verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Симона Атанасова

Фингирани еротски „ишарети“

на 28. 09. 2016 | |

[Рецензија: ЕРОТИКА ОД СДСМ: Какви „ишарети“ си пуштаа Шилегов и Куновска во Собрание? (ВИДЕО)]

  Сексистички, навредлив, непристоен, провокативен, коментаторски текст на кој единствената цел му е дескредитација и нарушување на угледот на двајцата опозициски пратеници. Со премногу очигледно наместен видеозапис и со уште понаместен текст што оди како дополување на снимката, се измислува приказна за двајца пратеници со која се манупилира јавноста. Притоа, освен сечен и лепен видеозапис, нема никави реални докази за оваа фингирана ситуација. Линк до оригиналниот напис: ЕРОТИКА ОД СДСМ: Какви „ишарети“ си пуштаа Шилегов и Куновска во Собрание? (ВИДЕО) Датум и време на објавување: 22.09.2016, 21:27 Датум на рецензирање: 27.09.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

МОНТИРАНИ КАДРИ

„Интересна случка денес во Собранието на Република Македонија при

Не смее Шекеринска да се вработи во СДСМ?!

на 22. 09. 2016 | |

[Рецензија: КУРИР: Зоран Заев не сакал Радмила Шекеринска да остане гладна, ја вработил и неа во партијата]

  Текстот што го анализираме изразува чудење и неодобрување како е можно заменик-претседател на една партија да биде вработен во истата. Има закон што го забранува ова?! Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, не извршува никаква јавна фукнција, па тоа да се коси со нејзиното вработување во партијата. Линк до оригиналниот напис: КУРИР: Зоран Заев не сакал Радмила Шекеринска да остане гладна, ја вработил и неа во партијата Датум и време на објавување: 17.09.2016, 10:22 Датум на рецензирање: 22.09.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

ОБЈАВЕНА И ПЛАТАТА ШЕКЕРИНСКА

Иако нема официјална потврда од СДСМ, написот, сепак, без докази тврди дека Шекеринска е вработена во партијата,

Беспотребно разгорување меѓуетнички страсти

на 19. 09. 2016 | | sq

Напис кој меша „баби и жаби“, истовремено беспотребно поттикнува страв, несигурност, а може да поттикне и насилство. Текстот уште со самиот наслов категорично поставуваа равенка меѓу победата на Хилари Клинтон на претседателските избори во САД, кои ќе се одржат во ноември, и насилства на Косово и тоа од страна на Албанци врз Срби!? Линк до оригиналниот напис: АКО НА ИЗБОРИТЕ ПОБЕДИ КЛИНТОН: Албанците во Косово спремаат линч над Србите (Во меѓувреме текстот е повлечен) Датум и време на објавување: 13.09.2016, 16:13 Датум на рецензирање: 18.09.2016 Рецензент: Симона Атанасова Хилари Клинтон и нејзиниот сопруг Бил, поранешниот американски претседател, биле поддржувачи и пријатели на Албанците во Косово, па оттаму се вади и заклучокот дека ќе имало насилство во случај на победа на

Светоста на Мајка Тереза не треба да се чепка!

на 14. 09. 2016 | |

[Рецензија: Медиумите под контрола на СДСМ и Сорос со текстови против Мајка Тереза]

  Текстот кој е предмет на оваа анализа критикува и обвинува друг медиум дека не ја почитува светоста на Мајка Тереза, а притоа е објавен во категоријата „Вести“. Освен што неосновано критикува, текстот манипулативно генерализира, а притоа и обвинува без докази.     Линк до оригиналниот напис: Медиумите под контрола на СДСМ и Сорос со текстови против Мајка Тереза
Датум и време на објавување: 04.09.2016, 12:44
Датум на рецензирање: 09.09.2016
Рецензент: Симона Атанасова  

НАПАД ЗА ПРЕНЕСЕН ТЕКСТ

Написот го критикува текстот објавен на порталот „Нова“, кој, притоа, не е авторски текст, туку е преземен од „Си-ен-ен“. Иако тоа е еднаш напоменато на почетокот од текстот, сепак

Платите на СЈО магично откриени

на 5. 09. 2016 | | sq

[Рецензија: ФОТО: Погледнете колкави плати земаат обвинителите во СЈО]

  Како што се зголемува фреквенцијата на лица кои се повикувани на распит или како сведоци во Специјалното јавно обвинителство, така се засилува и негативната кампања на некои медиуми кон оваа институција. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Погледнете колкави плати земаат обвинителите во СЈО
Датум и време на објавување: 28.08.2016, 19:43
Датум на рецензирање: 04.09.2016
Рецензент: Симона Атанасова   НЕМА ОБЈАСНУВАЊЕ ЗОШТО СЕ ПЛАТИТЕ ТОЛКАВИ Со овој напис се прави обид да се дискредитира работата на СЈО. Ваквите текстови со сета сила се обидуваат да прикажат дека обвинителите од ова јавно обвинителство не ги заслужуваат парите што ги добиваат. А платите што јавните обивиниели од СЈО ги добиваат се предвидени со

Голема Богородица не е продолжен викенд!

на 30. 08. 2016 | | sq

[Рецензија: Успение на Пресвета Богородица: Уште еден продолжен викенд]

  Текстот ја дезинформира јавноста дека понеделник, 29 август, е неработен ден затоа што во неделата, еден ден претходно, се паѓа празникот Успение на Пресвета Богородица. Оваа информација е целосно погрешна затоа што празникот Успение Пресвета Богородица не е државен празник, туку празник само за припадниците на православната вериосповед и неговото празнување не се поместува на следниот работен ден.     Линк до оригиналниот напис: Успение на Пресвета Богородица: Уште еден продолжен викенд (Текстот во меѓувреме е избришан) Датум и време на објавување: 24.08.2016, 10:40
Датум на рецензирање: 28.08.2016
Рецензент: Симона Атанасова   Иако грешката најверојатно не е намерно направена, сепак, новинарот мора да ги провери сите факти пред

Изјава извадена од контекст

на 26. 08. 2016 | | sq

 [Рецензија: УЧИЛИШТАТА „ЈАХЈА КЕМАЛ“ СЕ ЗАТВАРААТ: Македонија ќе одговори на барањата на демократски избраната власт во Анкара!]

Текстот што е предмет на оваа рецензија наголемо шпекулира за одлуките на Владата. Напишаното е конструирано без релевантен извор, кој може да ги потврди изнесените информации. Написот, а особено насловот, тврди нешто што подолу во текстот не го образложува и не го поткрепува со факти и со докази, па оваа информација која ѝ  се презентира на јавноста „не држи вода“. Линк до оригиналниот напис: УЧИЛИШТАТА „ЈАХЈА КЕМАЛ“ СЕ ЗАТВАРААТ: Македонија ќе одговори на барањата на демократски избраната власт во Анкара! Датум и време на објавување: 25.08.2016 Датум на рецензирање: 26.08.2016 Рецензент: Симона Атанасова   НЕПОТВРДЕНА ШПЕКУЛАЦИЈА По неуспешниот обид за пуч во Турција,

Од недоразбирање до манипулација

на 15. 08. 2016 | | sq

[Рецензии: КАДЕ БЕ СО ТОЈ ПАМЕТ: Рада се појави на парада, и им порача на мртовците „Немојте не станувајте, седете!“]

    Коментаторски, навредлив и обвинувачки текст без докази. Станува збор за најобично недоразбирање од кое во написот се прави манипулација и пропаганда. Написот (кој е преземен од друг медиум, но тоа не е соодветно атрибуирано) е полн со лични навреди кон заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска. Текстот, освен навредите, изнесува и неколку обвиненија за кои нема соодветна потврда или доказ дека се вистинити. Линк до оригиналниот напис: КАДЕ БЕ СО ТОЈ ПАМЕТ: Рада се појави на парада, и им порача на мртовците „Немојте не станувајте, седете!“ Датум и време на објавување: 11.08.2016 Датум на рецензирање: 13.08.2016 Рецензент: Симона Атанасова

Дезинформирање и создавање паника

на 10. 08. 2016 | |

[Рецензија: ПРЕКУ 50-ТИНА ЖРТВИ ОД СИНОЌЕШНОТО НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ??]

  Напис без текст!  Со невидена леснотија пласирање непроверени информации, дезинформирање на јавноста, создавање паника и конфузија кај читателите. Писание конструирано без трошка одговорност, само со принтскрин од нечиј фејсбук- статус, без никаква содржина, објаснување или проверка на податоците кои се споделени во статусот. Линк до оригиналниот напис: ПРЕКУ 50-ТИНА ЖРТВИ ОД СИНОЌЕШНОТО НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ?? Датум и време на објавување: 07.10.2016 Датум на рецензирање: 10.08.2016 Рецензент: Симона Атанасова    

СЕНЗАЦИОНАЛИЗАМ ОД ЧОВЕЧКИ ТРАГЕДИИ

Статусот, пак,  шпекулира со една многу сензитивна тема – бројот на жртви од поплавата што го зафати Скопскиот Регион пред неколку дена. И наместо да се провери напишаното на „Фејсбук“, написот сензационалистички ја дезинформира јавноста и

Сообраќајната несреќа кај Демир Капија, информативна несреќа во известувањето

на 4. 08. 2016 | | sq
Судар на пат, избегнат професионализам во медиумите. Фото: Pixabay/screenshot
 

Еден медиум презема од друг, додава нешто непроверено и сосема ја менува првичната информација. Дел од порталите се оградуваат со вметнување на фразите „од полицијата велат“, „од МВР за нашиот медиум“, „полицијата соопшти“, но во ниедна вест нема изјава од претставник на МВР кој ги потврдува пласираните информации. Всушност, голем дел од медиумите само го користат

Претплатете се за најнови вести