verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Vladimir Petreski

Рецензија: Кредит од 5 милиони евра ќе подигне Град Скопје за подземната сообраќајница

на 17. 01. 2014 | |
Станува збор за опсежен, сеопфатен и коректен извештај од лице место за напорите на Град Скопје да изгради подземна сообраќајница во центарот на главниот град. Проблемот е само што е погрешно објаснет начинот на кој Градот има намера да дојде до почетниот капитал за овој проект. Оваа грешка е несреќно повторена и во насловот, што претставува значителен проблем зашто тука веќе се навлегува во дезинформирање од небрежност. Линк до оригиналниот напис: Кредит од 5 милиони евра ќе подигне Град Скопје за подземната сообраќајница Датум и време на објавување: 16.01.2014, 11:47 Датум на рецензирање: 17.01.2014 Рецензент: Владимир Петрески Вистинитост: Овде лежи главниот проблем со овој извештај. Еве го спорниот дел:   „Со вкупно 300 милиони денари, или 4,88 милиони евра, ќе

Рецензија: Сарачини: Трансферите од дијаспората да се конвертираат во конкретни инвестиции

на 17. 01. 2014 | |
Пред само нешто повеќе од еден месец, на истото ова место, рецензиравме вест од истиот медиум, кој го цитира истиот овој политичар како кажува целосно неточни податоци за познати економски показатели без момент пауза, иако погрешните податоци едноставно мораа да предизвикаат сомневања. Сега, само 6 недели подоцна, повторно се наоѓаме во сосема иста ситуација. Повторно истиот медиум го цитира истиот политичар, како повторно кажува исто неточни, но добро познати податоци за уште подобро и пошироко познати економски показатели, кои повторно не предизвикале ни момент пауза пред да се објават. Со оглед на фактот што и во двата случаи станува збор за вести објавени од страна на националната информативно-новинска агенција, и оваа вест, исто како и онаа пред шест недели, некритички

Рецензија: Раздвижено на Берзата во декември: Прометот скокна за над 239 отсто

на 10. 01. 2014 | |
Станува збор за вест која на најдобар начин ја потврдува изреката: „Има лаги, проклети лаги и статистика“. Ова е еклатантен случај кога само се истакнуваат бројките, но без да се објасни што тие значат и што стои зад нив. Линк до оригиналниот напис: Раздвижено на Берзата во декември: Прометот скокна за над 239 отсто Датум и време на објавување: 08.01.2014, 14:25 Датум на рецензирање: 10.01.2014 Рецензент: Владимир Петрески Вистинитост: Бројките на кои исклучиво се темели целата вест се бездруго вистинити. Вака претставени, како голи бројки, тие се точни. Точно е и главното тврдење дека вкупниот промет пораснал високи 239,8 отсто, точно е дека се зголемил бројот на трансакциите, а точно е и дека пораснал индексот МБИ10. Но, она

Рецензија: Ерсте Груп вложува во македонски државни записи

на 7. 01. 2014 | |
Станува збор за вест од областа на меѓународните финансии, која говори за една обична зделка од што, пак, се извлечени констатации за кои нема никаква потврда и за кои е тешко да се каже дека се вистинити. Уште повеќе, искажани се вредносни судови на кои во една вест не им е местото. Линк до оригиналниот напис: Ерсте Груп вложува во македонски државни записи Датум и време на објавување: 04.01.2014, 13.50 Датум на рецензирање: 07.01.2014 Рецензент: Владимир Петрески Вистинитост: Проблемот со вистинитоста доаѓа во два наводи. Оној во кој се вели дека зделката на купување на македонски државни записи „…јасно укажува на зголемената доверба и угледот кој Република Македонија го ужива во меѓународното опкружување и помеѓу странските инвеститори.“ и оној во

Рецензија: Кјуби ја пренесува дејноста во Бугарија и Романија на Евроинс

на 8. 12. 2013 | |
Станува збор за соопштение за јавноста издадено од страна на осигурителната компанија „Евроинс“ од Скопје, која е во сопственост на истоимениот бугарски холдинг за осигурување. Соопштението е пренесено на долго и на широко, од збор до збор и безмалку без никакви уредувачки интервенции. Тоа речиси и да нема некаква врска со Македонија и со интересите на македонската читателска публика. Меѓународната осигурителна компанија КЈУБИ со седиште во Сиднеј, Австралија, која веќе со месеци нема никакво присуство во Македонија и која од поодамна реши да се повлече од редица национални пазари во Источна Европа, издадените полиси во Романија и во Бугарија ги отстапила на осигурителна компанија од Бугарија. Тоа е целата суштина на соопштението на кое овде се потрошени над 30 редови.  

Рецензија: Трговската размена во првите девет месеци со раст од 20 отсто

на 5. 12. 2013 | |
Скопје, 4 декември 2013 (МИА) – Република Македонија и Унгарија, оваа година во услови на криза за првите девет месеци имаат зголемување на трговската размена, која изнесува некаде околу половина милион долари. Македонија бележи и раст воопшто на извозот за посочениот перид од 20 отсто. Ова го истакна министерот за економија Ваљон Сарачини  на втората седница на Мешовитата македонско-унгарска меѓувладина комисија за економска соработка што денеска се одржа во Скопје. – Ова мора да се потенцира затоа што во услови на криза кога во земјите во регионот паѓа трговската размена во РМ имаме навистина сериозно зголемување и не само со Унгарија. Извозот на РМ за првите девет месеци во 2013 за разлика од првите девет месеци во 2012 расте за

Најпопуларни вести на македонскиот интернет – 17.09.2013

на 17. 09. 2013 | | sq
.   (ИСМВ Mediasense, 17.09.2013) – Ова се петте најпопуларни вести на македонскиот интернет во изминатите 72 часа според бројот на Фејсбук активности што ги имаат генерирано.   А.) Листата опфаќа генерални вести од сите рубрики (без рубриките Забава и Спорт), а вклучени се вести од 120 портали од најразлични провениенции:   1. Јохан и Соња се венчаа во Св. Јован Бигорски 573 допаѓања – 16 споделувања – 17 коментари – 16.09.2013 – Курир 2. Правењето ајвар пред зграда не е казниво само на електричен шпорет 259 допаѓања – 47 споделувања – 99 коментари – 16.09.2013 – Прес 24 3. Мега апсење во Скопје: Падна првиот човек на Вељаноски за шпионажа 276 допаѓања – 46 споделувања – 73 коментари – 16.09.2013

Најпопуларни вести на македонскиот интернет – 13.09.2013

на 13. 09. 2013 | | sq
(Mediasense ИСВМ, 13.09.2013) – Ова се трите најпопуларни вести на македонскиот интернет во изминатите 72 часа според бројот на Фејсбук активности што ги имаат генерирано. Листата ги опфаќа вестите од сите рубрики освен Забава и Спорт, а вклучени се вести од 120 портали од најразлични провениенции: 1. Македонци, јебали сте матер кошарци! 959 допаѓања – 255 споделувања – 157 коментари – објавено 12.09.2013 – Бркај работа 2. Колумната на Путин за Њујорк Тајмс 850 допаѓања – 223 споделувања – 65 коментари – објавено 12.09.2013 – Off.net.mk *3. По четири години во кома се врати во училиште – запознајте го детето херој од Струга 824 допаѓања – 45 споделувања – 34 коментари – објавено 11.09.2013 – Прес 24   Поединечни категории:

Рецензија: Европските фабрики работат турбо

на 3. 09. 2013 | | sq
Тешко дека може да се каже оти „Европските фабрики работат турбо“, како што гласи насловот на оваа вест. Такво нешто не е можно ако се знае дека посочениот индекс на менаџерите на набавки, кој следи редица варијабли што се однесуваат на производството и активностите на фабриките во Еврозоната (PMI – Purchasing Managers Index на компанијата Markit) покажува раст само два месеци по ред, откако претходно бележеше пад уште од средината на 2011 година. Нејаснотиите произлегуваат од фактот што не е објаснет овој индекс – што тој мери, како мери и слично. Кога ова би било објаснето, тогаш состојбите со производството во Еврозоната би биле далеку појасни во оваа вест и не би се довеле во ситуација во насловот за

Рецензија: ЈПССДП: Цените на становите се нереално високи

на 29. 08. 2013 | | sq
Написот звучи како прикриено да изразува незадоволство од функционирањето на пазарот и пазарните законитости. И тоа особено онаа законитост за понудата и побарувачката која едноставно вели дека ако има побарувачка производот или услугата ќе се продаваат и по повисоки цени, односно оние цени кои пазарот може да ги поднесе. Објаснети се мерките и политиките кои ги презема државата за да влијае на намалување на цените на станбениот квадрат и се признава дека овие мерки досега не вродиле со плод, иако некои од нив се спроведуваат веќе три години. Но, и покрај тоа, написот завршува со оптимистичка прогноза на соговорникот дека тие мерки, сепак, овојпат ќе вродат со плод без со ништо да се предизвика ваквото негово тврдење и без критички

Претплатете се за најнови вести