verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Рецензија: Високи штикли и црни чорапи, голи рамења, сукњи над колена…

на 12. 12. 2014 | |
  Според повеќемина теоретичари на медиумите, таблоидизацијата е процес на префрлање на интересот на медиумите од јавниот интерес, кој влече теми од политиката, економијата и од социјалните прашања, на теми од естрадата, шоу-бизнисот, стилот на однесување и навиките на познатите и на скандалите од која било природа и од криминалот. Следната карактеристика на таблоидизацијата на вестите е што тие сега во центарот ги имаат луѓето од споменатите сфери, а не настаните. („Таблоидизација: ММЕ кој прв почна?“) Пред нас имаме еден таков текст за рецензија. Освен тоа, јазикот на кој говори овој текст е јазик на коментирање. Тој не е анализа, тој не е објективна новинарска приказна која својата градба ќе ја потпира врз изјави и врз мислења на засегнати, инволвирани

Рецензија: ЗНМ за медиумите на Сорос мајка, за сите други маќеа

на 5. 12. 2014 | |
  Веќе подолго време политичката пресметка од традиционалните политички арени е префрлена на медиумската сцена. Веднаш да појасниме: далеку од тоа дека медиумите не се политичка арена – напротив. Проблем е што е изместена перспективата и што наместо здрава политичка битка и дебата на различни концепти и на нивните аргументи, ние сме сведоци на политизација на медиумскиот простор во која „дебатата“ е ад хоминем, на лично рамниште, на ниво на страсти и на ниво на категорична исклучивост – или вие или ние. Последица на тие состојби е текстот што го рецензираме. Оваа медиумска содржина е објавена во рубриката за вести насловена „Македонија“, потпишана е со името на медиумот и, соодветно на тоа, подложна е на рецензија за нејзините професионални вредности,

Псевдонастани: Раскошна претстава на бедата – Extended & Upgraded

на 13. 10. 2014 | |

[Рецензија на новинарскиот текст со наслов „Македонското едноумие беше античка демократија за правилата на унијата“]

Новинарскиот текст што го рецензираме носи датум од 7 октомври, но објавен е на 8 октомври во печатеното издание на медиумот. Ова е битно да го напоменеме зашто истиот ден главна вест беше извештајот на еврокомесарите од Брисел за напредокот на нашата земја во евроинтеграциите и многу е важно да се има предвид кога се чита оваа медиумска содржина, зашто само така веднаш станува јасно зошто е стокмена и каква е нејзината цел. Тоа е еден од оние „неприродни“, псевдо новинарски текстови со своја агенда да го „одвлекува“ вниманието на јавноста кога за тоа има причина. Медиумот проценил дека на 8 октомври ќе имаат причина

ТВ Дневник: Извештајот од Брисел и фрустрациите на еврокомесарите

на 10. 10. 2014 | |
 

Наместо објективен и сеопфатен  новинарски извештај за сите забелешки на еврокомесарите во кои доминира зборот „назадува“, иако препораката останува, добивме медиумска содржина во која за најсериозните обвинувања за политичкиот дијалог, за назадувањето во сферата на медиумските слободи и реформите во судството, меѓуетничките односи, како и дека Македонија има сериозни законодавни и процедурални проблеми во изборите, имаше само една полуреченица.

 

Пишува: Зоран Бојаровски

  Осми октомври беше денот во

Рецензија: Стискаат лајкови на реклами за да заработат пари

на 9. 10. 2014 | |
Површно, многу површно е направена оваа новинарска сторија за можностите за заработувањето на интернет. И сосема е во право читателот на Сервисот за проверка на фактите од медиумите (СПФМ), кој вели дека „Текстот е неинформирачки и повеќе би го завел неупатениот читател, отколку што би го навел конкретно да дознае за можниот бизнис сугериран во насловот. “ Најголем и суштествен проблем на оваа медиумска содржина се изворите: две личности, од кои едната заработила нешто, а другата сѐ уште очекува да ги добие парите за кои смета дека ги заработила и „форумите на социјалните мрежи,“ кои никако не може да се сметаат за извори на кои еден професионален новинар би се повикувал. Линк до оригиналниот напис: Стискаат лајкови на реклами

Рецензија: Пронајден труп во распаѓање, се претпоставува дека е на младата Дениса

на 7. 10. 2014 | |
Парадоксално, но во првиот момент, кога ќе стигне информација за трауматичен настан во редакцијата, новинарите и уредниците велат: „Имаме добра сторија денеска…“. Новинарскиот инстикт и адреналин започнуваат да работат. Така вели новинарската лекција „Новинарите и трауматичните настани“ Во тој момент, ниту новинарите, ниту нивните уредници, ниту, пак оние кои најнепосредно погодени од траумати;ните настани, не сфаќаат како тие влијаат на нив. Бидејќи се многу важни, препораките за известување за трауматични настани се вклучени и во Кодексот на новинарите во член 8. За нашата рецензија е битен првиот став од овој член: „Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми.“ Линк до оригиналниот напис: Пронајден труп

Рецензија: За СДСМ Скопје 2014 сега е гламур, а го оценуваа како кич

на 30. 09. 2014 | | sq
Во текстот што го рецензираме нема ништо од една од најбитните препораки на сите новинарски кодекси и правила – професионална дистанца од политичките субјејкти и непристрасно и избалансирано известување како што налага и Кодексот на новинарите во членот 14: „Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.“ Независноста на духот и на мислата, заедно со новинарската позиција на неутралност, се принципите во фокусот на новинарството. Застапувајќи ја независноста и неутралноста, новинарите не треба да ја преминат линијата која ќе ги одведе во ароганција. Линк до оригиналниот напис: За СДСМ Скопје 2014 сега е гламур, а го оценуваа како кич Датум и време на објавување: 30.09.2014, 11:23

Рецензија: Што сакаше да каже Денко Малески?!?

на 29. 09. 2014 | |
Интересен е текстот што во својот наслов поставува прашање „Што сакаше да каже Денко Малески?!?“, а не дава одговор. Текстот ниту демантира, ниту докажува дека е нешто спорно во изјавата на Малески. Напротив, не сакајки ја потврдува тезата на Малески, кој истакнува дека Американците укажуваат на суштината на проблемот: тој не е во името, туку во идентитетот. Му се допаѓало тое некому или не. Уште повеќе, што, како што наведува Малески, Американците, вклучувајќи го и новоименуваниот амабасадор во Република Македонија, Џес Бејли, мнозинското население во нашата држава го препознаваат како етникум со словенски корени. Така учат во САД. Тоа што деканот на универзитетот Јејл, господин Стерлинг, за време на посетата на нашиот претседател на оваа восокообразовна институција рекол

Рецензија: Дали Урко „паднал“ оти премиерот мислел дека почнал да го шпионира?!

на 25. 09. 2014 | |
Текстот не го почитува членот 1 од Кодексот на новинарите, кој во еден свој став дозволува новинарскиот текст да содржи шпекулативни информации, но само и само доколку новинарот наваде и понуди доволно уверливи докази дека биле направени сите постапки и контактирани сите релевантни извори озборувањата од кои е направена оваа медиумска содржина да се претворат во факти. Еве што препорачува и што сугерира членот 1 од Кодексот на новинарите: „Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа

Нема само една вистина, нема една Македонија

на 24. 09. 2014 | |

Од новинарите се очекува да имаат јасни и професионално соодветни правила за тоа како објавуваат факти и мислења и на кој начин на публиката ќе ѝ стават до знаење што е што. Зашто, од поголемиот дел од медиумската публика не можеме да очекуваме да бидат медиумски писмени за секогаш да разликуваат факти од мислења.

  Пишува: Зоран Бојаровски   Новинарите се постојано соочени со предизвикот како да се известуваат за

Претплатете се за најнови вести