verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Vladimir Petreski

Извозот бил „120.312.877.000 денари“ – од толку цифри се добива рак на очи

на 6. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: Извозот на стоки во првата половина од годинава 2.173.287.000 долари]

  Ова не е вест. Вест вака не се пишува. Ова е текстуален вовед на Државниот завод за статистика (ДЗС), кој се однесува на табеларното соопштение од шест страници за трговската размена на земјава во првата половина од 2015 година. Таквиот вовед, напишан со неновинарски јазик, туку со јазикот на статистиката, непроменет и ист онаков каков што е на веб-страницата на ДСЗ, преземен е од државната новинска агенција МИА за на крај да се најде и овде, пред читателската публика со претензии да глуми вест. Арно ама, еден вовед во соопштение напишан со технички јазик и натежнат од 12-цифрени суми во три различни валути не може да биде

Запленети два штеки цигари и неколку гајби алкохол не претставуваат вест

на 31. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: ФОТО: Инпекторите во шок – еве како печалат трговците]

  Овој напис не претставува вест. По ниеден новинарски критериум. Барем не вака како што е напишан. Причината зошто е многу јасна. Запленетите количества се толку мали што не го заслужуваат вниманието на јавноста. Никому не му грижа што инспектори од дури две институции заедно (Царина и УЈП) вкупно заплениле неколку гајби алкохолни пијалаци и нешто повеќе од две штеки цигари без бандероли. Такво нешто не вреди ни да се спомне од гледна точка на јавниот интерес. Линк до оригиналниот напис:  ФОТО: Инпекторите во шок – еве како печалат трговците Датум и време на објавување: 31.07.2015 Датум на рецензирање: 31.07.2015 Рецензент: Владимир Петрески Ако појдете на Бит-пазар кој било

Некритичко подлегнување на владиниот маркетинг

на 29. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Евтините кредити за фирмите од ЕИБ отворија над 6.300 работни места]

  Оваа вест има проблеми заради некритичко подлегнување на владиниот маркетинг. Прво прашање, кое веднаш се наметнува, е како е измерена врската меѓу кредитите и отворените работни места, односно како е утврдено дека некое вработување во една фирма е поврзано со кредитот од Европската инвестициска банка (ЕИБ) или не? Ова особено зашто голем дел од срeдствата од овие кредити не се наменети за инвестиции, туку како обртен капитал. Исто така, треба да се постави прашањето и дали овде воопшто имаме вест – вреден напис, ако се знае дека станува збор за помалку или повеќе редовна кредитна линија во изминатите пет години, која е и четврта по ред,

Грчкиот долг „намален за 168,8 отсто“? Аха, сигурно!

на 23. 07. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Долгот на Грција намален за 168,8 отсто]

  Насловот на оваа вест е најдобар пример за тоа како една буква, а понекогаш и еден интерпункциски знак, ставени на погрешно место, можат да ја сменат смислата на реченицата или насловот, како во овој случај, а со тоа да ја сменат и нивната смисла и да го уништат впечатокот  за целиот текст. Линк до оригиналниот напис: Долгот на Грција намален за 168,8 отсто Датум и време на објавување: 22.07.2015, 16:10 Датум на рецензирање: 23.07.2015 Рецензент: Владимир Петрески Единствен проблем во оваа вест е насловот. Односно зборчето „за“ или уште поконкретно буквата „з“. Арно ама, на прв поглед, си велите, чекај малку, како сега толку многу е паднат јавниот долг на

Русија рај за инвеститори? Во моментов? Да не е и тропски рај, случајно?

на 21. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Русија ја замени Кина како рај за инвеститори од земјите на БРИКС]

  „Русија ја замени Кина како рај за инвеститори од земјите на БРИКС?“ Го читате насловот и си велите да не сум бил јас на некоја друга планета изминативе неколку години? Ова што гледам дека Русија е под санкции од Западот, да не не се случило? Ова војнава во Украина, во која Русија е, исто така, длабоко загазена, да не не се случила? Падот на рубљата од 40 отсто и тој да не не се случил? Или, евентуално, да не се случила некоја нуклеарна војна во која Бразил, Индија, Кина и Јужна Африка се уништени, а само Русија останала од БРИКС-земјите? Ама, после се

Од денеска „изгор цени“ во Грција? А, кој ќе ги плати?

на 20. 07. 2015 | |
  [Рецензија: Од денеска изгор цени за одмор во Грција]   Проблемот со оваа вест е насловот. Секој што малку од малку се разбира во формирањето на цените во пазарна економија, како и секој што малку од малку го познава актуелниот момент во Грција од гледна точка на должничката криза низ која поминува оваа земја и како таа се одразува врз тамошната економија, би требало да знае дека ваков наслов за „изгор цени“ не оди и покрај порастот на данокот на додадена вредност за 10 отсто. Едноставно, порастот на ДДВ не значи автоматско пресликување врз цените или барем не врз сите цени или барем не за 10 отсто, колку што е изнесува зголемувањето на ДДВ. Барем не во најголемиот број

„74 трилиони долари“? Толку пари нема на цел свет

на 19. 07. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Глобалните фондови управуваат со рекордни 74 трилиони долари]

  Текстот е преземен од угледниот деловен дневник „Фајненшл тајмс“ и како таков нема проблем. Проблемот е единствено во насловот, односно во износот од „74 трилиони долари“, кој е повторен и во текстот и кој, како таков, не постои. Земете ги сите пари на планетата и толку нема да соберете. Овој износ поголем за 4.412 пати од домашниот бруто-производ на најголемата светска економија, таа на САД. Линк до оригиналниот напис: Глобалните фондови управуваат со рекордни 74 трилиони долари Датум и време на објавување: 17.07.2015, 12:18 Датум на рецензирање: 19.07.2015 Рецензент: Владимир Петрески За што станува збор. Многу едноставно: за погрешен превод. „74 trillion dollars“ на англиски, не се преведува со

Нумеричка турлитава, буџетска сарма

на 17. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Приходите во буџетот повисоки за 14%]

  Кога се прават споредби на суми и на проценти, мора да се биде конзистентен и јасен. Инаку, испаѓа дека се споредуваат јаболка и портокали. Исто така, има суми кои претставуваат вест, но има и такви кои се ефемерни, па прашање е дали заслужуваат внимание. Како што има и бројки кои треба да бидат поставени во контекст за да се спознае нивното значење во дадените околности. Со сите овие проблеми се соочува овој напис. Линк до оригиналниот напис: Приходите во буџетот повисоки за 14% Датум и време на објавување: 18.07.2015, 13:28 Датум на рецензирање: 18.07.2015 Рецензент: Владимир Петрески „Проходите во државната каса натфрлиле за 14% процнти за првите шест месеци од годинава.

Медиумскиот кукавичлук на власта

на 16. 07. 2015 | |
Без бол, со бес. Фото скриншот: Maktel.mk на YouTube, колаж: СПФМ  

Координираното продолжение на насилството врз Саше Политико е само знак на немоќ по првата физичка пресметка пред неговата зграда, чии сторители, очекувано, никогаш не беа откриени, како и јасен показател за медиумскиот кукавичлук на власта која од слободната размена на мислења се плаши како од змија отровница.

  Пишува: Владимир Петрески   Физичките напади врз Саше Ивановски –

Педро Аграмунт, пропагандистот на Груевски, „жртва“ на кавијар-дипломатијата на Азербејџан

на 25. 06. 2015 | |
Режимот во Азербејџан му подарува уметнички портрет на Педро Аграмунт со неговиот лик. Фото: ЕСИ  

Шпанскиот сенатор од Советот на Европа, Педро Аграмунт, кој трипати со изјави и со декларации ја брани актуелната власт на Никола Груевски, „занаетот“ го испече вежбајќи врз еден друг недемократски режим – оној на диктаторот Илхам Алиев од Азебејџан

  Пишува: Владимир Петрески   Веднаш, истиот ден на објавувањето на првата „бомба“ на лидерот

Претплатете се за најнови вести