verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Рецензија: Денеска што правите, тоа ќе го правите цела година

на 9. 01. 2015 | |
  Овaа рецензија е на предлог на наш читател. Тој/таа вели „Функција на новинарството е да промовира суеверије… НЕ!“. И, сосема е во право. Не само што не треба да се промовира суеверие, туку е и сосема неспојливо со православната практика на која се повикува текстот. Но, тука и рецензентот на оваа медиумска содржина и „Сервис за проверка на фактите од медиумите“, пред да продолжиме понатаму со рецензијата, сакаат да направат една задршка: Секој има прво да верува во што сака. Тоа е едно од правата на човекот што произлегуваат од корпусот лични или приватни права. Дотука, дебатите за верувањата може да почнат и да завршат. Но, доколку за верувањата се пишува во медиумите како средства

Рецензија: Сопственикот на „Тиме.мк“ се обидува да манипулира со јавноста?

на 2. 01. 2015 | |
  Членот 16 од Кодексот на новинарите препорачува дека новинарите ќе го чуваат угледот и достоинството на професијата, ќе поттикнуваат солидарност и различни мислења и нема да го употребуваат медиумот за пресметка со личности, вклучувајки ги и колегите од професијата. Впрочем, еве ја препораката во целост: Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги. Текстот што го рецензираме потклекнал во сите одредби на оваа препорака. Линк до оригиналниот напис: Сопственикот на „Тиме.мк“ се обидува да манипулира со јавноста? Датум и време на објавување: 25.12.2014, 16:57 Датум на рецензирање: 31.12.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Но,

Бурек? Не, благодарам, не јадам бурек

на 31. 12. 2014 | |

[Рецензија: Ѓорѓиевски: Државниот испит ќе помогне за продуцирање квалитетни кадри]

Да не беше смешно, ќе беше трагично. Или обратно – сеедно. Во преголемата желба за додворување на промоторите на новите реформи во високото образование, односно во желбата да се афирмира една крајно контрадикторна новина, се пласира медиумска содржина која целосно ја промашува целта. Од приложеното се гледа дека овој менаџер од реалниот сектор зборува за придобивките на практичната настава која студентите треба да ја посетуваат за време на студиите, а не за државниот испит. Написот го игнорира тоа и си ја тера својата агенда – да го афирмира и брани проектот „државен испит“. И тоа не е единствената „мана“ на оваа содржина. Линк до оригиналниот напис: Ѓорѓиевски: Државниот испит ќе

„Ова“ не е новинарство

на 24. 12. 2014 | | sq

[Рецензија на новинарскиот текст „МНР под итно да реагира: Аиво Орав да се прогласи за персона нон-грата во најкраток можен рок“]

Оваа медиумска содржина не заслужува апсолутно никакво внимание. Таа е далеку под сите новинарски професионални стандарди, етички правила, под сите прагови и на најдолниот вкус… Тогаш зошто го рецензираме „ова“? За да ја регистрираме разликата меѓу новинарството и „новинарството“. За да укажеме на мимикријата зад која се кријат медиуми кои се прикажуваат како новинарски. За да остане запишано за историјата дека во еден период во оваа земја едни медиуми создаваа псевдослика која треба да се прифати како реална. За да се илустрира како се злоупотребува слободата на говорот… Линк до оригиналниот напис: МНР под итно да реагира: Аиво Орав

Рецензија: Руската црква во посета на Македонија

на 23. 12. 2014 | |
  Нема многу да се задржиме на рецензијата на оваа медиумска содржина со оглед на фактот дека е веќе видена постапката на трансформирање на лошата вест во добра, која, според утврдените техники на спинот, е позната како „перење“ („Копилето наречено „Спин“). Во техниките на пропагандата, пак, овој начин на дефокусирање на главната поента на информацијата се нарекува „фрејмување“, врамување, односно ставање на содржината во посакувана рамка. Рамка која треба да ја скрие содржината или да ја релативизира. Оттаму, медиумската содржина што ја рецензираме е целосна манипулација. Манипулацијата оди дотаму што се вели дека информации за оваа посета има на веб-страницата на московската патријаршија, но нема линк. Зашто, да има линк, ќе се потврди нашата констатација и квалификација за

Рецензија: Тодоров: Жената не може сама да си побара царски рез, лекарот ќе процени

на 23. 12. 2014 | |
  Еден од парадоксите на новинарството се состои токму во еден од неговите принципи – објективноста, и во правилото неутралност на медиумот како канал за пренесување информации, такви какви што се. Ова ги прави медиумите и новинарите составен дел од каналот за комуникација што ја испорачува информацијата до корисникот. Парадоксот се состои во дилемата која не еднаш се поставила и во теоријата и во практиката на новинарството: Што доколку информацијата е, вусшност, дезинформација, лага или манипулација? Кога таквата информација ја генерираат анонимни луѓе или небитни институции, тогаш таа од почеток нема релевантност, нема авторитет, па дури може и да не биде објавена. Иако, практиката вели, информацијата треба да се провери, да се вкрсти со сознанија на некои други извори, и

Копилето наречено „Спин“

на 20. 12. 2014 | |
Заслепен од новинарство. Фото: Ahmad Hammoud, 2009.  

„Сѐ е спин, веќе нема суштина. Вистинската, реална, политичка содржина веќе не постои“, велат критичарите на новата политичка комуникација во која спинот и неговите техники се подигнати на врвен пиедестал.

  Пишува: Зоран Бојаровски   Спин-културата и ПР-демократијата го означија крајот на традиционалната политика. Што се случи? Зошто е тоa така? Како се снаоѓаат медиумите во целата таа ситуација? За да се

Рецензија: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги чeсти пратениците на СДСМ со уште една плата за нова година

на 17. 12. 2014 | | sq
  „Ајмо народе, ВМРО части! Од наследство им се парите. А СДСМ е вработена во ВМРО!“ Ова е реакцијата на читател на „Сервис за проверка на фактите во медиумите“ (СПФМ). Духовита реакција, пред сè, на насловот на овој новинарските текст кој, на предлог на овој наш читател, го рецензираме овде пред вас. Впечатокот и реакцијата на нашиот читател е еден од проблемите на вака изведени наслови. Партикуларно, односно изведена е само една поента и, што е уште полошо, нагласено е нешто (ВМРО-ДПМНЕ ќе ги чести…) што предизвикува контраефект за сметка на објективноста: „…од наследството им се парите, а СДСМ е вработена во ВМРО!“. И просечниот читател повеќе не мора да чита зашто насловот

Медиумски отпадок од бракот со полицијата

на 15. 12. 2014 | |

[Рецензија на новинарски текст: „Фото: Ова е крадецот кој го украде кофчежето со моштите од Св. Параскева“]

Колку далеку е предалеку кога станува збор за соработката помеѓу полицијата и медиумите? Своевремено еден министер за внатрешни работи рече дека „политичарите и новинарите се во административен брак“, алудирајќи токму на соработката што ја поминува црвената линија меѓу новинарите и полицијата. Какви последици произлегуваат од еден таков неприроден брак, сведочи текстот што го рецензираме. Медиумска содржина од само две реченици прекршила дури три члена од Кодексот на новинарите и ја искорумпирала улогата на новинарите, утврдена, меѓу другото, и во преамбулата на кодексот за професионално постапување на новинарите. Линк до оригиналниот напис: Фото: Ова е крадецот кој го украде кофчежето со моштите од „Св.

Рецензија: Сакате ли ваков партнер за новогодишната ноќ?

на 12. 12. 2014 | |
  Според местото и улогата не медиумите во општеството, историјата покажала дека токму журнализмот, или преку него, се поместувале границите на слободата. Тоа е во природата на медиумските платформи. Во една таква континуирана динамика на односи меѓу општеството и медиумите, неминовни се меѓусебните влијанија. Она за што отсекогаш и засекогаш се водело грижа е да не се промени природата на професионалните медиуми и изворниот концепт и природата на журнализмот. Без разлика на сè, новинарството не смее да се претвори во огласна табла, место за трговија со човечки страсти и емоции, а најмалку во макро. Линк до оригиналниот напис: Сакате ли ваков партнер за новогодишната ноќ? Датум и време на објавување: 09.12.2014, 12:00 Датум на рецензирање: 12.12.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Со

Претплатете се за најнови вести