verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Симона Атанасова

Плажи, вагинални инфекции и чист сензационализам

на 3. 08. 2016 | |

[Рецензија: Девојки од Скопје се здобија со вагинални инфекции од плажа во Будва]

  Штур текст без да даде одговор на најважните прашања што се потребни за еден квалитетен новинарски напис. Материјалот е толку празен и сензационалистички што изгледа како целосна измислица. Во него се користи фразата „се верува дека“, што значи дека информацијата не е целосно проверена и точна, но и покрај тоа уште со самиот наслов на јавноста ѝ се испраќа сигнал дека ова навистина се случило. Линк до оригиналниот напис: Девојки од Скопје се здобија со вагинални инфекции од плажа во Будва Датум и време на објавување: 29.07.2016, 12:29 Датум на рецензирање: 02.08.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

НИТУ ИЗВОРИ, НИТУ ДОКАЗИ

„Друштво 4 млади девојки од Скопје

До кога различното мислење ќе се смета за грев?

на 1. 08. 2016 | |

[Рецензија: ЛЕВИЦА ИГРА КУРВИНСКИ, ТОА СЕ ЕДНИ НЕЗРЕЛИ ПЛАЧИПИЧКИ ПЕРФИДНИ, ПО СТОТИ ПАТ МУ ЗАРИЈА НОЖ ВО ГРБ НА СДСМ А СЕ ВОЗАТ НА НЕГОВАТА ПРИКОЛИЦА!!!]

  Ова писание во ниту еден случај и по ниту еден критериум не може да се вброи во новинарско дело. Примитивен, навредлив, непрофесионален текст, полн со говор на омраза. Линк до оригиналниот напис: ЛЕВИЦА ИГРА КУРВИНСКИ, ТОА СЕ ЕДНИ НЕЗРЕЛИ ПЛАЧИПИЧКИ ПЕРФИДНИ, ПО СТОТИ ПАТ МУ ЗАРИЈА НОЖ ВО ГРБ НА СДСМ А СЕ ВОЗАТ НА НЕГОВАТА ПРИКОЛИЦА!!! Датум и време на објавување: 23.07.2016, 19:45 Датум на рецензирање: 31.07.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

НАВРЕДИ, ПРИМИТИВИЗАМ, ГОВОР НА ОМРАЗА

До кога поинаквото мислење ќе се смета за грев? Во едно демократско општество, секој има право

Ексклузивна шпекулација

на 22. 07. 2016 | | sq
   

[Рецензија: Ексклузивно: Аболицијата ја наредил лично Груевски оти Протугер психички се растроил!]

Под превезот на ексклузива, на јавноста ѝсе нуди напис кој нема ама баш никаква ексклузивност, туку е чиста шпекулација. Во текстот се тврди дека информацијата што им се пласира на читателите е сигурно точна, иако нема ни трага ни глас од изворите ниту, пак, е посочено од каде доаѓаат.     Линк до оригиналниот напис: Ексклузивно: Аболицијата ја наредил лично Груевски оти Протугер психички се растроил!
Датум и време на објавување: 15.07.2016
Датум на рецензирање: 22.07.2016
Рецензент: Симона Атанасова   „СИГУРНО“ Е ДЕКА НЕ СЕ НАВЕДЕНИ ИЗВОРИТЕ „Аболицијата на 56 темина од листата осомничени од СЈО за злоупотреби на службената должност и изборни измами од опозициските

Шпекулативна и навредлива објава

на 20. 07. 2016 | |

[Тепачки, закани и кавги меѓу СДСМ и СОРОС – Ова е нивниот список за уредник на МРТВ]

  Измислици, шпекулации, коментари и навреди се елементите што го сочинуват овој напис. Без ниту еден доказ и потврда од која било засегната страна, во текстот се набројуваат еден куп новинари кои, наводно, биле на список за главен уредник на јавниот радиодифузен сервис, а притоа им се лепат разни епитети за нивна дискредитација. Линк до оригиналниот напис: Тепачки, закани и кавги меѓу СДСМ и СОРОС – Ова е нивниот список за уредник на МРТВ Датум и време на објавување: 14.07.2016, 07:34 Датум на рецензирање: 19.07.2015 Рецензент: Симона Атанасова  

А ДОКАЗИ ЗА ОБВИНУВАЊАТА?

„Она што досега е договорено е одговорниот уредник во Јавниот

„Мајмунлаци“ од текст!

на 14. 07. 2016 | | sq
 

[Рецензија: ПРИЛЕПСКА РАБОТА: Прилепчани сосе автомобил влегоа во кристалното мермерно езеро (ВИДЕО/ФОТО)]

  Дискриминирачки, навредлив и коментаторски текст конструиран врз непотврдена информација. Текстот е навредлив за жителите на градот Прилеп, за кои се генерализира дека прават „мајмунлаци“, иако во текстот нема докази дека за „инцидентот“ се виновни прилепчани.   Линк до оригиналниот напис: ПРИЛЕПСКА РАБОТА: Прилепчани сосе автомобил влегоа во кристалното мермерно езеро (ВИДЕО/ФОТО)
Датум и време на објавување: 06.07.2016, 14:58
Датум на рецензирање: 13.07.2016
Рецензент: Симона Атанасова     ТАБЛИЧКИТЕ СЕ СТРАНСКИ, А НЕ ПРИЛЕПСКИ „Деновиве поголема група прилепчани се решиле сосе автомобил да влезат во езерото и од покривот на возилото да скокаат во водата. На социјалните мрежи се појавија неколку видеа на кои се гледа како

Абракадабра-докази

на 12. 07. 2016 | | sq
  [Рецензија: ПОСТОИ ЛИ ПРИТИСОК: Вработена во амбасадата на САД донесена во судот? (ИНФОМАКС)] Текстот изнесува целосно непроверен и непотврден факт, со кој се обвинува дека вработени од Амбасадата на САД вршат притисок врз судиите и судовите. Целиот напис е конструиран врз видеозапис во кој се гледа личноста, за која во текстот без доказ се тврди дека е вработена во Амбасадата на САД, во близина на судовите во Скопје. Исто така без потврда, написот тврди дека токму оваа вработена во Амбасадата на САД била задолжена за координација со Специјалното јавно обвинителство.     Линк до оригиналниот напис: ПОСТОИ ЛИ ПРИТИСОК: Вработена во амбасадата на САД донесена во судот? (ИНФОМАКС)
Датум и време на објавување: 03.07.2016, 17:44
Датум на рецензирање: 11.07.2016

Текст за дијагноза!

на 6. 07. 2016 | |

[Рецензија: (Вознемирувачко видео) ЉУМИ СЕ МРДНА ОД УМОТ: Тешка шизофренија, длабока растроеност и психоза!]

  Навредлива, дискриминирачка објава полна со неточни еднострани заклучоци кои се користат за да се омаловажи една личност. Истурени се куп навредливи зборови, искажани на лична основа. Манирот во кој е конструиран и пласиран овој материјал остава впечаток дека постои лична нетрпеливост, па дури и омраза кон личноста што ја напаѓа со сета сила. Линк до оригиналниот напис: (Вознемирувачко видео) ЉУМИ СЕ МРДНА ОД УМОТ: Тешка шизофренија, длабока растроеност и психоза! Датум и време на објавување: 01.07.2016 Датум на рецензирање: 05.07.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

НАВРЕДЛИВА И ДИКРИМИНИРАЧКА ОБЈАВА

Освен навредите, во текстот се изнасуваат и тврдења за кои не е понудена никаква потврда. Се вели

Енрике бакнува, ама не во Скопје

на 4. 07. 2016 | | sq

[Реценција: КОЈА Е ДЕВОЈКАТА КОЈА ЈА БАКНА ЕНРИКЕ ИГЛЕСИАС НА КОНЦЕРТОТ ВО СКОПЈЕ!]

  Која е девојката што Енрике Иглесијас ја бакна на концертот во Скопје? Одговорот е никоја!
Текстот што е предмет на оваа анлиза не е ништо друго освен чиста шпекулација конструирана врз стара изјава на популарниот пејач и уште постара фотогафија. Линк до оригиналниот напис: КОЈА Е ДЕВОЈКАТА КОЈА ЈА БАКНА ЕНРИКЕ ИГЛЕСИАС НА КОНЦЕРТОТ ВО СКОПЈЕ! Датум и време на објавување: 21.06.2016, 09:52 Датум на рецензирање: 03.07.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

ПОДМЕТНАТА СТАРА ФОТОГРАФИЈА ОД МЕКСИКО СИТИ

„Латино заводникот Енрике Иглесиас на своите обожавателки им покажува кога е добро расположен. Некои од нив ги вади на сцена и ги бакнува в уста, по што тие остануваат

Проверка на факти на телевизија – предизвици и придобивки

на 23. 06. 2016 | | sq

Проверката на факти на телевизија е помалку вообичаена форма на овој вид новинарство отколку проверка на факти која се практикува на интернет и која е далеку подоминантна форма. Но, во светот има добри примери на проверка на факти на телевизија.

  Пишува: Симона Атанасова   Во поново време, проверка на факти како редовен самостоен сегмент се прикажува на ТВ-канали низ целиот свет, а меѓу најдобрите се „Еј-би-си Австралија“, кореанската „Џи-ти-би-си“,

Извртување на изјава до непрепознатливост

на 22. 06. 2016 | | sq

[Рецензија: Наташа Габер го оправдува кршењето, палењето и тепањето од страна на „шарените“]

  Целосно извртување на изјавата на уставната судијка Наташа Габер и манипулирање со додадени и со неточни детали. Текстот што е предмет на оваа анализа ѝ става зборови во уста на судијката кои таа воопшто не ги кажала. Написот е преземен од друг медиум, но не е соодветно линкуван. Линк до оригиналниот напис: Наташа Габер го оправдува кршењето, палењето и тепањето од страна на „шарените“ Датум и време на објавување: 18.06.2016, 18:29 Датум на рецензирање: 21.06.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

ИЗВИТОПЕРУВАЊЕ

„Уставната судијка Наташа Габер, која инаку е сестра на Виктор Габер од СДСМ го оправдува кршењето, крадењето, палењето и тепањето обични граѓани за време на протестите

Претплатете се за најнови вести