verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Vladimir Petreski

Рецензија: Проектот „Купи куќа купи стан“ ја намали цената на станбениот квадрат

на 21. 08. 2013 | |
Главната теза во написот – дека проектот „Купи куќа, купи стан“ ја намалил цената на становите во главниот град не е со ништо поддржана, објаснета или било како докажана. Ниту со релевантни компаративни податоци, ниту, пак, со изјави од релевантни извори. Такво нешто не би ни било можна зашто оваа теза едноставно не е точна. Линк до оригиналниот напис: Проектот „Купи куќа купи стан“ ја намали цената на станбениот квадрат Датум и време на објавување: 21. 08. 2013 11:12 Датум на рецензирање: 21. 08. 2013 Рецензент: Владимир Петрески Вистинитост: Тоа што две појави изгледаат како да имаат причинско-последична поврзаност не значи и дека тие се навистина поврзани. Поврзувањето на две блиски појави за да се извлече однапред замислен заклучок без

Рецензија: Откажана денешната аукција на државни хартии од вредност

на 20. 08. 2013 | |
Во рок четири и пол часа, откако Македонската информативна агенција (МИА) го објави соопштението на Министерството за финансии за откажувањето на за денеска закажаната аукција на државни хартии од вредност (ДХВ – државни записи и државни обврзници), веста ја презедоа 23 портали. Еден од нив е и овој чија вест овде се рецензира. И тука веднаш се поставува следното прашање: Кога 23 портали ја пренеле истата вест помалку или повеќе без измени, зошто е избрано да се рецензира онаа објавена токму од овој медиум? Причината е следна: Утрински весник има убедливо најдобра и најсеопфатна економска рубрика споредено со сите други медиуми во земјава (евентуално со исклучок на пар специјализирани деловни медиуми на кои економијата им е безмалку единствена рубрика), барем

Рецензија: Како живеат пензионерите на Балканот: Во Македонија преживуваат со 144 евра, во Хрватска имаат најголема пензија

на 19. 08. 2013 | |
Добро замислениот преземен напис во кој се анализира состојбата со пензиите во земјите на поранешна Југославија, има два проблеми. Првиот е што бројката за износот на просечната пензија во Македонија не е точен. Тој не изнесува 144 евра. Според овој неточен податок испаѓа дека Македонија има најниски пензии во поранешна Југославија. Како што ќе видиме подолу, тоа не е точно. Проблемот овде е проширен и на тоа што оваа неточна информација е ставена во насловот со што грешката е уште поголема. Вториот проблем е што никој во редакцијата на искусниот медиум што ја презел веста не ја воочил грешката, иако станува збор за разлика од речиси 32 отсто во однос на точниот износ. Линк до оригиналниот напис: Како живеат пензионерите

Новинарски алатки на агрегаторот Grid.mk

на 23. 07. 2013 | |
Грид е еден од неколкуте агрегатори, кој презема линкови од вестите што се објавени на македонските портали. Но, покрај линкови од вести, агрегаторот содржи и неколку алатки што можат да бидат корисни за новинарите и уредниците кои работат на новинските портали, но и во другите видови медиуми.   Пишува: Владимир Петрески   Алатките корисни за новинарите даваат увид, и тоа пред сѐ, статистички, за тоа што, како и колку работи

Рецензија: На младите не им се работи, дури и сезонски!

на 17. 07. 2013 | |
Станува збор за напис кој „тврдо“ следи една теза од почеток до крај, теза која е преземена од изјава на соговорник. Оваа теза, која почнува од насловот и продолжува низ целиот текст, е поткрепена од еднострани извори, додека знаците и податоците што говорат поинаку, а кои ги има и во информациите во текстот и во придружните вести со текстот, воопшто не се земени во предвид. Ни за момент никој не се посомневал дека основната теза – младите не сакаат да работат сезонски – е барем донекаде проблематична. Линк до оригиналниот напис: На младите не им се работи, дури и сезонски! Датум и време на објавување: 12.07.2013 Датум на рецензирање: 17.07.2013 Рецензент: Владимир Петрески Вистинитост: Написот почнува со зборовите: „Додека во

Рецензија: Железницата чека подобри вагони за подобри денови

на 16. 07. 2013 | |
Веста отвора премногу прашања во врска со железничкиот сообраќај во земјава, но не ги затвора. Почнува со став и завршува тврдење, кое има коментаторски елементи. За вакво нешто немало потреба во една телевизиска вест. Линк до оригиналниот напис: Железницата чека подобри вагони за подобри денови Датум и време на објавување: 11.07.2013, 20:35 Датум на рецензирање: 12.07.2013 Рецензент: Владимир Петрески Вистинитост: Секако дека во веста има вистинити наводи. Најголем број се бездруго вистинити.  Но, има и непоткрепени и недоволно поткрепени ставови и коментари. Проблем е што и самата вест наместа е недоречена и нејасна. И во недореченоста страдаат деталите. А, деталите се неопходни за да се осознае вистината и читателот да не остане збунет или делумно информиран. Вака како што е

Претплатете се за најнови вести