verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Vladimir Petreski

Научи барем да пцуеш на македонски

на 22. 09. 2015 | |
  [Рецензија: МАРШ ВО “ТРИ ЛЕПЕ….”: Зборуваат за сиромаштија, нееднаквост и лажат! Земале 200.000 долари за сајт кој чини не повеќе од 350 евра!]   Не еднаш сме се нашле во ситуација во „Сервисот за проверка на факти во медиумите“ (СПФМ) да се занимаваме со написи што немаат никаква новинарска, информативна или цивилизациска вредност и да мораме да се прашаме дали таквите написи воопшто заслужуваат рецензија или е подобро да ги оставиме без никаква реакција и со тоа да им дозволиме да завршат на буништето на новинарската историја преку едноставно паѓање во заборав. Иако многупати нашата одлука била токму таква, за жал, не секогаш било упатно да си дозволиме да премолчиме. Во ситуација кога пропагандата, манипулациите, па дури и

Расте интересот за кредитирање? Да, така е – со години наназад!

на 21. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Расте интересот за кредитирање]

  Мене ми е жал, ама тоа дека „расте интересот за кредитирање“, како што информира овој напис во насловот, воопшто не е вест. Интересот за кредитирање се зголемува со години наназад. Во јуни 2007 година, порастот на кредитирањето изнесуваше 41,9 отсто на годишно ниво (страница 23), во 2008 година, кредитите за населението забележаа пораст од 31,8 отсто, оние за претпријатијата 25,8 отсто (страница 22), а порастот продолжи и во текот на годините по светската рецесија од 2009 година, арно ама со пониски стапки од 4 проценти (2009) и 2,2 проценти (2010) за населението и 8,6 проценти (2009) и 9,1 отсто (2010) за претпријатијата. Тој пораст трае и изминатите три години, при што највисока стапка

Сте слушнале за „стартап пазарни валути“? Ни јас!

на 20. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Доларот поевтини во однос на јенот, инвеститорите се нервозни по одлуката на ФЕД]

  Најпрвин, една концепциска забелешка. Овде е пренесен дел од извештај за состојбите на азиските пазари на капитал во сегментот на валутните пазари. Станува збор за извештај на „Франс прес“ (АФП) од Токио, испратен по тамошното отворање на берзите во петокот наутро, додека во Европа сѐ уште е ноќ. Со оглед на ова, текстот во голема мера говори за движењето на доларот во однос на јенот, иако се спомнува и соодносот на доларот во однос на еврото, но не во Европа, туку во Јапонија. Точно е дека трговските курсеви на валутите на азиските берзи, кои од географски причини се отвораат први во текот на денот,

Оваа вест не излегла „на добро“

на 18. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Со нафтата нема да излезе на добро!]

  „Сакам кажам, не знам речам, ќе го оставам недоработено!“ Ова е она што најкратко може да се каже за оваа нејасна вест. Насловот вели „Со нафтата нема да излезе на добро!“ Ајде, нека биде така. Ама, што е тоа што немало да излезе „на добро“? За кого тоа немало да излезе „на добро“? За производителите? За потрошувачите? За планетата? Во содржината се цитира рускиот министер за енергетика, Александар Новак, кој вели „вештачкото намалување (на производството на нафта – н.з.) не носи никаква корист, само ќе ја влоши ситуацијата во иднина. Тоа може да има ефект само на краток рок.“ Добро, ајде повторно нека биде така. Ама, зошто не носи никаква

Локалните улички, националните медиуми и пропагандата

на 16. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Изградена нова улица во економската зона Марино-Кадино]

  Оваа вест е пример како пропагандата неретко преминува во бесмисленост по извесен период. Во демократските земји, властите не мора баш секој ден да бележат „работни победи“. Во рационалните општества е јасно дека светот не функционира на таков начин и дека секоја власт има работи што мора да ги спроведе, а кои се секојдневни и прозаични, може да се и поважни, но не заслужуваат удирање во гради по медиумите. Но, во недемократските општества, каде што властите мора постојано да го потхрануваат својот сомнителен легитимитет, се појавуваат и вакви вести кај нивните пријателски медиуми. Можноста за ширење на „вакви“ вести е уште поголема во време на интернетот и на новите комуникациски технологии,

Не е злато сѐ што сјае – особено ако „златните прачки“ се преголеми

на 14. 09. 2015 | |
 

[Рецезнија: (ФОТО) Америка го опустоши Ирак со кражба на нафта и злато]

  Станува збор за непримерен, несериозен, нелекториран и неуреден текст од три-четири реченици со тврди, но со ништо аргументирани ставови. Објавените фотографии, пак, се посебна приказна. Само со едно пребарување на сите нив со наредбата „Search Google for this Image“ на интернет-пребарувачот „гугл хром“, веднаш се гледа дека ниедна од нив не е употребена од ниеден малку од малку поеминентен извор и дека нив ги има единствено на социјалните мрежи каде се користат само за разни форми на пропаганда и за ништо друго. Малку повнимателно ако се погледнат, веднаш се забележува дека прачките од „злато“ се едноставно преголеми и со оглед на неговата густина, кога

Железничкиот сообраќај нормализиран, ама како и зошто не ви кажуваме

на 14. 09. 2015 | |
 

[Рецезнија: Нормализиран железничкиот сообраќај]

  Проблемот со оваа вест е што таа е или недовршена, зашто некои важни информации недостигаат или таквите информации се едноставно прикриени. Како прво, тоа е чудо едно како се успеало во една вест која во својата суштина се однесува на штрајк на железничкиот персонал, воопшто да не биде спомнат зборот „штрајк“, туку редица други помеки форми како „не ги извршуваат работните задачи“, „одбивање работа“, „железничкиот сообраќај беше прекинат“ и слично. Како што е чуден и почетокот на веста, кој вели дека е нормализиран сообраќајот, дека синдикалните организации и раководството се договориле (Кои синдикални организации? Колку се? Кои вработени ги застапуваат?), но не се кажува ни што е тоа за што е постигнат договорот и

Рецензија: Цените на нафтата продолжуваат да растат за над 5 отсто

на 30. 08. 2015 | |

[Рецензија: Цените на нафтата продолжуваат да растат за над 5 отсто]

  Има сегменти во новинарството кои се специјализирани и каде што специјализираното знаење е неопходно. Во нив се користи стручна терминологија, односно жаргон (деловен, научен) и неопходно е познавање на таа стручна терминологија за таквиот текст да може квалификувано да се преведе и да биде разбирлив на целниот јазик. Овој текст е таков. Тој бара специјализирано познавање на терминологијата што се користи на светските пазари за трговија со нафта и на финансиските пазари пошироко. Исто така, со оглед на тоа што станува збр за превод на напис од „Ројтерс“, неопходно е специјализирано знаење на деловниот жаргон во англискиот јазик кога станува збор за светските пазари на нафта. Линк до

Хајка против НВО-секторот: Клевети и бесмислици

на 11. 08. 2015 | | en
Напад од сите оружја. Колаж: СПФМ

Пропагандната војна од сите оружја, која деновиве се отвори против невладиниот сектор, сосема отворено личи на хајките и на нападите што ги спроведуваат пропагандистите во земјите каде лидерите практикуваат авторитарен популизам, каде што постои тнр. „хибриден политички систем“, односно систем на „менаџирана демократија“, во кој со политичките противници не се гради консензус, туку на нив се гледа како на непријатели, чие политичко истребување е

Чудо невидено! Пензионерите задоволни од зголемените пензии!

на 9. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: Пензионерите задоволни од новото зголемување на пензиите]

  Замислете луѓе, чудо невидено. Пензионерите биле задоволни од новото зголемување на пензиите. Кој би рекол? Ај тоа, туку и директорите се задоволни од намалувањето на казните за фирмите, хонорарците од укинувањето на законот за плаќање придонеси на хонорари, а студентите од бесплатните ваучери за набавка на таблети. Вакво чудо досега не сме виделе – кога некоја социјална или професионална интересна група ќе добие некакви бенефиции од државата, истата да биде задоволна од нив. Бидејќи, секој нормален човек би очекувал, нели, добитниците на таквите бенефиции да искажат масовно незадоволство од нив и да организираат масовни протести. Линк до оригиналниот напис: Пензионерите задоволни од новото зголемување на пензиите 09.08.2015, 12:44 Датум и

Претплатете се за најнови вести