verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ердоган го забрани Твитер, ама во Турција, сепак, се твита #TwitterIsBlockedInTurkey

on 21 - 03 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

BjOD7hOIEAA--m9

Турскиот премиер, Реџеп Таип Ердоган, го забрани Твитер во земјата, откако беа објавени линкови до снимки со разговори што ја потврдуваат корупцијата за време на изборите.

 

  • Поддржете го протестот против забраната на Твитер во Турција и помогнете да се пробие блокадата со користење на хаштагот  #TwitterIsBlockedInTurkey.

 

Европската унија ја осуди блокадата на меѓународната платформа за микроблогирање, која има околу 650 милиони корисници ширум светот, нарекувајќи ја „неоснована и кукавичка“.

Турските власти велат, пак, дека забраната е направена легално, со помош на судот кој оценил дека треба да се блокира мрежата како „безбедносна мерка“.

Низ светските медиуми се врти познатата изјава на Ердоган, кој вели:

„Не ми е гајле што вели меѓународната заедница за ова. Секој ќе ја види моќта на Турската република“.

Сепак, кога станува збор за Интернет забраните не одат така лесно. И тоа особено ако се знае дека во големата Турција на Твитер се дури 10 милиони луѓе. Од земјата на Твитер и натаму се испраќаат твитови преку прокси сервери и промена на DNS адресите.

А, покрај тоа, и самата компанија Твитер објави соопштение во кое им се објаснува на корисниците во Турција како можат да твитаат преку СМС пораки со внесување на START на 2444 за турските мобилни провајдери Авеа и Водафон и STАRT на 2555 за Туркчел.

Хаштагот #TwitterisblockedinTurkey, инаку, доживува експлозијан а популарност во моментов и цел свет гледа што се случува, како што може да се види и на илустрацијата објавена од страна на Вашингтон Пост и забраната може да му се врати како бумеранг на Ердоган.

Претплатете се за најнови вести