Рецензија: Стискаат лајкови на реклами за да заработат пари
Објавено во Рецензии
on 9 - 10 - 2014 Автор: Зоран БојаровскиПовршно, многу површно е направена оваа новинарска сторија за можностите за заработувањето на интернет. И сосема е во право читателот на Сервисот за проверка на фактите од медиумите (СПФМ), кој вели дека
„Текстот е неинформирачки и повеќе би го завел неупатениот читател, отколку што би го навел конкретно да дознае за можниот бизнис сугериран во насловот. “
Најголем и суштествен проблем на оваа медиумска содржина се изворите: две личности, од кои едната заработила нешто, а другата сѐ уште очекува да ги добие парите за кои смета дека ги заработила и „форумите на социјалните мрежи,“ кои никако не може да се сметаат за извори на кои еден професионален новинар би се повикувал.
Линк до оригиналниот напис: Стискаат лајкови на реклами за да заработат пари
Датум и време на објавување: 05.10.2014, 18:24
Датум на рецензирање: 08.10.2014
Рецензент: Зоран Бојаровски
Авторката во својот текст тврди дека контактирала неколку веб страници кои нудат работа на интернет, но дека “од ниту една од овие страници не одговорија колку луѓе заработуваат преку нив“. И во однос на ова нашиот читател, на чиј предлог ја пишуваме оваа рецензија, е во право кога вели дека неуспехот да добие информации како да било поттик да се засилат измислени претпоставки, а не мотив од други места да се побараат одговори.
Заради несеопфатноста текстот во себе нема ниту информција и повеќе би го завел неупатениот читател, отколку што би го навел конкретно да дознае нешто повеќе за бизнис сугериран во насловот, ако бизнис може да се нарече некоја активност со која заработувате 1.000 денари за шест месеци (?!?!).
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
не многу
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови