удри лице кое му искажа забелешка на поранешниот премиер околу санирањето на штетите од невремето. Индиректно, текстот го поддржува ваквото однесување, бидејќи, од друга страна, не го ни осудува. Примерите од другите странски држави што се наведени во текстот се однесуваат на упади на лица на прес-конференции или јавни говори на светските политичари, што е сосема поинаков случај од примерот со Никола Груевски и неговата посета на поплавените подрачја. Притоа,

Кој е мајка, а кој маќеа на граѓаните во поплавените подрачја?

на 11. 08. 2016 | |
   

[Рецензија: СДСМ со црна кампања против Груевски зошто е на терен и се труди да помогне во организирање со справувањето со поплавите и помага на погоденото население]

Текстот што е предмет на рецензија е коментаторски, едностран и политички пристрасен. Целта е на опозициската партија СДСМ да ѝ се припише негативен однос кон граѓаните од поплавените подрачја и политички да се поентира за владејачката партија. СДСМ се обвинува за наводна црна кампања која ја води против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, иако материјалот не нуди никакви докази за тоа. Насловот е тенденциозен и шири дезинформации.   Линк до оригиналниот напис: СДСМ со црна кампања против Груевски зошто е на терен и се труди да помогне во организирање со справувањето

Извртување на вистината за да се оцрни СЈО

на 21. 07. 2016 | |

 [Рецензија: Катица Јанева продолжува со обидите незаконски, преку политички спектакли да го урива угледот на функционери на ВМРО-ДПМНЕ]

  Насловот, но и текстот што е предмет на рецензија е спин, бидејќи ја извртува вистината за улогата на Специјалното јавно обвинителство во однос на предметите што ги опфаќа. Без никакви докази, СЈО се обвинува за режирање на „политички спектакли“ преку кои, наводно, се урива угледот на функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа, наспроти ваквото тврдење за СЈО и за случајот за градоначалникот на Битола, Владимир Талески, стои фактот дека тој беше во куќен притвор, мерка што му ја одреди Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1. Тој е првоосомничен во случајот „Транспортер“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Но, за овој случај,

Сензационализам што го гази достоинството на загинатите

на 19. 07. 2016 | | sq
   

[Рецензија: Кичево во шок, две деца останаа без мајка – Сведоштва за трагедијата]

  Текстот што е предмет на рецензија пишува за сообраќајната несреќа што во саботата приквечер се случи на патот Гостивар – Кичево, во која животот го загубија тројца патници, чиј идентитет во текстот е откриен. Станува збор за граѓани на Кичево, кои не се јавни личности и нивните имиња и презимиња не требало да бидат објавени. Според членот 8 од Кодексот на новинарите на Македонија, „начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми“. Овој текст уште во самиот наслов, „Кичево во шок, две деца останаа без мајка – Сведоштва за трагедијата“, содржи

Текст што поттикнува насилство

на 19. 07. 2016 | | sq
 

[Рецензија: СДСМ во очај: Се потсмева на жрвите во Турција и повикува на крвави вооружени пресметки во Македонија]

  Текстот што е предмет на рецензија поттикнува насилство, неосновано обвинувајќи ја најголемата опозициска партија дека повикува  „на крвави пресметки во Македонија и слика исто како во Турција“. Истовремено, СДСМ  е обвинет и дека се „потсмева на жртвите“, алудирајќи дека го посакува истото на сопствениот народ. Насловот, како  и написот, не нудат никакви докази во оваа насока, освен статуси на лица активни на социјалните мрежи, кои се наменски и паушално толкувани (инаку, некои од нив воопшто и не се членови на оваа партија). Настрана тоа што  нивните поединечни статуси без разлика дали некои од личностите имаат партиска припадност, не

Еднострана „анализа“ за еврообврзницата

на 15. 07. 2016 | |
 

[Рецензија: Еврообврзница ќе внесе свеж капитал во стопанството]

Текстот што е предмет на рецензија е едностран бидејќи ги презентира ставовите на експертите кои на некој начин го оправдуваат новото задолжување на државата со еврообврзницата со рекордни 650 милиони евра. Во него воопшто не се зема предвид и другата страна, односно реакциите на политичките партии, аналитичарите, коморите, кои предупредуваат на негативните последици од преголемото задолжување. Во оваа анализа, изнесени се ставови на аналитичари кои се за задолжувањето, а отсуствуваат аргументите против, и оттука станува збор за текст што е несеопфатен и пристрасен.   Линк до оригиналниот напис: Еврообврзница ќе внесе свеж капитал во стопанството Датум и време на објавување: 13.07. 2016, 08.43 Датум на рецензирање: 14.07.2016 Рецензент: Силвана Жежова  

Срамен лов на кликови

на 14. 07. 2016 | |
   

[Рецензија: ТИ Е*АМ ТОА ВЕЃАТА ГРУЗИЈСКА: Само Саше Шамарлитико го брани Алекс Ружин, сопартијците бришат под со синот на Нано Ружин!]

    Текстот што е предмет на рецензија е насочен кон брутална дискредитација на членот на Либерално-демократска партија, Александар Ружин. Приватниот живот, како и неговите активности на социјалните мрежи воопшто не се од јавен интерес, па читачката публика да биде соочена со вулгаризми и со уличен јазик во статија која воопшто не може да се нарече новинарски производ, бидејќи не задоволува ниту еден стандард. Освен кон Александар Ружин (неговото правилно име не е употребено ниту еднаш во текстот), лични навреди се упатени и кон неговиот татко, поранешниот амбасадор, политичар и универзитетски професор Нано Ружин.   Линк до

Дојранско Езеро е чисто – градоначалникот така кажа!

на 13. 07. 2016 | |
 

[Рецензија: Во Дојранско се капат сите – се одржа и Крштевка и свадба]

  Текстот што е предмет на рецензија не го штити јавниот интерес на луѓето, односно нивното здравје, туку на секој можен начин се обидува да „докаже“ дека водата во Дојранско Езеро е добра за капење. Како „докази“ за чистотата на водата се земаат изјавите на градоначалникот на Дојран, Борче Стамов, и на граѓаните кои се капеле во езерото. Анализата на Центарот за јавно здравје Велес, пак, покажа дека водата во езерото на четири места е загадена, но, според написот, таа е ирелевантна. Доволно било тоа што Општина Дојран ја оспорила забраната за капење на четири плажи издадена од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, за да не

„Профитери“ од протести?!

на 21. 06. 2016 | |

[Рецензија: “Шарените“ имаат нова тезга- протестираат во Нови Сад]

  Текстот што е предмет на рецензија има интенција да ја претстави „Шарената револуција“ како профитна организација која протестира за пари. Наводно, демонстрантите кои учествуваат во неа, протсетирале и во Нови Сад за смената на уредниците на Радио-телевизија „Војводина“. Материјалот се повикува на пишувања на одредени српски медиуми, без посочување на линкот од кој може да се види што навистина пишува. Насловот е тендензиоцен и сака да покаже дека учесниците во „Шарената револуција“ профитираат од протести и работа им е да си наоѓаат „тезги“ за протестирање. Линк до оригиналниот напис: “Шарените“ имаат нова тезга- протестираат во Нови Сад Датум и време на објавување: 15.06.2016 Датум на рецензирање: 16.06.2016 Рецензент: Силвана Жежова

Претплатете се за најнови вести