verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Злоупотребена слобода на говор

на 21. 04. 2015 | | sq

[Рецензија: Во судската постапка за „Пуч“ треба да се изречат најстроги казни]

  Најмалку четири члена од Кодексот на новинарите се прекршени во медиумската содржина што ја рецензираме. Најтешко е повреден вториот став од членот 8, кој прецизно нагласува: Во судските постапки треба да се почитува принципот на пресумпција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда. Во медиумската содржина која, во основа се пренесени акценти од учеството на „аналитичарот“ во некоја ТВ-емисија, за која не се наведува ниту нејзиниот наслов, ниту времето на емитување, како основни податоци за да има публиката oриентација за контекстот и за времето, се прекршени уште неколку суштински професионални стандарди на кои во последните извештаи на

Не се препорачува за деца помлади од 12 години, неопходен е надзор од родител

на 15. 04. 2015 | | sq
  Авторот на рецензијата на оваа медиумска содржина не би сакал во ниту еден момент да биде морализатор или, далеку било, цензор, но мораме да признаеме дека предлогот на читателот да го анализираме овој „текст“ придружен со галерија фотографии, нè поттикна да ги земеме предвид неговите забелешки. Читателот, кога го предложи овој текст за рецензија, ни напиша: „Како загрижен родител на две малолетни деца, барам од вас да се анализира веста и ваше мислење дали нашите деца треба ова да го читаат без некакво предупредуване дека не е за мали деца? Синчето сабајлево ме прашува: „Тато која е оваа дискотека и зошто досега не сме биле таму“, а има само 14 години. Апелирам до сите загрижени родители од ваквите вести,

За фурнаџиските аргументи во новинарството

на 11. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: Зоран Заев е “фурнаџиска лопата”!]

  Познати се искуствата во новинарството, особено во она политичкото, кога медиумските содржини се употребуваат за да извалкаат некои политичари. Во таквите текстови тоа се прави според принципот ad hominem, а на според ad argumentum. Односно, не се битни аргументите на некој што застапува одредени полититки или политички ставови и затоа медиумскиот фокус треба да биде насочен кон обезвреднување на неговата личност. Ајде да видиме дали медиумската содржина што е предмет на рецензија тука, има допирни точки со ваквото новинарство. Текстот што го рецензираме тргнал од тоа да се формира од мислења. Избрани се двајца „паранормалци“, односно личности што имаат одредени паранормални способности, ама и одредени политички склоности, бидејќи мислењата што

Информирањето потклекнато пред трката по „предавници“

на 11. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: Граѓаните масовно се потпишуваат на иницијативата Заев да биде прогласен за велепредавник (видео)]

  За што известува и раскажува оваа „новинарска“ сторија? За да не погрешиме, еве ја „главата“ на оваа вест: „Вечерва во Автокоманда се отвора граѓанска иницијатива за поведување на постапка за одговорност за велепредавство на Зоран Заев. Граѓаните во редици чекаат да го стават својот потпис на оваа иницијатива.“ Оваа реченица јасно опишува од кој настан е оваа информација и за што станува збор. Она што го отвора како дилема оваа информација е, ако на организаторот на овоj настан не му е јасно во што ги вовлекува граѓаните, дали медиумите немаат обврска да го разјаснат контекстот во кој е ставена оваа иницијатива и дали граѓаните

Новоговорот на пропагандата

на 30. 03. 2015 | | sq
Цртеж од 1918 година за време на Руската граѓанска војна која го прикжаува Леон Троцки, водачот на Црвената армија, како современ Свети Ѓорѓи на комунизмот како го убива змејот на капитлаизмот со шапка и зборот „контрареволуција“ напишан на руски. Автор: Виктор Дени, СССР, 1918. Фото: Википедија, 2012
 

– Докторе, доаѓаат!

– Многу ли се?

– Да, многу повеќе отколку минатиот пат!

(Дијалог од реклама за проектот „Мој термин“ на

Важен и комплексен историски процес со пропагандистички пристап

на 29. 03. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Еве како НАТО ја бомбардираше Србија и убиваше деца! (ФОТО + ВИДЕО)]

  Датумите зад кои стои одреден настан од особено значење во историјата, се добар повод за новинарска реминисценција. Временската дистанца овозможува студен, рационален пристап, без премногу емоции, иако не мора да бидат сосема исклучени, а професионалната дистанца и непристрасност на авторот му дава комодитет да напише сеопфатен новинарски текст. Ако успее да открие уште некоја нова нијанса во тоа, дотолку подобро. Линк до оригиналниот напис: Еве како НАТО ја бомбардираше Србија и убиваше деца! (ФОТО + ВИДЕО) Датум и време на објавување: 24.03.2015, 14:16 Датум на рецензирање: 26.03.2015 Рецензент: Зоран Бојаровски За жал, во однос на текстот што го рецензираме, напишан по повод денот кога пред

Oтворeни сомневања за професионалниот капацитет на овој текст

на 23. 03. 2015 | |
 

[Рецензија: Овие луѓе сакаат крв и војна]

  Не е спорно дека новинарите и медиумите можат да заземаат страна, но тоа право оди заедно со обврската да се биде чесен, објективен и точен. Така вели преамбулата на Кодексот на новинарите: Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни

„Длабоко грло“ во новинарството

на 21. 03. 2015 | |
Боб Вудворт, 2002 (лево) и Карл Бернстин, 2007 (десно). Фото: Википедија   „Помислив дека можам да го јавам тигарот“ – Ричард Никсон, единствениот американски претседател кој си поднел оставка. поради аферата со прислушување „Вотергејт“  

Она што е најбитно од целиот тој преседан во дотогашната журналистичка практика е доказот дека големи нешта се случуваат кога новинарите го одржуваат својот збор, кога држат до својот збор.

  Пишува: Зоран Бојаровски  

Рецензија: Што има Заев за Лазаревиќ, Димитров и Димшоски за тие да се однесуваат вака?

на 19. 03. 2015 | | sq
  Што има овој текст од принципите на професионалното новинарство и од Кодексот на новинарите? Ништо! Зошто? Еве зошто! Но, прво да кажеме дека оваа медиумска валканица има цел да нападне личности, а не аргменти, да извалка карактери, а не да анализира ставови. Линк до оригиналниот напис: Што има Заев за Лазаревиќ, Димитров и Димшоски за тие да се однесуваат вака? Датум и време на објавување: 09.03.2015, 09:41 Датум на рецензирање: 18.03.2015 Рецензент: Зоран Бојаровски Ајде да тргнеме од вистинитоста во рецензијата на овој текст. Дали има вистина во една вака конструирана реченица: „Јавноста е згрозена од однесувањето на Никола Димитров, Владимир Лазаревик и Перо Димшоски и нивните испади, но прашањето е какви компромитирачки материјали има шпионскиот уценувач и прислушувач

Рецензија: Во автобуси – со закани и уцени на трибина на Груевски – присуството задолжително!

на 18. 03. 2015 | | sq
  Една техничка информација, поврзана со организирањето партиската трибина на ВМРO-ДПМНЕ, потклекнала на искушението да биде нешто повеќе, но тоа повеќе не е во согласност со професионалните новинарски стандарди и, од тој аспект, авторот и медиумот си направиле проблем. Во ерата на една целосна медиумска понуда, која, покрај традиционалните медиуми, е максимализирана со информациите што им стојат на располагање на корисниците на медиумските интернет-платформи во сите форми, изборот е навистина исклучително богат. Но, тоа не значи дека тој избор нема правила. Во лекцијата „Фејсбук не е простор за новинарско самопослужување“, колегата Саше Димовски, многу јасно става до знаење: „Медиумите можат да објават лични податоци или приватни фотографии на јавни личности само доколку докажат дека јавниот интерес преовладувал над приватниот. Секое

Претплатете се за најнови вести