verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Што сакаше да каже Денко Малески?!?

on 29 - 09 - 2014       

09262014-Press24-Maleski-crop-resize

Интересен е текстот што во својот наслов поставува прашање „Што сакаше да каже Денко Малески?!?“, а не дава одговор.

Текстот ниту демантира, ниту докажува дека е нешто спорно во изјавата на Малески. Напротив, не сакајки ја потврдува тезата на Малески, кој истакнува дека Американците укажуваат на суштината на проблемот: тој не е во името, туку во идентитетот. Му се допаѓало тое некому или не. Уште повеќе, што, како што наведува Малески, Американците, вклучувајќи го и новоименуваниот амабасадор во Република Македонија, Џес Бејли, мнозинското население во нашата држава го препознаваат како етникум со словенски корени. Така учат во САД.

Тоа што деканот на универзитетот Јејл, господин Стерлинг, за време на посетата на нашиот претседател на оваа восокообразовна институција рекол дека македонскиот јазик е жив и дека го слават и на овој универзитет, не е никаков демант на мислењето на Малески: прво не е демант, зашто на ниту еден начин не се поврзани, а второ, како многу посуштествено,  изјавата на Стерлинг не демантира ништо.

09262014-Press24-MaleskiЛинк до оригиналниот напис: Што сакаше да каже Денко Малески?!?

Датум и време на објавување: 24.09.2014, 12:00

Датум на рецензирање: 26.09.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Не демантира зашто деканот на Јејл не го доведува во прашање македонскиот јазик, затоа што тој на ниту  еден начин не ја проблематизира врската помеѓу словенскиот корен и јазикот македонски. Тој само искажува факт и ништо повеќе.

Чудно е зошто на авторот на текстот и на оној што го одобрил овој текст пронашле информативна вредност во овој обид да докажат нешто што нема никаква потреба да се докажува. Поранешниот министер Малески и професор на Правниот факултет во Скопје само изразил факт (за тоа како не препознаваат Американците) и мислење дека со тоа, новиот амбасадор, всушност „суштината на спорот меѓу Грција и Македонија, а тоа е прашањето на идентитетот, а не прашањето на името “.

Но, внимавајте, тоа не е став на Бејли, ниту, пак, на Американците и нивната администрација – тоа суштината на спорот на Грција со нашата земја. И што е спорно тука, или во толкувањето на Малески.

Во меѓувреме, еве, повелете, пристигна и дообјаснување во врска со изјавата на Бејли која овде на некои медиуми не им се допадна. На средбата помеѓу нашиот министер за надворешни Поповски и американската помошничка државна секретарка за Европа, Викторија Нуланд, било истакнато дека САД не го менуваат ставот кон македонскиот идентитет („Попоски: САД не го менуваат ставот кон македонскиот идентитет“). Тие само се обидуваат да го препознаат за да понудат решение.

Тоа е начинот на кој и медиумите треба да се однесуваат кон ова прашање и кон неговите толкувања – да бидат свртени кон решенијата, а не да ги комплицираат и да ги користат за пресметка со оние кои размислуваат на тој начин.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести