Удри по Јанева и со виски!
Објавено во Рецензии
on 17 - 10 - 2016 Автор: Силвана Жежова[Рецензија: ПРОДОЛЖЕН МАНДАТ ЗА ВИСКИ: По неуспешната средба со Хан, Јанева и тимот на чаша виски во елитен ресторан]
Пред нас имаме тенденциозен и навредливо интониран напис, насочен кон дискредитација на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и на нејзиниот тим. Прво, текстот не нуди објаснување зошто средбата на Јанева со еврокомесарот Јоханес Хан се оценува како неуспешна, и второ, зошто како единствена причина да ѝ се продолжи мандатот на Јанева се споменува вискито?!
Линк до оригиналниот наслов: ПРОДОЛЖЕН МАНДАТ ЗА ВИСКИ: По неуспешната средба со Хан, Јанева и тимот на чаша виски во елитен ресторан
Датум и време на објавување: 14.10.2016
Датум на рецензија: 16.10.2016
Рецензент: Силвана Жежова
„СДСМОВСКА ТРАДИЦИЈА“?!
Текстот уште во насловот ги оцрнува Јанева и нејзините колеги во СЈО, за потоа во содржинскиот дел да им припише однесување кое, наводно, го имале социјалдемократите.
„И како што налага СДСМ-овската традицја, по секоја неуспешна рунда преговори, плачење и молење крајот секогаш треба да се „залие“ со чаша квалитетно виски, на елитна локација по можност на периферијата на Скопје или покрај Вардар на свеж воздух“.
Прашањето е: зошто одредена „сдсмовска традиција“, за која патем и нема докази, се поврзува со однесувањето на тимот на Јанева фатен во голем „ грев“ – една неформална средба во некоја кафеана? Секој функционер, политичар има право на приватен живот и времето поминато надвор од работното време не е од интерес на јавноста. Во конкретниот случај, фотографијата што Јанева ја објави на својот профил на „Фејсбук“ е злоупотребена за дискредитација на работата на Специјалното јавно обвинителство.
ШПЕКУЛАЦИИ
Понатаму текстот продолжува со шпекулации и со дезинформации за средбата меѓу Хан и Јанева.
„Денешната посета на евро-комесарот Јоханес Хан, која од страна на Јанева беше искористена за молење комесарот да изврши поголем притисок врз лидерите на партиите во Македонија со цел продолжување на нејзиниот мандат не вроди со плод, откако Али Ахмети јасно му предочи на Хан дека за таква операција нема време, и дека за да се оствари нешто такво ќе треба нови преговори“.
Во него никаде не стои дека по средбата Јанева изјави дека разговарале за проблемите со кои се соочувале во минатото и како ќе функционираат во иднина. Во однос на работата на СЈО, Хан даде изјава во која истакна дека добил уверување од сите политички партии дека ќе ја поддржат работата на ова институција и дека секој судски систем треба да работи независно без да се злоупотребува.
Финишот на објавата е во истиот стил – „натопен во виски“:
„Поразени од последните вести, Катица Јанева заедно со Фатиме Фетаи и останатите обвинители решија последните денови од кариерата како специјални обвинители да ги „залијат“ со виски, на луксузна локација во близина на реката Вардар.Останува прашањето сепак, Фатиме пиеше виски или коњак“.
Сепак, не може да се тврди дека ова се „последни денови од кариерата како специјални обвинители.“ Откако владејачкото мнозинство на пленарна седница гласаше против, пратеникот Павле Трајанов на 5 октомври до Собранието ги поднесе предлог-измените на Законот за Специјално јавно обвинителство (за продолжување на рокот за истраги) и на Законот за заштита на сведоци за разгледување во редовна постапка. Собранието сè уште не е распуштено (16.10.2016) и рано е да се даваат категорички тврдења за тоа како ќе заврши кариерата на специјалните обвинители.
Текстот го свртува вниманието на јавноста од суштинските теми за работата на СЈО, а третира прашања кои се сосема неважни за граѓаните – во кои ресторани одат и што пијат специјалните обвинители.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови