verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Наслов „крстен“ заради политички напад

on 10 - 10 - 2016       

centarnews-za-sistina

[Рецензија: (ФОТО) СИСТИНА НА ОРЦЕ КАМЧЕВ СЕ ЛИКВИДИРА – РЕЖИМОТ ЗАБРЗАНО ТОНЕ!]

 

Насловот на текстот неосновано поврзува правно дејство извршено врз компанија со пад на одредена политичка структура: „Систина на Орце Камчев се ликвидира – режимот забрзано тоне“. Но, пропаѓањето на одредена компанија не значи и паѓање на одреден режим. Иако станува збор за преземен текст, сепак насловот го наведува читателот на погрешно толкување и содржи едностраност и пристрасност. Насловот е тенденциозен со тврдењето „Систина на Орце Камчев се ликвидира“, што упатува дека болницата „Аџибадем Систина“ пропаѓа. Компанијата, пак, испрати демант дека не е предмет на ликвидација.

 

 

sistinaЛинк до оригиналниот напис: (ФОТО) СИСТИНА НА ОРЦЕ КАМЧЕВ СЕ ЛИКВИДИРА – РЕЖИМОТ ЗАБРЗАНО ТОНЕ!

Датум и време на објавување: 03.10.2016

Датум на рецензирање: 10.10.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

ПОМЕШАНИ ИМИЊАТА

Почетокот на текстот го дава вистинскиот правен назив на компанијата која е предмет на ликвидација, а тоа е „Систина медикал“, што од насловот на текстот не може да се утврди. Во демантот на „Аџибадем Систина“ стои дека „Систина медикал“ работела сè до отворањето на клиничката болница „Аџибадем Систина“, а според законот, со оглед на тоа дека компанијата „Систина медикал“ повеќе нема активности, како и дозвола за работа, мора да биде спроведена постапка за ликвидација.

„Во службен весник број 176 објавена е намера за ликвидација на Приватна здравствена организација – Специјална болница по гинекологија и акушерство „Систина медикал“, информира проталот Актуелно. За ликвидатор е назначена Ратка Куноска-Камчева“.

И со ова тврдење во текстот, на граѓаните им се сервисира погрешна информација. Од текстот не може да се заклучи за која компанија што се ликвидира станува збор, па оттука ликвидацијата ја поврзуваат со постоечката болница. Со оглед на тоа дека станува збор за болница, ова може да предизвика одреден вид паника кај граѓаните.

 

ДОДАДЕНОТО ГО „ЗАБИБЕРИЛО“ ТЕКСТОТ

„Засега нема информации во јавноста зошто се ликвидира една од најпознатите фирми на бизнисменот Орце Камчев“.

Текстот што го рецензираме користи официјален извор – „Службен весник“, и доколку веста се пласирала како информација со името на компанијата која се ликвидира, не би имало ништо спорно во него. Но, заедно со произволното толкување на еден правен чин ставен во политички контекст, се пласира наслов кој е тенденциозен, што ги дезинформира читателите.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

Претплатете се за најнови вести