verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарот треба да се дистанцира од навредливиот говор

on 1 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Nuredini

Напис: Азби Нуредини: Проклета да си ти криминална судијко Ѓулсиме Шабани

На годишнината на убиството на командант Шќипоња, судијката Ѓулсиме Шабани го потпишала ослободувањето од затвор на неговиот убиец!

Шќипоња се бореше токму против ваквите неправди што им ги подготвуваше на Aлбанците системот на оваа валкана држава, но од каде да знае командантот дека токму самиот ќе падне жртва на предавствата на албанофоните предавници од родот на свињите!

Ѓулсиме Шабани, бидејќи за пари и кариера прифаќаш да ослободиш убијци, да даде господ тебе детето да ти го убие некој во раце и потоа судот да го ослободи за да разбереш што е болка!

Ти не си судијка, туку еден касап што без трошка страв од Господ провоцираш болка на двојното убиство кај семејството и блиските на командантот што ја жртвуваше младоста за свињи како тебе да имаат слобода!

Мори проклетничке на човештвото, затоа што ти сè можеш да бидеш само не Aлбанка, ти не можеш да бидеш човек и свињите ќе кренеа тревога доколку знаеја дека си од нивниот вид!

Каков лош сој имало меѓу нас!? Ни го скршивте од нашите глави успехот од војната на 2001 година и не ви е доволно, па барате и наше истребување!

Каде се политичките партии и граѓанските здруженија – сега секој треба да стане и сите право во дворот на куќата на овој касап Ѓулсиме Шабани, бидејќи оваа денес го ослободи убиецот на Шќипоња, а утре може и нашиот убиец.

[Рецензија: Азби Нуредини: Проклета да си ти криминална судијко Ѓулсиме Шабани]

Честопати, за важни предмети што имаат врска со општиот интерес, медиумите избрзано се обидуваат да создаваат вести од разните индивидуални ставови изразени на социјалната мрежа „Фејсбук“. Меѓутоа, став изразен на „Фејсбук“ не може да состави во целост една вест, уште помалку кога во таа објава е изразена клетва, деградација и зборови на кои не им е место во еден професионален новинарски текст.

downloadЛинк до оригиналниот напис: Азби Нуредини: Проклета да си ти криминална судијко Ѓулсиме Шабани

Датум и време на објавување: 24.07.2016

Датум на рецензирање: 27.07.2016

Рецензент: Џенис Сулимани

Текстот што го рецензираме е надвор од секој новинарски стандард. Без структура. Содржи тешки обвиненија и понижувања кон една судијка. Според начинот како е напишан коментарот, објавата не би можела да влезе ни во рубриката за мислења. Затоа, не можеме да кажеме дека истиот текст би бил во ред ни доколку го преместиме од рубриката „Вести“. Јасно и гласно, текстот не ги исполнува елементарните критериуми за информативен новинарски производ.

„Ѓулсиме Шабани, бидејќи за пари и за кариера прифаќаш да ослободиш убијци, да даде господ тебе детето да ти го убие некој во раце и потоа судот да го ослободи за да разбереш што е болка! Ти не си судијка, туку еден касап што без трошка страв од Господ провоцираш болка на двојното убиство кај семејството и блиските на командантот што ја жртвуваше младоста за свињи како тебе да имаат слобода! Мори проклетничке на човештвото, затоа што ти сè можеш да бидеш само не Албанка, ти не можеш да бидеш човек и свињите ќе кренеа тревога доколку знаеја дека си од нивниот вид!“.

Цитираниот исказ можеби и може да се смета за нешто што би го поттикнало новинарот да истражува повеќе во врска со улогата на судијката во конкретниот случај, барајќи нејзин став, став од експерти, од други инволвирани страни во овој случај, но никако не може да се пренесе во формата во која што е пренесен. Според Етичкиот кодекс на новинарите, новинарот не смее да навредува и да исмејува. Тој треба да биде свесен за последиците и за ефектот од неговите зборови. Меѓутоа, не треба ни да земе ставови од некој друг за да навреди трета личност.

Новинарот е одговорен и за зборовите на соговорниците, бидејќи преку него тие ставови излегуваат во јавноста, затоа е обврзан да ги парафразира или да се огради од навредливиот речник, промовирањето стереотипи или дискриминацијата.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

е лично мислење

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

е лично мислење

е лично мислење

е лично мислење

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести