verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Грчкиот долг „намален за 168,8 отсто“? Аха, сигурно!

on 23 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Долгот на Грција намален за 168 8 отсто-crop-resize

 

[Рецензија: Долгот на Грција намален за 168,8 отсто]

 

Насловот на оваа вест е најдобар пример за тоа како една буква, а понекогаш и еден интерпункциски знак, ставени на погрешно место, можат да ја сменат смислата на реченицата или насловот, како во овој случај, а со тоа да ја сменат и нивната смисла и да го уништат впечатокот  за целиот текст.

Долгот на Грција намален за 168 8 отстоЛинк до оригиналниот напис: Долгот на Грција намален за 168,8 отсто

Датум и време на објавување: 22.07.2015, 16:10

Датум на рецензирање: 23.07.2015

Рецензент: Владимир Петрески

Единствен проблем во оваа вест е насловот. Односно зборчето „за“ или уште поконкретно буквата „з“. Арно ама, на прв поглед, си велите, чекај малку, како сега толку многу е паднат јавниот долг на Грција, кој беше повеќе од 170 отсто? Ако сега паднал за 168,8 отсто, тоа значи дека Грција веќе и речиси да нема долг. Што се случило овде? Да не ѝ е отпишан долгот на Грција, се прашувате? Но, такво нешто, барем до ова ниво е апсолутно неостварливо. Како што покажува долниот графикон,

_83943903_who_owns_greeces_deb_v2_624
Кој е сопственик на грчкиот долг? Водечки кредитори. Графикон: BBC

презадолжениот јужен сосед има повеќе различни кредитори и за олку многу да падне јавниот долг на Грција, сите тие треба да се откажат од речиси сите свои побарувања. А, тоа е невозможно. Особено е невозможно кога станува збор за ММФ и за Европската централна банка, кои се мултилатерални институции и што одговараат на мултилатерални одбори, каде што мора да има согласност од сите земји-членки за такво нешто.

Не ви преостанува ништо друго, освен во текстот да видите за што станува збор. И, се разбира, во првата реченица наместо „за 168,8 отсто“ стои „на 168,8 отсто“. Ова значи дека долгот на Грција не е паднат за тој износ, туку изнесува толку. Сега сè ви е јасно. Откако, пак, ќе ја прочитате целата вест сфаќате дека станува збор за последното соопштение на европското статистичко биро Еуростат, кое ги објавува нивоата на јавен долг во земјите на ЕУ:

Државниот долг на земјите членки на ЕУ како процент од БДП. Извор: Еуростат
Државниот долг на земјите-членки на ЕУ како процент од БДП. Извор: Еуростат

Вакво невнимание во наслов е недозволиво. Како прво, ова е агенциска вест која во оригинал имаше точен наслов, а кој правилно го имаат преземено речиси сите други портали. Некои медиуми (и тоа не само големи) имаат тимови на луѓе што ги смислуваат насловите зашто од нив во голема мера зависи читаноста. Има и такви медиуми во кои за важните вести се прават и по десетици предлози за наслов за да се избере најдобриот, а големите весници, пак, имаат посебни луѓе, чија работа е да ловат исклучиво грешки во насловите. Но, сето тоа не е потребно ако само се внимава и ако сите оние кои се вклучени во синџирот на објавување на вестите си ја завршат работата како што треба. Овде тоа не било случај.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија (агенциска вест)

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

неточен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести