verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Жешко во СДСМ: На пратеничките листи нема место за актуелните пратеници

on 21 - 03 - 2014       

sdsm-pratenici-stari-crop-resize

Жешко најверојатно е само во текстот. Другото е шпекулација. Текстот од почетокот пренесува дел од друг медиум, за после да се поврзе со своите извори со име „како што дознаваме“. Секако тука се и „изворите од високи официјални лица на партијата“. Така почнува, така и завршува текстот. И сега можеме да му веруваме или не. Кој како е станат денеска.

sdsm pratenici stariЛинк до оригиналниот напис: Жешко во СДСМ: На пратеничките листи нема место за актуелните пратеници

Датум и време на објавување: 18.03.2014, 11:54

Датум на рецензирање: 19.03.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ПРОВЕРИ, ПА ПИШУВАЈ

Акцентот е ставен на анонимни партиски членови.

Членството на СДСМ, како што велат наши извори, во собраниските клупи сака да види и дел од актуелните високи членови на СДСМ, односно најблиските соработници на Зоран Заев за кои се зборува дека сепак ќе се држат настрана од пратеничките места.

Тешко се доаѓа до вистината, а уште потешко се крева телефон да се провери информацијата. Прво правило на новинарството. Провери, па пишувај. Но, тоа правило овде не е спроведено.

Има анонимни, високи официјални лица без имиња, ниту, пак, иницијали. Иако, во намјала рака, можело да се идентификуваат како член на Извршниот одбор или член на таа и таа комисија на партијата. За тоа, пак, дали овој пасус е вистина ќе мораме да почекаме уште некој ден. Ако има фаќање за врат, за гуша, значи текстот си ја исполнил целта.

Извори од СДСМ за Press24 брифираат дека постарата пратеничка гарнитура била подготвена за ваков развој на настаните и дека се очекува во периодот до 29 март на Бихаќка да се вжешти ситуацијата.

 

НЕМА НИТУ „А“ ОД АНАЛИЗА

Вака текстот на прва има содржајност. Спомната е скоро целата пратеничка група на СДСМ. И сето тоа под превезот на шпекулации. Дури на крајот од текстот забележувате дека сте се изгубиле и не можете да се снајдете од толку шпекулации.

Овој пасус сака да го засили текстот, па, на пример, од соја да го направи мелено месо:

Неофицијалните информации говорат дека значителен рез ќе има и за местата за коалиционите партнери. Тито Петковски нема да може да смета на 4 добитни места на листите бидејќи половина ќе одат за либерал демократите на Жерновски. Од игра најверојатно ќе испаднат и Бишевац и Николовска, а високо на листата нема да биде позициониран ниту Ивон Величковски од ЛП.

Написот е политички пристрасен во секоја смисла. Дури се труди и ако може да наштети, зашто прејудицира дека ќе биде жешко во посочената партија. Ваквите текстови имаат и таква цел. Да потикнат раздор. Нели новинарската приказна е како перница со пердуви скината и рафрлена од најголемата зграда, а демантот е како да ги собираш тие пердуви.

Целиот текст е коментаторски. Со пасуси кои се трудат да бидат анализа, ама нема ниту „А“ од анализа. Зошто? Затоа што нема ниту еден факт. Половина текст е преземен од дневен весник, а другата половина, нели, како „шлаг на торта“ демек го надополнива, го дообјаснува.

Насловот, ако сето ова беше вистина, ќе беше ударен. Овака само се труди да биде, а згора на тоа и дезинформира. Барем сега, засега. А, текстот не нуди докази да не се посомневаме во вистинитоста на насловот.

Фотографијата е ставена колку да има нешто .

И што да се каже за ваков текст. Деновиве се изначитавме вакви „анализи“. Текстови кои се трудат да ја извртат вистината, да манипулираат, а притоа и да предизвикаат раздор. Нека им е на чест.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести