verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сервис за проверка на факти од медиумите

Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија
USAID Logo

Добра вест, но без доволно детали

on 23 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

[Рецензија: 3 години затвор за Верушевски]

 

За една вест да биде целосна, треба да содржи неколку елементи и, пред сè, информации за јавноста да знае за што се работи. Во ниту еден случај, иако може да изгледа дека прашањето е доста познато, веста не треба да претпоставува дека јавноста ги знае сите детали.

Текстот што го рецензираме со право сакал да ја информира јавноста за еден судски случај, за кој кај јавноста постоеше голем интерес, судењето на поранешниот директор на УБК за недозволено поседување оуржје. Меѓутоа, недостигот од детали, особено на дополнитени информации, ја прави веста нецелосна.

3 vite burg për Verushevskin  fullscreen

Линк до оригиналниот наслов: 3 години затвор за Верушевски

Датум и време на објавување: 16.07.2015,

Датум на рецензија: 20.07.2015

Рецензент: Aдриан Керими

Се работи за една вест во која нема многу објаснувања. Текстот почнува со реченицата:

„Зоран Верушевски, поранешен висок полициски функционер, е прогласен за виновен за недозволено поседување и држење на оружје и е осуден на три години затвор.“

Tекстот не кажува дека се работи за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање.

Настанот побуди голем интерес кај јавноста, бидејќи никогаш порано не е уапсен еден толку висок функционер на безбедносните структури за недозволено поседување оружје. Исто така, за неговото апсење имаше дилеми во јавноста, бидејќи тој се обвинува и во случајот „Пуч“ и во аферата „Прислушување“.

„Судскиот совет со кој што претседаваше Ленка Давиткова, истакна дека ги ценела сите олеснителни и отежнителни околности и одлучила да ја изрече најниската казна за ова дело согласно законот – 3 години затвор.“

Без да се дадат дополнителни детали, иако се работи за важен настан, веста е осакатена и јавноста не е информирана како што треба.

Веста се обидува да биде коректна, прикажувајќи ги двете страни, и ја пренесува изјавата на Верушевски: „И јас, како и Зоран Заев, не го признавам овој суд, ова е партиско-системска патологија и агресија врз слободата“. Меѓутоа, избраната изјава, повторно без детали, не дава целосна слика на контекстот на настаните.

Написот би бил поцелосен доколку ги имаше информациите дека Зоран Верушевски, заедно со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се обвинуваат во случајот „Пуч“. Во овој случај, Верушевски се обвинува за поседување материјали што имаат карактер на државна тајна.

Со дополнителната информација, за еден настан што се случил во минатото или, како што се нарекува во новинарството, „бекграунд“, веста би била поцелосна и појасна.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *