verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Vladimir Petreski

Јавна дебата: Од МРТ до независна јавносервисна радиодифузија во Македонија

на 3. 12. 2014 | |
Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), во рамките на  проектот на УСАИД за одговорни медиуми и за законодавни реформи во медиумската сфера, на 4 декември (четврток) 2014,  во хотелот „Стоун бриџ“, со почеток во 11 часот, организира дебата: 

„Од МРТ до независна јавносервисна радиодифузија во Македонија“

На оваа дебата ќе биде претставен истоимениот документ на ЦРМ за јавна политика чиј автор е комуникологот д-р Климе Бабунски. Дискусијата која ќе биде посветена на потребата од независен јавен радиодифузен сервис во Македонија, ќе ја модерира новинарката Санта Аргирова, а панел-дискутанти ќе бидат Снежана Трпевска од Високата школа за новинарство; комуникологот Сефер Тахири; претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани и Драган Антоновски од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски

„Сервис за проверка на факти“ организира јавна средба со медиумите

на 11. 11. 2014 | |
                    Во име на „Сервис за проверка на факти во медиумите“, кој е компонента на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија, имплементирана од Фондацијата „Метаморфозис“, имам чест да Ве поканам на

Јавна средба со претставници од медиумите,
в среда, 12 ноември
 од 12 часот
во ГЕМ-клубот во Скопје

Тема на средбата е отворена дискусија

Рецензија: ЕУ: „Дуинг бизнис“ на Светската банка е широко признаен и ние го користиме

на 7. 11. 2014 | |
Станува збор за наменска и манипулативна вест, чија цел е да се амортизираат и деградираат новите и тукушто искажани критики, што се однесуваат на начинот на кој се извршени некои од рангирањата на некои од земјите во публикацијата „Дуинг бизнис“ на Светска банка (СБ). Притоа, една изјава на висок претставник на Европската комисија (ЕК) се користи за да се замолчат секакви критики, критичарите да се жигосаат како „индивидуалци“ што се занимаваат со „лудости“. Но, сомневањата не се од „индивидуалци“, критичките опсервации кои се искажувани сигурно не се „лудости“, а настрана и фактот што не е јасно кој за сомневањата вели дека се од „индивидуалци“ и кој ги третира таквите сомневања како „лудости“. Уште повеќе што во искажаните критики не се

Куп измислици за разубавување на лошиот македонски кредитен рејтинг

на 5. 11. 2014 | |

[Реценизја на веста со наслов: Потврден стабилниот кредитен рејтинг на Македонија]

Оваа вест е крајно манипулативна, со редица неточни наводи во кои вистината или ја нема или, пак, информациите се спинувани толку многу што точноста и вистинитоста се на маргините, додека на спинот му е дадено централното место. Низ целата вест се говори за некаков „стабилен кредитен рејтинг“, кој, во суштина, не постои. Каков би бил тој стабилен или нестабилен кредитен рејтинг? Потоа, тоа што актуелната оценка на кредитниот рејтинг од „ББ-“ е „потврдена“, односно не е сменета, е земено како голем успех. Проблемот е само што тој, „потврдениот“ кредитен рејтинг, кој има оценка „ББ-“ е наречен „ѓубреџиски“ (junk, ang.) и неинвестициски. Тој е дури три нивоа под најниската оценка,

Рецензија: Јанез Копач ја уценува Македонија, а самиот се грее на гас од Путин?

на 3. 11. 2014 | |
Станува збор за одмазднички напис, за напис чија цел е да врати „мило за драго“, а фактите и аргументите – нека одат по ѓаволите. Јазикот на одмаздата почнува уште од наднасловот („Од топла канцеларија поубаво се гледа“) и не завршува до моментот додека не се заклучило дека е докажано оти шефот на Европската енергетска заедница (ЕЕЗ), Јанез Kопач, седел во канцеларија која е загревана од гас на рускиот извозен монопол „Газпром“. Копач, инаку, деновиве искажа критичка изјава до македонската влада поради нејзиниот договор со „Газпром“ за гасоводниот крак на Јужен тек, а кој би требало да поминува низ Македонија. Не дека начинот на кој се загрева неговата канцеларија има каква било врска со неговата изјава и со ставовите

Рецензија: Како се изиграни потрошувачите…

на 30. 10. 2014 | |
Ова не е вест. Ова е приказна. Нема ни „кој“, ни „кога“, ни „каде“, ни „како“. Има само „што“ и тоа делумно: НЕКОИ производители на НЕКОИ апарати за домаќинство, правеле НЕШТО за тие апарати да им се расипуваат на потрошувачите еден месец по завршетокот на гарантниот период. Ни извори, ни примери, ни конкретни податоци. Ништо. Овој напис не ги задоволува критериумите да се нарече вест ниту, пак, припаѓа на кој било познат новинарски жанр. Со оглед на тоа, овој текст не е новинарски производ. Линк до оригиналниот напис: Како се изиграни потрошувачите… Датум и време на објавување: 29.10.2014, 18:51 Датум на рецензирање: 30.10.2014 Рецензент: Владимир Петрески Не знаеме што од ова што е напишано во веста е вистина. Се вели:

Рецензија: Зошто Груевски и Владата не се виновни за ниските плати и слабата економија!!!

на 29. 10. 2014 | |
Во целиот овој текст, изместен е контекстот. Не станува збор вадење од контекст на нечија изјава, како што тоа понекогаш се прави, туку станува збор за цел еден напис, кој е земен и ставен во сосема погрешен контекст. И тоа не еден погрешен контекст, туку неколку. Како може еден напис, кој е со една одредена проблематика и се однесува на одредени земји, па дури и други континенти (сигурно не на европскиот), целиот да се земе и да се смести во сосема друг контекст кој нема врска со земјата со која се сака да се поврзе (Македонија), ниту со нејзината власт (актуелната македонска влада), ниту, пак, можат да се влечат паралели меѓу Боцвана и Македонија, а токму тоа и се прави.

Рецезнија: Испорачани 30 илјади кубни метри огревно дрво до потрошувачите од Пијанечко-малешевскиот регион

на 28. 10. 2014 | |
Оваа вест збунува ако малку поблиску се погледнат бројките. А, објавената комбинација на цифри ја прави веста и недоречена. Едноставно, кога ќе се направи математиката, износите наведуваат на заклучоци кои како да се спротивни на она што е напишано во веста или, барем, како да недостигаат редица одговори. Линк до оригиналниот напис: Испорачани 30 илјади кубни метри огревно дрво до потрошувачите од Пијанечко-малешевскиот регион Датум и време на објавување: 26.10.2014 Датум на рецензирање: 28.10.2014 Рецензент: Владимир Петрески Веста нема проблем со вистинитоста и со изворите на информации, а вклучена е и одлична фотографија (сепак, со непознато потекло). Веста е агенциска и е изработена од локален дописник од Берово. Но, проблеми се појавуваат кај содржајноста.  

ПРОБЛЕМОТ СО МАТЕМАТИКАТА

И тоа

Рецензија: Во август 42,3 отсто од потребите за струја обезбедени од домашни извори

на 24. 10. 2014 | |
  Оваа вест има шест важни бројки на пет реда. И покрај тоа, таа не кажува ништо. Станува збор за бројки кои се однесуваат на мерни единици во големи количества, за кои ретко кој има претстава што тие значат: стотици илјади мегават-часови електрична енергија, милијарди нормални метри кубни природен гас (какви се тие „нормални“ метри кубни, има ли ненормални или што ли е веќе ова), стотици илјади тони јаглен и десетици илјади нафтени продукти (кои, патем речено, ги има осум видови). Едноставно, многу бројки и проценти на мал простор, за кои претстава имаат многу мал број енергетски експерти и никакви компарации или споредби, кои би дале слика за тоа каква е енергетската состојба во земјава и во кој правец се

Рецензија: Европа дефинитивно не може без “Јужен тек”

на 24. 10. 2014 | |
Оваа вест е комплетно изгубена во преводот, изгубена во изработката, изгубена во уредувањето и изгубена во насловувањето. И, како таква, таа не функционира никако, освен по принципот „да се збуни непријателот“ – ако читателот се смета за непријател. Линк до оригиналниот напис: Европа дефинитивно не може без “Јужен тек” Датум и време на објавување: 24.10.2014 09:40 Датум на рецензирање: 24.10.2014 Рецензент: Владимир Петрески Многу е тешко да се зборува за вистинитост или за невистинитост на една вест кога во неа има наводи кои се спротивни еден на друг, која е контрадикторна и која е збунувачка. Еве го почетокот на веста: „Поддршката на Брисел за „Јужен тек” ќе беше јасен сигнал дека ЕУ не е подготвена да ги поддржи украинските европски

Претплатете се за најнови вести