Рецензија: Високи штикли и црни чорапи, голи рамења, сукњи над колена…
Објавено во Рецензии
on 12 - 12 - 2014 Автор: Зоран Бојаровски
Според повеќемина теоретичари на медиумите, таблоидизацијата е процес на префрлање на интересот на медиумите од јавниот интерес, кој влече теми од политиката, економијата и од социјалните прашања, на теми од естрадата, шоу-бизнисот, стилот на однесување и навиките на познатите и на скандалите од која било природа и од криминалот. Следната карактеристика на таблоидизацијата на вестите е што тие сега во центарот ги имаат луѓето од споменатите сфери, а не настаните. („Таблоидизација: ММЕ кој прв почна?“)
Пред нас имаме еден таков текст за рецензија. Освен тоа, јазикот на кој говори овој текст е јазик на коментирање. Тој не е анализа, тој не е објективна новинарска приказна која својата градба ќе ја потпира врз изјави и врз мислења на засегнати, инволвирани страни.
Линк до оригиналниот напис: Високи штикли и црни чорапи, голи рамења, сукњи над колена…
Датум и време на објавување: 8. 12. 2014, 14:31
Датум на рецензирање: 11.12.2014
Рецензент: Зоран Бојаровски
Новата мантра на таблоидизацијата на медиумските содржини е: земи сè што е тривијално и направи го да изгледа сериозно и од интерес за публиката.
Оттаму новинарството што го подржува овој процес е привлечено од мирисот на сензационализам и на персонализација, односно од провокацијата на шокантните содржини и постапки.
Како што веќе рековме, овде воопшто нема ни обид на оваа тема да се разговара со пратениците, спикерот на парламентот, поранешни пратеници… Кој и да е, за да се дојде до автентични мислења и толкувања. Си дозволуваме да прогнозираме, еден таков текст ќе беше дури и интересен и ќе ѝ дадеше на темата легитимет. Вака, останува мислење, коментар кој не е така означен.
Освен тоа, дали начинот на облекување што го сугерира текстот во Собранието е сериозен тренд и врз основа на што се изнесува едно такво тврдење? Врз основа на случајно изложени фотографии? Бесмислено. Плус, текстот е шовинистички бидејќи говори само за жените во парламентот. Зошто не би се однесувал и на мажите?
Она што е најбитно во битката меѓу профитот и политичкото влијание наспроти еманципацијата и слободниот адекватен избор на публиката, е постојаната демистификација на мимикријата која тривијалните, таблоидни содржини, се продаваат како информации од јавен интерес.
Текстот вели дека темата етички кодекс за дрес-кодот и однесувањето на пратениците се наложувала заради настаните од 24 декември 2012 и дека без опозицијата во парламентот, тој не може да се усвои. Едно такво тврдење демонстрира политичка инсуфициенција и сугестија дека етичкиот кодекс е многу важно прашање. А, тоа што други прашања и одлуки во парламентот, како буџетот, на пример, поминуваат без опозицијата како да не е важно(?!). Или предлогот за новиот државен грб за кој веднаш рекоа, а медиумите пренесоа, дека е потребно двотретинско мнозинство кое коалиционите партнери го имаат.
И уште еднаш со еден ваков текст се потценува интелигенцијата на публиката, дека таа не е способна да ја демистифицира мимикријата која тривијалните, таблоидни содржини, ги продава како информации од јавен интерес.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
нема извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
Наменски избрани
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
дискриминира
полова дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
квалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови