verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

До кога различното мислење ќе се смета за грев?

on 1 - 08 - 2016       

maktel

[Рецензија: ЛЕВИЦА ИГРА КУРВИНСКИ, ТОА СЕ ЕДНИ НЕЗРЕЛИ ПЛАЧИПИЧКИ ПЕРФИДНИ, ПО СТОТИ ПАТ МУ ЗАРИЈА НОЖ ВО ГРБ НА СДСМ А СЕ ВОЗАТ НА НЕГОВАТА ПРИКОЛИЦА!!!]

 

Ова писание во ниту еден случај и по ниту еден критериум не може да се вброи во новинарско дело. Примитивен, навредлив, непрофесионален текст, полн со говор на омраза.

Мактел савескиЛинк до оригиналниот напис: ЛЕВИЦА ИГРА КУРВИНСКИ, ТОА СЕ ЕДНИ НЕЗРЕЛИ ПЛАЧИПИЧКИ ПЕРФИДНИ, ПО СТОТИ ПАТ МУ ЗАРИЈА НОЖ ВО ГРБ НА СДСМ А СЕ ВОЗАТ НА НЕГОВАТА ПРИКОЛИЦА!!!

Датум и време на објавување: 23.07.2016, 19:45

Датум на рецензирање: 31.07.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

НАВРЕДИ, ПРИМИТИВИЗАМ, ГОВОР НА ОМРАЗА

До кога поинаквото мислење ќе се смета за грев? Во едно демократско општество, секој има право на свое мислење и тоа може да го искаже јавно, без никој што мисли поинаку да го осудува и да го навредува, а тоа е загарантирано и со Уставот на Република Македонија.

Дел од тие што велат дека власта владее авторитативно и го задушува слободното говорење, сега се најгласни противници и ги осудуваат тие што не мислат исто како опозицијата.

Но, едно е да мислиш поинаку, друго е да критикуваш, а сосема трето е да навредуваш некого на најниско можно ниво затоа што има поинаков став.

Текстот е  полн со навреди и со коментири за членот на Левица, Здравко Савески, затоа што на „Фејсбук“ искажал свој личен став во однос на договорот постигнат помеѓу претставниците на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино.

Според напишаното во текстот кој е предмет на оваа рецензија, Савески не смее да има поинакво мислење од тоа на опозицискиот СДСМ.

И само затоа што Савевски е против власта, според овој  напис, тој мора да мисли исто како лидерот на СДСМ, а доколку не мисли така, тогаш е предавник кој зарива нож в грб!

Со ова дикриминирачко четиво на најгруб начин се прекршуваат членовите 10, 15 и 16 од Новинарскиот кодекс.

Новинарот нема свесно да создава ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…). (член 10)

 

Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката.
Неспојлива со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста. (член 15)

 

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги. (член 16)


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести