verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Vladimir Petreski

Рецензија: Евростат: Цените во Македонија речиси половина пониски од просекот во Европа

на 25. 06. 2014 | |
Оваа вест, заради грешките и непрецизностите во неа, е добар пример кој покажува дека кога се работи со бројки неопходно е зголемено внимание. Таа, исто така, по којзнае кој пат покажува и дека кога во една вест има многу бројки, графиконите и табелите се најдобро изразно средство. Линк до оригиналниот напис: Евростат: Цените во Македонија речиси половина пониски од просекот во Европа Датум и време на објавување: 24.06.2014, 8:15 Датум на рецензирање: 25.06.2014 Рецензент: Владимир Петрески Она што може да се види веднаш од насловот и од првите две реченици покажува дека во сите три овие делови има две различни, односно спротивни квантитативни квалификации од кои едната мора да биде погрешна. Во насловот, кој гласи „Евростат: Цените во Македонија

Рецензија: Половина милијарда евра од извоз на храна

на 19. 06. 2014 | |
Оваа вест има неколку големи проблеми: невозможни податоци, лоша структура и необјективен избор на податоците, кој не е сосема логичен и од кој не можат да се забележат вистинските трендови во надворешната трговија со храна на земјава. Линк до оригиналниот напис: Половина милијарда евра од извоз на храна Датум и време на објавување: 19.06.2014, 10:40 Датум на рецензирање: 19.06.2014 Рецензент: Владимир Петрески  

500 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ХРАНА? СЕКАКО!

Главниот проблем во однос на вистинитоста е во насловот и во првиот ред – односно тврдењето дека годинава ќе сме имале „Половина милијарда евра од извоз на храна“. Веста се повикува на службени податоци од Народната банка на РМ, но во нив никаде нема прогноза за извоз на

Рецензија: Во ХЕЦ „Шпилје“ за пет месеци произведени 69 милиони киловат-часови струја

на 18. 06. 2014 | |
Објавувањето на малку познати бројки и тоа во единици мерки кои граѓаните не ги користат секојдневно, како и податоци без контекст, не фрлаат светлина врз работите. Единицата мерка „милиони киловат часови“ за најголем дел од читателите значи многу малку. Мал е бројот на оние читатели кои имаат претстава дали станува збор за „мало“ или „големо“ произведено количество електрична енергија за една хидроцентрала. Киловат часовите (и тоа особено во милиони) не се исто што и килограмите, на пример. Може да се смета дека читателот има претстава што е тоа килограм, ама кога станува збор за „милиони киловат часови“, кои не се ставени во никаков контекст, ниту во однос на максималниот капацитет, ниту во однос на минатогодишното производство на електрична енергија, на

Сервисот за проверка на факти во медиумите на POINT30 конференцијата во Сараево

на 29. 05. 2014 | | sq
Од 22-24 мај во Сараево се одржа третата ПОИНТ меѓународна конференција во организација на невладината организација Zastone, на која учествуваа локални, регионални и меѓународни организации, кои делуваат на Балканот, во Источна Европа и пошироко. Темата на конференцијата беше „Политичката одговорност и новите технологии“ и таа содржеше бројни презентации и работилници, густо набиени во тродневната програма, при што предавачи, покрај од регионот, имаше и од САД, Украина, Русија, Египет и многу

Фото натпревар на тема „Демократија, човекови права и владеење“ (DRG)

на 5. 05. 2014 | | sq
„Помогнете ни да ја раскажеме приказната и да го покажеме ликот на сите оние што работат на унапредувањето на Демократијата, човековите права и владеењето (Democracy, Human Rights and Governance -DRG) преку постигнувањата на ова поле и промовирањето, заштитата и продлабочувањето на демократијата ширум светот,“ се вели во поканата УСАИД за учество во овој натпревар. Условите за учество и сите други прашања за учество на натпреварот можат да се добијат на следниве адреси: jbentoncooney@usaid.gov и rchilton@usaid.gov. Рок за доставување на фотографиите е 16 мај.

Промовиран прирачник за јавност во кривичната постапка

на 23. 04. 2014 | |
ОБСЕ во соработка со Јавното обвинителство го презентираа прирачникот за новинари што ќе им помогне во појаснувањето на новиот закон за кривична постапка. На презентација присуствуваше и врховниот јавен обвинител Марко Зврлевски, кој, за жал, си замина насред презентацијата и не ги дочека прашањата од новинарите. Резарта Шуц, шеф на отсек за владеење на право на ОБСЕ рече дека не е доволно правдата да се спроведува, туку тоа да се види во јавноста, а тоа треба да се направи преку медиумите. Тие се очите и ушите на јавноста кои постојано внимателно ја следат кривичната постапка Целта на прирачникот е до новинарите да ги доближи клучните карактеристики и промени кои произлегоа од новиот закон за кривична постапка и да им укаже

Ердоган го забрани Твитер, ама во Турција, сепак, се твита #TwitterIsBlockedInTurkey

на 21. 03. 2014 | | sq
Турскиот премиер, Реџеп Таип Ердоган, го забрани Твитер во земјата, откако беа објавени линкови до снимки со разговори што ја потврдуваат корупцијата за време на изборите.  
  • Поддржете го протестот против забраната на Твитер во Турција и помогнете да се пробие блокадата со користење на хаштагот  #TwitterIsBlockedInTurkey.
  Европската унија ја осуди блокадата на меѓународната платформа за микроблогирање, која има околу 650 милиони корисници ширум светот, нарекувајќи ја „неоснована и кукавичка“. Турските власти велат, пак, дека забраната е направена легално, со помош на судот кој оценил дека треба да се блокира мрежата како „безбедносна мерка“. Низ светските медиуми се врти познатата изјава на Ердоган, кој вели: „Не ми е гајле што вели меѓународната заедница за ова. Секој ќе ја види

Рецензија: Кои индустрии во иднина ќе го движат економскиот раст?

на 4. 02. 2014 | |
Замислете ваква ситуација. Доаѓа зимата, но во првата календарска зимска недела времето е топло, нема потреба од шалови и капи, времето е убаво и доволно е да облечете само една есенска јакна. Почнувате да размислувате за времето и заклучувате дека со оглед на тоа што првата зимска недела е топла, тоа мора да е сигурен знак и дека целата зима ќе биде топла. До првиот зимски студ, кој неодложно мора да дојде, се разбира. Текстот што го рецензираме, иако не се однесува на времето, туку на економијата, некако на ист начин и по исти критериуми, тргнувајќи од конкретното или единечното, донесува заклучоци кои се генерализирани и сеопфатни. Линк до оригиналниот напис: Кои индустрии во иднина ќе го движат економскиот раст?

Брзо креирање на ефективни и динамични инфографици со Infogr.am

на 25. 01. 2014 | | sq

Не е Мајкрософт Ексел, нема толку опции, но затоа е лесен за учење и многу брз за завршување на работата. Добредојдовте на Infogr.am, ептен корисна веб апликација кога набрзина сакате да објавите убаво средени и графички претставени податоци и уште побрзо да ги споделите на Интернет за секој да може да ги види.

  Пишува: Владимир Петрески   Infogr.am е веб сајт кој овозможува креирање инфографици директно на интернет и

Рецензија: Вака би изгледала новата банкнота од 200 денари

на 23. 01. 2014 | | sq
Во новинарството постојано се случува да се објавуваат деманти, дополнувања, појаснувања, извинувања, реакции и слично. Ова е едноставно дел од професијата и тука нема ништо чудно. Ве реномираниот лондонски неделник Економист, на пример, има изданија во кои на секои десетина страници, во долните надворешни ќошеви на страниците, имаат вакви кратки забелешки, отпечатени со помали букви, а и страницата наменета за писма на читателите, знае, исто така, да вклучува вакви материјали. Ова е сосема вообичаено. Економист се печати на 128-160 страници секоја недела, содржи илјадници информации и постојано има нешто што има потреба да се поправи, објасни или дополни. Она што, сепак, во новинарството не се случува, е откако еден медиум или редица медиуми истовремено ќе објават некоја вест и

Претплатете се за најнови вести