verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Vladimir Petreski

Рецензија: Рускиот хуманитарен конвој влезе во Украина

на 15. 08. 2014 | | sq
Оваа вест е скарана самата со себе. Поточно наднасловот е скаран со насловот, а насловот е скаран со текстот на веста. Едноставно кажано, таа е контрадикторна. Линк до оригиналниот напис:  Рускиот хуманитарен конвој влезе во Украина Датум и време на објавување: 15.08 2014, 07:53 Датум на рецензирање: 15.08.2014 Рецензент: Владимир Петрески Проблем со веста е насловот. Ај што тој не е точен, туку кажува нешто сосема поинакво од она што го кажува телото на веста. Во моментот на објавување на веста хуманитарниот конвој од Русија воопшто не беше влезен во Украина. Не само што не беше влезен, туку и 4 часа по објавувањето на веста (кога е пишувана оваа рецензија) се чекаше да пристигнат украински инспектори за да го прегледаат

Рецензија – наслов пренесен без поправки: (АНАЛЗА) Пред банкрот се 11 земји во светот

на 12. 08. 2014 | |
Овде повторно се соочуваме со напис, кој пренесува проценки за ризикот од банкрот на земјите од светот кои се во најтешка финансиска состојба. За разлика од претходниот текст, во кој беа смешани и Македонија и некои земји од регионот и каде што анализата беше проблематична од повеќе аспекти, овде не се отишло толку далеку. Македонија и регионов не се спомнуваат, но текстот сосема незаслужено е наречен „Анализа“ (или „АНАЛЗА“ со печатна грешка во насловот), некои термини не се докрај објаснети и се погрешно преведени, а се стручни и крајно нејасни за обичниот читател и, исто така, станува збор за користење на застарени податоци. Линк до оригиналниот напис: (АНАЛЗА) Пред банкрот се 11 земји во светот (насловот е пренесен без поправки)

Рецензија: ВО ПРВИТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ: „Телеком“ и „Т-Мобиле“ со водечка позиција на пазарот

на 8. 08. 2014 | |
Станува збор за вест која е крајно комерцијално пристрасна, вест со изместени приоритети, која е и премногу скратена, што на места е и нејасна. Насловот, пак, е посебна приказна и тој во себе не ја содржи главната ударната информација, туку кажува работи кои се познати со децении. Сѐ на сѐ, вест со лошо обработени информации. Линк до оригиналниот напис: ВО ПРВИТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ: „Телеком“ и „Т-Мобиле“ со водечка позиција на пазарот Датум и време на објавување: 07/08/2014, 12:40 Датум на рецензирање: 07/08/2014 Рецензент: Владимир Петрески Веста нема проблем со вистинитоста на изнесените информации, но има проблем со начинот на кој тие се изнесени, а уште повеќе со информациите кои не се изнесени, а морале да бидат за веста да биде

Рецензија: Македонија финансиски на стабилни нозе!

на 7. 08. 2014 | |
Повторно се сретнуваме со наменски текст чија единствена цел е пофалба на одредена политика, направен без ни малку објективност. Во него се прави погрешна макроекономска анализа, се мешаат податоците, се споредуваат неспоредливи работи, се прави спој на податоци и бројки кои никако не можат да се поврзат, погрешно се толкуваат бројки и се изнесуваат судови кои едноставно немаат врска со реалноста. Линк до оригиналниот напис: Македонија финансиски на стабилни нозе! Датум и време на објавување: 06.08.2014, 07:45 Датум на рецензирање: 06.08.2014 Рецензент: Владимир Петрески Ако го рецензирате овој текст, прв проблем со кој се соочувате е што не знаете од каде да почнете. Си велите, најдобро е да се почне од почеток, но ако така се постапи оваа рецензија треба

Рецензија: Зголемен интересот за купување на дрва од ЈП „Македонски шуми“

на 5. 08. 2014 | | sq
Обична вест од локално значење објавена на национален портал, искористена во политички пропагандни цели преку плиток спин, но и вест која има проблем со интерната логика и буди редица прашања во однос на понудените наводи, отколку што одговоара, со што се доведува во прашање нејзината вистинитост. Линк до оригиналниот напис: Зголемен интересот за купување на дрва од ЈП „Македонски шуми“ Датум и време на објавување: 05.08. 2014, 15:23 Датум на рецензирање: 05.08.2014 Рецензент: Владимир Петрески Пропагандата се познава по деталите, односно или по нивниот недостиг или по нивната нелогична употреба. Овде имаме проблем токму со деталите. Се вели дека „По намалувањето на цената на огревните дрва од страна на Владата за 10 отсто за сите граѓани и 15 отсто за

Рецензија: Македонија со камата 3,97, Албанија и Бугарија рекордери со 7,5 отсто

на 24. 07. 2014 | |
Станува збор за напис кој прави комплетно несоодветни и неодржливи споредби и компарации по принципот на собирање „баби и жаби“. Настрана фактот што во него има и неточни изјави на соговорниците, објавени без никаква проверка. Линк до оригиналниот напис: Македонија со камата 3,97, Албанија и Бугарија рекордери со 7,5 отсто Датум и време на објавување: 20.07.2014, 18:07 Датум на рецензирање: 24.07.2014 Рецензент: Владимир Петрески Проблемот со вистинитоста написот го има во компарациите. Се споредуваат каматите под кои државите во соседството имаат издадено еврообврзници, при што се тврди дека Македонија платила најниска камата. Ваквата споредба со себе носи редица методолошки предизвици и импликации, кои во текстот воопшто не се адресирани. На пример, не е кажано каков рок на доспевање имаат еврообврзниците

Во одбрана на Марија Антоанета и против новинарските клишеа

на 18. 07. 2014 | | sq

 

Реченицата за лебот и колачите, која ѝ се припишува на Марија Антоанета, е едно од најпознатите клишеа, масовно употребувано низ историјата, но кое никако да застари. Тоа е и одлична потврда како навистина илјадници пати кажаната невистина станува вистина и покрај тоа што невистината многу лесно се раскринкува.

  Пишува: Владимир Петрески   Во денешно време изјавите кажани пред микрофоните и камерите многу брзо застаруваат и се претвораат во

Рецензија: Околу 30 отсто од џихадистите на ИДИЛ инфицирани со СИДА

на 27. 06. 2014 | |
Точно е дека сунитската терористичка организација ИСИС (анг.: Исламска држава на Ирак и Сирија или ИДИЛ – Исламска држава на Ирак и Левантот), која, покрај тоа што држи големи територии во Сирија, како резултат на тамошната граѓанска војна, и која деновиве освои половина од територијата на Ирак, е злосторничка и безмилосна, која практикува сечење на главите на противниците, како и масовни стрелања на затворениците, но точно е и дека оваа вест нема никаква врска со вистината. Линк до оригиналниот напис: Околу 30 отсто од џихадистите на ИДИЛ инфицирани со СИДА  Датум и време на објавување: 24.06.2014, 15.53 Датум на рецензирање: 26.06.2014 Рецензент: Владимир Петрески Не треба многу за веднаш да се сфати оти ова е тешко веројатно. Воена организација

Рецензија: Фантастично: Македонската компанија “Леов” го произведе првиот “смарт” бојлер во светот

на 26. 06. 2014 | |
Ќе беше одлично, како и голем извор на национална гордост новиот бојлер на македонската компанија „Леов“ да беше навистина првиот во светот управуван на далечина преку мобилен телефон. Но, за жал, не е. Идејата за управување на домаќинските апарати е многу стара и беше спроведена во дело уште пред појавата на Интернетот преку далечинското управување со телевизорите, кое постои со децении, како и она за еркондишните. За далечинското управување на другите апарати во домаќинството во ерата на мобилните телефони почна сериозно да се расправа со појавата на ваквите уреди, кои содржеа BLUETOOTH, за ова да почне да се шири надвор од специјалистичките кругови придонесе со појавата на смартфоните и фактот што тие се постојано поврзани на интернет. Линк до оригиналниот 

Рецензија: За пет пијачки во Скопје ќе платите како за една во Осло

на 26. 06. 2014 | | sq
Проблемот со овој напис е насловот. Би било одлично статистичките податоци да можат вака лесно да се толкуваат и од од цели категории на цени да може да се извлечат компаративните цени на „пијачките“, како што се вели во насловот, ама тоа не е така. Друг проблем е преголемата оптовареност на целиот текст со бројки. Линк до оригиналниот напис: За пет пијачки во Скопје ќе платите како за една во Осло Датум и време на објавување: 24.06.2014 Датум на рецензирање: 25.06.2014 Рецензент: Владимир Петрески Освен во насловот, написот нема проблем со вистинитоста, ниту, пак, со изворите на информации. Станува збор за соопштение на Еуростат за движењето на цените во европските земји. Еден од проблемите со овој текст се бројките кои

Претплатете се за најнови вести