Рецензија: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го поддржува Предлог-законот за високото образование
Објавено во Рецензии
on 21 - 01 - 2015 Автор: Зоран Бојаровски
Овој медиум ѝ отстапува преголем простор на оваа информација незаслужено и со тоа демонстрира отворена пристрасност. Како прво, се работи за соопштение на владејачка партија која го предложи законот и ги отфрли сите аргументи против него. Како второ, создаде поларизација во општеството и предизвика нови поделби…
Освен тоа, медиумот е злоупотребен да пренесе лага со овој пасус:
„… Идејата за носење на ваков тип на Закон, наиде на позитивни реакции во јавноста бидејќи ова решение ќе допринесе за поквалитетно воспитание и образование…“
Најблаго е да се каже дека овие измени на Законот за високо образование предизвикаа барем поделеност, а никако (само) позитивни реакции.
Некој ќе рече дека ова е соопштение или прес-конференција на една партија, но тоа не е доволно некритички толку многу простор да се издвои за една информација која нема ништо вредно да биде вест, освен да демонстрира триумфализам.
Медиумот што ја објавува на ваков начин оваа информација не го препознава тоа. Или, ако го препознава, тогаш прави услуга, а воопшто не е должен да го прави тоа.
Линк до оригиналниот напис: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го поддржува Предлог-законот за високото образование
Датум и време на објавување: 15.01.2015, 14:59
Датум на рецензирање: 17.01.2015
Рецензент: Зоран Бојаровски
Во воведот на оваа рецензија рековме дека оваа информација нема ниту еден елемент вреден за да биде вест. Да го аргументираме тоа. Еве еден извадок од лекцијата под наслов „Зошто шлицот на Груевски стана вест на денот?“, кој зборува, меѓу другото, и за елементите кои се неопходни една информација да ги има за да биде вест:
„За информацијата да се „квалификува“ да стане вест, таа треба да содржи новост, да има влијание врз луѓето (импакт што може да се одбрани и да се измери – колку повеќе луѓе се засегнати од веста, толку таа повеќе вреди), да се однесува на настан или на состојба која е што поблиску до нас (блискост), да се однесува на познати луѓе (проминенција), да се однесува на некоја конфликтна ситуација и да биде атрактивна, а тоа значи необична и несекојдневна.“
Информацијата штo ја рецензираме нема во себе новина, освен себичен триумфализам. Какво влијание може да има кога работата сами си ја зготвија, сами ја забиберија и сами си ја проголтаа со собраниското гласање пратениците на партијата што го предложи законот. Ниту е необична, ниту несекoјдневна. Беше конфликтна, ама беше и не e веќе…
Сè на сè, информација која не заслужува никакво внимание, а не, пак, толку многу простор.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови