verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Пиши „лековит крст во џамија“ и собирај кликнувања!

on 10 - 10 - 2016       

pres-24

[Рецензија: Се појави крст во џамија: Силната светлина излекува болни луѓе]

 

Збунувачки текст без релевантен извор, кој е само преземен и преведен од српски медиум, без притоа да се проверат информациите што ги нуди. Напис објавен само да собира кликнувања.

se-pojavi-krst-vo-dzhamija-silnata-svetlina-izlekuva-bolni-lugje-press24Линк до оригиналниот напис: Се појави крст во џамија: Силната светлина излекува болни луѓе

Датум и време на објавување: 06.10.2016, 11:23

Датум на рецензирање: 10.10.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

 

ЛЕКОВИТ КРСТ!

„Во една од џамиите во Насарава се покажа крст што стотина од присутните верници останаа во шок, а многу од нив тоа го сметаа за чудо.
Главниот имам на џамијта потврдил дека е виден крст во џамијата и го нарече тоа „знак од Бога“.“

Написот не дава одговор кога се случило ова, ниту поконкретно посочува каде се случило. Насарава е држава во Нигерија, но не сите го знаат тоа, па оваа информација е нецелосна. Исто така, нема податок за која џамија станува збор ниту, пак, кој е главниот имам што ја дал изјавата.

Нема ни конкретно објснување за каков крст станува збор, како и каде се појавил.
Освен изјавата од анонимниот имам, има изјава и од друга личност, за која исто така не се знае која е, дали е жителка на местото или, пак, станува збор за нешто друго.

Но, затоа се тврди дека крстот е или бил (не е јасно од текстот дали уште постои) лековит. Во самиот наслов се тврди дека крстот лекувал луѓе (множина), а во текстот има само нецелосна изјава од една личност што, наводно, била излекувана.

„Некои од верниците оваа појава ја анализираат како „знак на смирување во друштвото“, една верница тврдела дека се излекувала кога ја посетила џамијата.
– Бев на операција пред две години и почнаа промените во моето тело. Се молев пред крстот и сега сум излекувана, рекла Грејс Ејз“.

Оваа изјава е нејасна, збунувачка и нецелосна. Нема информација какви се промените што ги почувстувала жената која е цитирана во текстот, на каква операција била и која е болеста од која, наводно, ја излекувал крстот. Нема податок во каква ситуација била пред и откако се молела на крстот.

 

МАНИПУЛАЦИЈА

Во текстот нема друга потврда дека настанот навистина се случил. Нема никаква слика ниту видеодоказ, иако во написот се тврди дека настанот го забележале многу верници, па речиси е невозможно никој од нив да не го документирал наводното чудо.

Сликата која е употребена во овој текст не е директна фотографија од настанот за кој се тврди дека се случил, туку е само илустрација. Ова не е јасно наведено во написот, па читателот може да добие погрешен впечаток.

Сè на сè, овој текст без ниту една потврда оддава впечаток дека настанот не се случил навистина, туку дека со него се манипулира јавноста. Новинарот, како што е пропишано во Кодексот на новинари, мора да ја провери точноста на информацијата и доколку станува збор за шпекулација, тоа јасно да го истакне, а не да ја манипулира јавноста.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.
Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.(член 1)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести