Рецензија: Крик за слобода на албанските актери – На претстава со транспарент „Остави ме да дишам“
Објавено во Рецензии
on 27 - 01 - 2015 Автор: Зоран Бојаровски
Оваа рецензија нема дa има повеќе од три реченици. Толку колку што ги има веста што ја рецензираме:
Сосема непрофесионално и недозволиво е да се измислува или накалемува нешто на некој настан или некоја порака. Ниту на настанот, ниту на пораката на транспарентот што актерите на Албанскиот национален театар од Скопје го раширија на крајот на претставата пред тетовската публика нема ништо за „задушеноста на општеството, на слобода и правата на граѓанинот!“, како што се „фантазира“ во рецензираниов текст.
Има само порака како знак на протест кој се однесува на страшното загадување на воздухот во Тетово.
Линк до оригиналниот напис: Крик за слобода на албанските актери-На претстава со транспарент „Остави ме да дишам“
Датум и време на објавување: 23.01.2015, 7:48
Датум на рецензирање: 25.01.2015
Рецензент: Зоран Бојаровски
Ова е четврта реченица и, навистина првата беше предолга, но се надеваме дека нема да ни забележите бидејќи мора да ја наведеме и изворната информација за оваа вест. И во неа нема ништо од измислицата наведена во рецензираниот текст, башка коментари интегрирани во текстот, башка сензационалистички, тенденциозен наслов…
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
Нема извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
Не
извртување на вистина (спин)
лажни информации
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови