verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Оркестрирано новинарство

на 10. 02. 2015 | |

[Рецензија: „Вечер“: Заев сниман со законска дозвола, фајловите кај Заев се криминални и шпионски]

Колку и да се трудите да најдете оправдување и аргументи за насловот на оваа медиумска содржина, нема да најдете. Ништо не е испочитувано од дел од преамбулата на Кодексот на новинарите која вели: Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и на ставовите, ќе придонесуваат за зајакнување на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот. Следуваат аргументите што имаа намера да ги поткрепат нашите почетни ставови од оваа рецензија. Линк до оригиналниот напис: „Вечер“: Заев сниман со законска дозвола,

Рецензија: Џорџ Сорос стана сопственик на Млекара Битола?!

на 9. 02. 2015 | | sq
  Стереотипите се непријател на доброто новинарство. Во текстов е занемарено ова предупредување и потклекнато е пред еден од стереотипите што доминираат во медиумски исконструираната реалност кај нас, оној за милијардерот и филантроп Џорџ Сорос. Со тоа е изместен фокусот на сторијата и наместо сторија за придобивките од оваа наводна финансиска зделка, на публиката ѝ се нуди стереотипизирана содржина. Линк до оригиналниот напис: Џорџ Сорос стана сопственик на Млекара Битола?! Датум и време на објавување: 03.02.2015, 15:11 Датум на рецензирање: 06.02.2015 Рецензент: Зоран Бојаровски Наместо авторот на содржината да се позанимава посеризоно со вистинитоста на сторијата за компанија која ни е тука, во соседството, тој ни ги пренесува шпекулациите од некој друг медиум. Навистинна, дали е потребно којзнае каква креативност

Бисери пред свињи

на 4. 02. 2015 | |

(Рецензија на „ФОТО: „Заев е предавник кој треба заврши во Идризово“)

Има една силна библиска алегорија која најдобро ја опишува намерата на оваа рецензија: „Бисери пред свињи“. Христос во Беседите на гората им го кажал тоа на своите ученици со намера да ги подучи да не им го откриваат знаењето и да не им даваат на оние што не знаат да ценат и да почитуваат, оние кои не се кадарни да примат. Тие не само што не се во состојба да почитуваат и да примат учење, туку тоа што им го давате, го злоупотребуваат против вас. Оваа рецензија се пишува со тоа чувство, кога знаете дека оној што ја предизвикал нема рецептори за да ги прими укажувањата на јавноста, на

Студија на случај за медиумска манипулација

на 29. 01. 2015 | |

(Рецензија на текстот „Пропаганда на Сорос експресно пренесена од СДСМ и од опозициските медиуми“)

  Еве една медиумска содржина која може да послужи како идеална студија на случај за новинарска манипулација. Текстот што го рецензираме реагира на поддршката на медиумите на една прес-конференција на главната опозициска партија, која објави резултати од годишното истражување на Институт „Като“ од Вашингтон, САД (The World Misery Index 2014). Тие резултати соопштуваат дека Република Македонија е 12. најмизерна земја на светот. На прво место е Венецуела, а потоа следуваат Аргенитина, Сирија, Украина, Иран, Бразил, Сао Томе и Принчипе, Србија, Jамајка, Јужна Африка и Судан. Уште две работи се битни за да ја врамиме оваа рецензија: прва, индексот на мизерија на Институтот „Като“ е формула во

Рецензија: Крик за слобода на албанските актери – На претстава со транспарент „Остави ме да дишам“

на 27. 01. 2015 | | sq
  Оваа рецензија нема дa има повеќе од три реченици. Толку колку што ги има веста што ја рецензираме: Сосема непрофесионално и недозволиво е да се измислува или накалемува нешто на некој настан или некоја порака. Ниту на настанот, ниту на пораката на транспарентот што актерите на Албанскиот национален театар од Скопје го раширија на крајот на претставата пред тетовската публика нема ништо за „задушеноста на општеството,  на слобода и правата на граѓанинот!“, како што се „фантазира“ во рецензираниов текст. Има само порака како знак на протест кој се однесува на страшното загадување на воздухот во Тетово. Линк до оригиналниот напис: Крик за слобода на албанските актери-На претстава со транспарент „Остави ме да дишам“ Датум и време на објавување: 23.01.2015,

Крај на новинарството какво што го знаеме или иднината на новинарството

на 26. 01. 2015 | |
Претскажување – каква е иднината на новианрството? Lady and the fortune teller, New Orleans, LA. Фото; rickz, 2005   Во противречноста на овој наслов се крие суштината на темата: Дали на средината од втората декада на 21 век сме на прагот на новиот оптимизам за иднината на новинарството, за кое многумина немаа визија кога традиционалоното новинарство се судри со новите технологии, интернетот и со социјалните мрежи и кога сите мислеа

Три работи не можат да се скријат: сонцето, месечината и вистината

на 22. 01. 2015 | |

(Рецензија: „Немаат етика и глумат суд на инквизиција против земјите во развој“)

Во ерата на интернет и комуникациска поврзаност на целиот свет, особено на меѓународните институции, можеме да оцениме дека е крајно непримерно да се пишува текст за една меѓународна новинарска организација како што е „Репортери без граници“ и да се пласира теза дека таа го загубила консултантскиот статус во УНЕСКО, како една од најугледните организации за надглеување на слободата

Рецензија: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го поддржува Предлог-законот за високото образование

на 21. 01. 2015 | | sq
  Овој медиум ѝ отстапува преголем простор на оваа информација незаслужено и со тоа демонстрира отворена пристрасност. Како прво, се работи за соопштение на владејачка партија која го предложи законот и ги отфрли сите аргументи против него. Како второ, создаде поларизација во општеството и предизвика нови поделби… Освен тоа, медиумот е злоупотребен да пренесе лага со овој пасус: „… Идејата за носење на ваков тип на Закон, наиде на позитивни реакции во јавноста бидејќи ова решение ќе допринесе за поквалитетно воспитание и образование…“ Најблаго е да се каже дека овие измени на Законот за високо образование предизвикаа барем поделеност, а никако (само) позитивни реакции. Некој ќе рече дека ова е соопштение или прес-конференција на една партија, но тоа не е

Рецензија: Нема ништо сомнително во видеото со убиството на полицаецот

на 15. 01. 2015 | |
  Овој текст самиот си ја поткопува аргументацијата за употреба на „извори кои сакале да останат анонимни“, со тоа што во истиот текст, во рамка, е објавено мислење на израелски експерт со име и со презиме. Што е тоа што ја прави разликата меѓу нашите и израелските експерти? Дали редакцијата треба секогаш да им дозволува на таканаречените експерти за бидат анонимни? Што ќе изгубела редакцијата ако му рекла на анонимниот експерт „Не! Твојата експертиза како анонимен е безначајна. Потпиши се за да има релеванциија и твоето мислење и нашиот текст!“ Така требало да изгледа една замислена ситуација, во која новинарите се „натегаат“ со изворот „кој инсистира да остане анонимен“. Во својата анализа „Професија – експерт“, професорката Најчевска нагласува дека: „Експертските

Рецензија: Како се носеше одлуката да не се учествува на дебата?

на 12. 01. 2015 | | sq
  Одамна нашата новинарска практика заборави дека е можно поинакво мислење, такво кое отстапува од владејачкото или од преовладувачкото. И заборава дека и тоа мислење треба да има рамноправен третман од медиумите. Така вели, меѓу другото, и преамбулата на Кодексот на новинарите: Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и ставовите, ќе придонесуваат за јакнење на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот. Но, тоа е само една од повеќето аномалии на оваа медиумска содржина. Линк до оригиналниот напис: Како се носеше одлуката да не се учествува на дебата? Датум и време на

Претплатете се за најнови вести