verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Рецензија: Еве до каде дотурка сценариото на Заев: Ермира Мехмети бара Албанец за премиер!

на 16. 03. 2015 | | sq
  Насловот на медиумската содржина што ја рецензираме објавува и најавува којзнае каква ерес, иако, дури и да го земеме како факт ставот на пратеничката Ермира Мехмети, изнесен на нејзиниот приватен профил на една социјална мрежа, новинарот и медиумот, нема никаква професионална основа да се осуди тој став на таков начин. Зашто, според врвниот принцип на етичност и на професионалност во своето работење, треба да се почитува ставот од преамбулата на Кодексот на новинарите кој нагласува дека: Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и на ставовите, ќе придонесуваат за јакнење на правната држава и во контролата на власта и

Рецензија: Нема Македонци во Европа! Вели мапата на Карл Билт

на 13. 03. 2015 | | sq
  Во право, сосема во право, е читателот на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“ кога, предлагајќи ја оваа медиумска содржина за рецензија, вели: „…мапата не ја нацртал Карл Билт, туку некој друг …, само ја споделил. Сигурно не ја проверувал колку е точна.“ Тоа е сосема точно зашто мапата изворно е објавена на социјалната мрежа „Редит“ (Reddit), а потоа и на „Брилиант мапс“ (Brilliant Maps), од каде што пристигнала преку ретвит на твитер-профилот на Карл Билт. „Редит“ е социјална мрежа на која корисниците споделуваат содржини во различни категории, а потоа членовите на таа заедница гласаат и дебатираат за таа содржина. Веб-страницата нема никакви научни, ниту, пак, политички претензии за некаква точност и само така треба

Рецензија: И Германците потврдија: На Заев не може да му се верува

на 7. 03. 2015 | | sq
  Насловот, каков што е изведен на медиумската содржина што ја рецензираме, не само што не е точен и не само што нема ниту една причина да биде така формулиран, туку претставува сериозна измама на јавноста и грубо прекршување на Кодексот на новинарите и на сите можни професионални стандарди во новинарството. Тука може и да заврши оваа рецензија. Но, повторно, заради објавените принципи на темелност и на сеопфатност во анализите на новинарските текстови што си ги има зададено проектот „Сервис за проверка на фактите од медиумите“, ќе ја завршиме оваа оцена без да има какво било сомневање во неа. Линк до оригиналниот напис: И Германците потврдија: На Заев не може да му се верува Датум и време на

Рецензија: Пандов: Низ судски процес да се утврди за колку пари Заев ни го продал името

на 5. 03. 2015 | |
  Ако го имаме предвид актуелниот политички момент во земјата, настанот од кој произлегува новинарскиот текст е, секако, легитимен извор на медиумска вредна информација. Исто така, секако, тој текст мора да ги почитува правилата на професионално однесување и постапување. Но, тој, за жал, потклекнува уште на првиот чекор поради проблемите со пристрасноста и со избалансираноста. Тоа го бара членот 14 од Кодексот на новинарите: Известувањето од политичките процеси, особено од изборите, треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти. Оваа медиумска содржина, во сите нејзини елементи, од насловот до завршниот дел, не е непристрасна, а уште помалку – избалансирана. Линк до оригиналниот напис: Пандов: Низ судски процес да се утврди за колку пари

Истражувачка помија

на 26. 02. 2015 | |

(Рецензија: (Скандал) Откриваме: Американски новинар и воен офицер открива кој стои зад пучот во Македонија!)

Колку и да е атрактивна за медиумите, блиски до политиките на актуелната власт кај нас, оваа информација се појави само во два-три крајно нерелевантни интернет-портали. Тоа, од една страна, потврдува дека поголем број од медиумите препознале сомнителна содржина, автор и медиуми од каде што е преземена оваа приказна (за мали деца). Како и да е, за да не остане без проверка, следува оваа рецензија за која сметаме дека имаме доволно аргументи за да ги потврдиме нашите оцени. Линк до оригиналниот напис: (Скандал) Откриваме: Американски новинар и воен офицер открива кој стои позади пучот во Македонија! Датум и време на објавување: 18.02.2014 Датум на рецензирање: 24.02.2015

Kоментари и обвинувања кои како да се пишувани од партиски портпарол, не новинар

на 21. 02. 2015 | |
 

[Рецензија: СДСМ спрема насилство, со палки ќе рушат држава (ФОТО)]

  Авторот на оваа медиумска содржина пројавил амбиција врз основа на фотографии со сомнително потекло, за кои нема никаков податок од каде се и во каков контекст се снимени, и врз основа на една компилација од изјави, анализи и од новинарски текстови, да ја оправда својата теза во насловот дека опозициската партија со насилство и палки ќе ја руши

Кога се точни само датумот и времето на објавување

на 19. 02. 2015 | |

(Рецензија: СДСМ и Заев се херои во Грција: И покажале на ЕУ дека Македонија не ги исполнува критериумите за членство)

Вистинитоста на оваа медиумска содржина е проблематична зашто ако изворно ги прочитате новинарските извештаи на кои се повикува авторот на оваа медиумска содржина (се споменува дописник на еден друг медиум), се откриваат малку поинакви факти. Како извори на информации за оваа медиумска конструккција се наведуваат неколку грчки медиуми, од кои прв е грчкото издание на порталот „Еуроактив“, иако, чудно, се наведува само насловот на извештајот за втората прес-конференција на лидерот на СДСМ и – толку. Линк до оригиналниот напис: СДСМ и Заев се херои во Грција: И покажале на ЕУ дека Македонија не ги исполнува критериумите за членство Датум и

Умните луѓе прифаќаат разумни мислења

на 17. 02. 2015 | | sq
Што да се каже за вакви наслови? А, што, пак за содржините? Фото: веб-скриншот  

Дали некаде постои патриотметар, некоја направа што го мери коефициентот на патриотизам кај граѓаните? Ако има, тој што сака да опонира на ова мислење, треба да приложи резултат од тоа мерење. Колку што ми е мене познато, има тестови за интелигенција, ама за патриотизам…

  Пишува: Зоран Бојаровски   Колумната како израз на слободата на

Кога Ајнштајн рекол „Сѐ е релативно“, мислел на нешто друго

на 13. 02. 2015 | |

(Рецензија: Терор и сеење страв: Сите ве имам на снимка)

Релативизирање на еден сериозен скандал, како што е обвинувањето на опозицијата дека илјадници граѓани на државата неовластено биле прислушувани, е единствената цел на оваа медиумска содржина. Кога непотпишаниот автор смета дека го постигнал ова новинарско салто мортале, влегува во афирмација на друга теза која почнува во насловот „Терор и страв: Сите ве имам на снимка“ за да потврди дека тој што ја открил аферата, сее терор и страв, а не тие за кои се најавува дека биле нарачатели на неовластеното снимање на телефонските разговори. Линк до оригиналниот напис: Терор и сеење страв: Сите ве имам на снимка Датум и време на објавување: 11.02.2015, 09:28 Датум на рецензирање: 11.02.2015

Призраци, сеништа и зомби-креатури како медиумски содржини

на 12. 02. 2015 | | sq

(Рецензија: Тони Михајловски до Заев: Лутка са насловне стране!)

Три различни целини треба да се разликуваат кога треба да се проценат професионалните стандарди на медиумската содржина што е предмет на оваа рецензија. Една е приватната содржина на профилот на една од социјалните мрежи на лидерот на најголемата македонска опозициска партија, вториот е, исто така, приватната содржина на една проминентна личност од нашата уметничка средина, и третиот елемент е медиумската содржина која ја пронашла врската меѓу првите две и од тоа прави медиумска содржина. Во последните години на обесчестување на професионалните стандарди на македонското новинарство, се изнагледавме, изнаслушавме и се изначитавме бласфемии кои претендираат да се промовираат како новинарство. И оваа содржина е една од тие. Ама, додека трае тоа хулење

Претплатете се за најнови вести