verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„74 трилиони долари“? Толку пари нема на цел свет

on 19 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Глобалните фондови управуваат со рекордни 74 трилиони долари-crop-resize

 

[Рецензија: Глобалните фондови управуваат со рекордни 74 трилиони долари]

 

Текстот е преземен од угледниот деловен дневник „Фајненшл тајмс“ и како таков нема проблем. Проблемот е единствено во насловот, односно во износот од „74 трилиони долари“, кој е повторен и во текстот и кој, како таков, не постои. Земете ги сите пари на планетата и толку нема да соберете. Овој износ поголем за 4.412 пати од домашниот бруто-производ на најголемата светска економија, таа на САД.

Глобалните фондови управуваат со рекордни 74 трилиони долариЛинк до оригиналниот напис: Глобалните фондови управуваат со рекордни 74 трилиони долари

Датум и време на објавување: 17.07.2015, 12:18

Датум на рецензирање: 19.07.2015

Рецензент: Владимир Петрески

За што станува збор. Многу едноставно: за погрешен превод. „74 trillion dollars“ на англиски, не се преведува со „74 трилиони долари“ на македонски. Да видиме како се разликуваат скалите на големите бројки во македонскиот и во англискиот јазик:

 

Скратена – англосаксонска скала (на англиски јазик):

1. Million – 1.000.000

1. Billion – 1.000.000.000

1. Trillion – 1.000.000.000.000

1. Quadrillion – 1.000.000.000.000.000

 

Долга – континентална скала (која се употребува и во македонскиот јазик):

1 милион – 1.000.000

1 милијарда – 1.000.000.000

1 билион – 1.000.000.000.000

1 трилион – 1.000.000.000.000.000

Ова значи дека тоа што на англиски се нарекува „trillion“ на македонски е „билион“. Граматиката на големите броеви во македонскиот јазик не е многу развиена, односно не содржи бројки поголеми од милијарда, евентуално билион (поgлавје: Numerals). Барем не распространетите популарни граматики. А, и износите поголеми од 1 милијарда или 10 милијарди во наjдобар случај, особено тие во пари, само до пред една-две децении воопшто не се користеа зашто толку пари на куп и никаде немаше. Но, во денешно време тие износи почнаа да добиваат употребна вредност како во овој случај каде вкупната сума е огромни 74 билиони долари или 74.000 милијарди долари и на ваквите износи треба да се почне да се внимава.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

несензационален

несоодветен

погрешен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести